Девојки при пријавувањето на електронската пријава да ми објасните нешто. Јас пример да сакам да се запишам смер на фармацевстки факултет Лабораториски биоинжинер. Кога кликнам таму избери факултет има само фармацевстки факултет а смерот не. Треба да обележам само фармацевстки факултет??? Или како .. де да ми објасни некој.
Ќе правите копија кај нотар од свидителствата за да си ги имате за себе? Колку е копија одприлика кај нотар заверена?
Јас само ке си ја заверам дипломата од средно а свидетелствата не Инаку едно свидетелство да завереш ти изнесува 150 ден
А дипломата колку изнесува да ја завериш? Јас уште ништо немам заверено, но планирав и дипломата и свидетелствата.
Тоа доколку ти сакаш, можеш да си ги завериш. Заради што ете може да ти притребаат откако ќе ги дадеш на факултет. Инаку не е морално.
Јас би ти рекла да си ја завериш. Јас 100 пати до сега се покајав што не го сторив тоа. Сега летото ми беше потребна дипломата, а никако не можев да ја земам бидејќи ми е на факултет, а тие на одмор и 300 проблеми ми излегоа. Подобро е кога таквите документи си ги имаш дома...
А дали на тие што сте постари ви притребале сведителствата, при конкурирање за стипендии? И дали има некои стипендии за прва година?
Може да се случи дипломата да ти биде потребна, а поради х причини да не можеш да ја земеш. Исто, се случува и да ја изгубат таму низ студентските служби - не знам како и дали е можно, но моја другарка имаше таков проблем со изгубени документи и уплатници. Затоа, пожелно е да си направите копија заверена кај нотар и сите уплатници од разноразните понатамошни факултетски уплаќања фотокопирајте си ги.
од колку до колку часот се уписите на факултет? И до кога треба електронско пријавување да направиме?!
На Универзитетот Кирил и Методиј уписите се на 15 и 16 Август, од 8 до 4 часот попладне. А електронското пријавување можеш да го извршиш до денот на уписите, односно се додека не ги дадеш документите.
мене ме интересира за дополнителните документи кои можеме да ги приложиме. планирам да се запишувам на правен-политички студии и знам дека прв семестар имам англиски јазик па ме интересира дали би имал удел во бодирањето фактот дека имам положено FCE(сертификат по англиски) и дали ако го приложам може да го заверам кај нотар за да не ризикувам да ми го изгуби оригиналот. и уште една работа татко ми е починат а мајка ми зема инвалидска пензија треба ли да земам од социјалното некој документи или не. затоа што на ова електронското пријавување стои деца без родители под тоа се подразбира без ниту еден родител или грешам... и под три ...татко ми во 2001 беше на терен ќе ми послужи ли нешто уверението дека бил државен бранител или не.
^Eye мислам дека овде никој неможе со сигурност да ти каже. Најубаво мој совет е деновиве да си отидеш на факултет и да си прашаш се што те интересира на студентски прашања. Јас денеска бев за една работа и да ти кажам нема живо пиле, така што нема ни луѓе, ни гужва и раат ќе можеш да си направиш ок муабет со одговорните и СЕ ќе ти објаснат.
За првото болдирано Сертификатот нема да има удел во бодирањето. Ги признаваат само оценките од средно и од екстерното тестирање. За второто болдирано Под деца без родители се подразбираат деца без двајца родители. За третото болдирано Уверението нема да ти послужи. Можеш да се извлечеш само доколку татко ти е еден од загинатите бранители од војната во 2001 година. Во тој случај, ќе студираш без плаќање на партиципација.
Чекај не сфаќам, татко ти почина како бранител или од други причини? Ако загинал како бранител или бил воен инвалид сигурно не плаќаш партиципација. Инаку деца без родители се деца без двајца родители. Познавање на странски јазик може да ти послужи ако евентуално се запишуваш на последипломски или на докторски студии. За додипломските се рачуна само успех од средно и матура (и приемен во случаи каде што го има.)
Девојки може ли да испратиш и втора пријава бидејќи јас се предомислив и сега не можам да го сменам факултетот во пријавата? :/