Кој код треба да го запишеме кога се пријавуваме електронски? тоа ли каде што пишува Број на пријава: пример. 12812 ?? јас друг код не видов.. ве молам да каже некој кој знае.
Повторно ја сменија формулата за поените од државната матура или .. ? Мене ми излегуваат значаен број помалку поени од оние кои ми излегоа според калкулаторот на финки
девојки документите што ни се на крајот на пријавата (универзитетски листови итн итн ) треба да ги носиме со останатата документација на денот на уписи? и дали потврдата дека имаме уплатено треба да ја носиме уплатницата или што ? ај хелп
Девојки што мислите, дали може по вторпат електронски да се пријавам? Се пријавив на еден факултет па сега некако се премислувам, мислите дека со друга адреса не би имало проблем?
Вака, сакам да се запишам електронски и барам под Универзитет “Св. Климент Охридски”- Битола ама технолошко-технички факултет Велес го нема напишано во тоа каде што пишува изберете факултет Сега како да се пријавам? Ако знае некоја нека ми каже кај да го најдам за да се пријавам електронски на тој факултет со дисперзирани студии на нутриционизам. :geek:
Јас колку што сум упатена со останатите документи треба да се понесе потврдата дека имаш уплатено, интерниот лист и изјавата дека нема да си ги бараш свидетелствата во рок од 3 месеци а универзитетскиот лист го купуваш од книжара заедно со пријавата и таму го потполнуваш
^Да. Подобро за тебе, оти ако немаш, на денот ќе те сместат таму во некоја просторија да си направиш. Универзитетскиот лист што се купува од книжара нели е истиот тој што го дава да се испечати на крај од електронската пријава?! А ова крајниот лист со прегледот на ел. пријава треба и тој да се печати за поднесување на денот на конкурирањето?!
Да, мораш да имаш електронска пријава. Демек правилото е дека ако немаш дека таму во студентски прашања се должни да ти пополнат што нема благе везе. Минатата година дечко ми кога се запишуваше на факултет еден дечко пред него немаше електронска пријава и го вратија. Му рекоа друг ден да си дојде. Значи не се ни замараат они во таа гужва таму. Така што не си играјте пополнете си, и онака не е ништо страшно тоа. Spoiler www.upisi.ukim.mk/Account/Login.aspx?ReturnUrl=/ ако си на "Кирил и Методиј" ова е пријавата. http://www.youtube.com/watch?v=aDUTITG391U#at=24 Ако добро сум те сфатила. На пријавниот лист што го купуваш од книжарата на факултет треба само да го напишеш бројот од електронската пријава. И толку. Значи не ти треба ништо друго да печатиш.
Да прашам овде кај што е за приватна квота ако отштиклирам дали директно ќе ме префрли во државна квота на вториот по важност смер или ако има место и таму? И дали за прв интерен предмет да одберам странски јазик или во -Друго- да пишам Англиски јазик?
Странски јазик. И нормално дека доколку има место таму, не можеш на некој со повеќе бодови да му го земеш местото.
дали е вистина дека до 10ти електронски требало да се пријавиш? или до 14ти вечерта може? не знам што паничат сите....требало до 10ти, требало вака така....... ако знае некоја точно нека каже
Јас колку што сум упатена со останатите документи треба да се понесе потврдата дека имаш уплатено, интерниот лист и изјавата дека нема да си ги бараш свидетелствата во рок од 3 месеци а универзитетскиот лист го купуваш од книжара заедно со пријавата и таму го потполнуваш [/quote] а таа потврда се зема кога ќе ги уплатам парите или ?[/quote] Земи си ја само уплатницата со тебе и не се мачи повеќе [/quote] тенк јуу
Во електронската пријава каде што е избери факултет се наведени : Висока медицинска школа - Битола, Правен факултет - Кичево, Технички факултет - Битола, Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи, Факултет за безбедност - Скопје, Факултет за биотехнички науки - Битола. Кое од овие да го одберам а сакам да се запишам на економскиот во Прилеп ? Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи? Не ми е јасно... :/