^Да, и изгледа мојот клас ке го пропуштиме првиот уписен рок заради дотичната наша класна која била на одмор
Ни јас сеуште немам земено диплома. Се надевам дека во понеделник или вторник ќе ни ги дадат. Нема никакви информации.
^ исто е и кај нас... Чекаме да видиме дали ќе испуштиме уписен рок ради класната или сепак ќе успееме да се запишеме
Ме утешивте луѓе. И ние изгледа ќе пропуштиме прв уписен. Имам информација дека уписните рокови ќе биле преместени за покасно се за тоа што ќе ги чекале тие што паднале на матура повторно да полагаат сега на 15ти .. Ништо незнам.
Незнам ништо ви кажав само таква информација слушнав, дека ќе се чекале тие што паднале за да не испуштат рок. Стварно незнам може се шпекулации, на страниве на факултетиве нема ништо. Јас мислев дека само во мојот град е вака ама сега гледам секаде е што значи има нешто вистина... Штом дознаам нешто ќе известам.
Сите професори се на одмор од понеделник почнуваат. Незнам дали тоа годинава уписите се многу рано или што е работава. Како и да е ќе дознаеме наскоро.
Абе не ми е логично тоа, без разлика што се на одмор, дипломите мора пред уписи да ги дадат макар и ден пред нив. Сега некој да сака да се запише некаде и ако го пропушти прв рок, ќе се пополни квотата и ќе треба да се запише во приватна или на друго место... не е фер.
Абе луѓе, бунете се, преземете нешто, не оставајте вака. Требало до сега да се пожалите. И не верувам да ви го поместат првиот уписен рок заради оние кои паднале на матура - секоја година имало такви кои не положиле еден, па и двата екстерни предмети, па никогаш првиот уписен не бил поместуван. За тие си постои можност повторно да полагаат во август и да се запишат на факултет во втор и трет уписен рок. Никогаш немало вакво нешто и не верувам да има, а ако се поместуваат датумите ете можеби би било заради несериозноста на некои професори.
Јас вчера си го зедов дипломчето и свидетелството од четврта год. Море луѓе јавувајте се кај директорот како можи така кога нејзе ке и текни да ви ги дава свидетелствата,се работи за вашата иднина.
Распрашајте се со време, зашто кај нас класните не ги даваа, туку си имаше организирано други беа. Два дена беа доделувањата, кој не успеал на првиот датум, одеше на вториот. Spoiler (Да прашам, вие што имате земено, плативте нешто кога ги земавте или не? ) Бунете се, не мора класните да ви ги даваат. Нека ангажира некој друг професор да ви ги даде, како тоа да испуштите прв уписен.
Нема шанси да се поместат роковите поради оние кои не положиле матура, затоа постои и втор и трет уписен рок. И минатата и предминатата година имало луѓе кои паднале, но сепак роковите не се изместиле, си останале исти, сигурно годинава нема да биде исклучок. Инаку, јас имам едно прашање. На пример ја пополнам сега електронскава пријава за еден факултет и на крај се предомислам, што ќе биде? Сакам да аплицирам за факс на кој годинава примаат само 30 редовни студенти и сигурно ќе биде мнооогу тешко да влезам, татко ми не е на функција, ако ме разбирате И, ако ја пополнам пријавата за тој факултет и потоа се предомислам што ќе се случи?
Не мора секогаш татко ви да е на функција или вујко ви да е владика за да влезете во државна квота на факултетите со мал број на места, посебно не ако си имате доволно поени кои патем, никој не може да ви ги скрати. Оние со врски кои се примени и покрај малиот број поени сигурно нема да ги има на списокот за да не се наруши угледот на Катедрата, па затоа најчесто се додаваат отпосле, откако ќе излезе конечниот список. Не го негирајте ова, сведок сум за бројни случаи на мојот факултет каде квотата комплет беше 120, а на крај дупло излеговме. Коинциденција? Хм. А малверзации со поени и не знам колку има, зашто и да се грешка ставени поените на ранг-листата, си има документација која ќе го потврди или негира истово. Не те разбирам баш, но мислам дека сепак ти ја сфатив поентата и би ти предложила да конкурираш на тој факултет само доколку си навистина сигурна дека имаш високи поени, но ако не се лажам имаше опција и да рангираш неколку факултети, во случај ако не те примат на првиот, да одиш директно на вториот рангиран итн. Ако сепак сакаш да си ја пробаш среќата, направи така и што биде нека биде. Размислете убаво пред да ја финиширате пријавата, а навистина не ве разбирам со тоа „ако се премислам“ Зошто би се премислила ти? Ако навистина имаш желба да го учиш тоа, не гледам нешто кое би те предомислило, не дозволувај да си ја полниш главата со такви мисли. А ако не се пронаоѓаш во тоа кое си го одбрала ... тоа е веќе друга прича.
50ден. за дипломата само,и 200ден.за оштета ама тие 200ден.сме ги платиле во цената за матурската вечер(наеднаш тогаш).
Е кога се десило јас да ја отворам темава а крвта да не ми зоврие? КАКО БЕ на одмор биле и ќе испуштаме уписни рокови? Особено Свит Ејнџл сега кога ја прочитав се замрзнав. Какви се овие глупости сега??
Значи одете во понеделник во школо и прашајте си кога ќе ги земете дипломите, зошто на некои професори (класни раководители) не им е гајле за вас си уживаат негде и им е гајле за учениците кои се во паника поради уписите (добро некои се, не сите). Ако некој ви каже дека нема да ги добиете пред 15 бунете се, имате право! Мојата класна ни најави на цел клас дека во понеделник ќе ги дава, прашајте ја вашата долколку имате нејзин број или можеби фејсбук.
Јас само прашувам, никој не кажува ништо. Свит Ејнџл знае каков е нашиот класен, него не можеш да го прашаш ништо а сериозно да ти одговори. Од класов никој не знае, и си чекаме..
Да си прашам јас. Едно девојче ми рече дека требало електронската пријава да ја испринтаме и да ја носиме на денот на уписите ??? Вака ли е ова....или не е Иначе, не било само кај мене нервози. И нашите свидетелства кај 15-16 ќе биле готови
^ Јас колку што сум запознаена од тоа што читкав, и од претходно искуство, електронската пријава не треба да се принта. Само на пријавата која што ја купуваме од книжарата на факултет треба да се запише бројчето од електронската пријава (нели секој кој електронски се пријавил е под одреден единствен број). Ако некој друг има друга сигурна информација нека пише, зашто да не се случи да направиме сите иста грешка.