а зошто во документите за упис само уплатницата за надомест е не пишува ништо друго , јас прв пат слушам за оваа наместо таксена марка што е? ај некој што знае нека објасни
Ај и ова да прашам. Скоро за сите смерови на УКИМ пишува дека бараат странски јазик и математика од екстерното полагање, македонски кај е ?
Дали треба да ја имаме испринтано електронската пријава? Некој што сигурно знае, бил до факултет и прашал ?
Луѓе а неможе ли таму на факултетот со картичка да се плати, зборам за оние 300 денари и 50? Пошто некна кога вадев државјанство исто требаше да се уплати у пошта ама завршив работа со картичка директно кај нив.
Ајде покрај сите фрки околу уписиве,јас да ви пратам позитивна енергија и оптимизам,и желби за среќни уписи. Да ве примат таму каде што сакате и сите во државна квота да влезете.
Се нервирам. Зошто сите што ќе одат на економски трчат да вадат ново државјанство и нов извод?? А на страната пишува дека треба да се оригинал и во заграда (независно колку се стари)?? Јас ајде извод извадив дека ми го нема...ама утре пак ли да се малтертирам и да вадам државјанство.
^ И јас имам извод и сеа ме тераат од дома да вадам нов да не не ми го примиле овој, незнам што да правам. Оригинал ми е, и фркава било што немал некој си печат од позади.. Ај поискусните што се запишувале лани нека кажат
Мене ми иде да се јавам во факултетот и да прашам. Јас другарка ми ја разбрав 800 МКД. Некој што вадел?
Па не знам, сигурно немам чуено како што треба. Електронска пријава испечатена ТРЕБА! Пишува на конкурсот, отворете.
леле и јас ќе се пишам на економски,иам извод али е постар од 6 месеци..па пишува таму независно колку е стар...сеа ?
Само делот што е принтај универзитетска пријава, само тоа ќе го принтате? Другите документи рачно треба да се пополнети а и можат да се земат од факултетот, нели?
Има ли некој брзо да ми одговори и точно? ДАЛИ ТИЕ 300 ДЕНАРИ МОЖЕ ДА СЕ УПЛАТАТ УШТЕ СЕГА ИЛИ МОРА КОГА С ЕЗАПИШУВАШ ТОЈ ДЕН?? И САМО ТИЕ ЛИ 300 ? ПРОЧИТАВ НЕГДЕ НЕКАКВИ 50 ДЕНАРИ ШТО Е ТОА? ЗБУНЕТА СУМ...ВЕ МОЛАМ ДА КАЖЕ НЕКОЈА.
можеш да ги уплатиш кога сакаш..дали сега или денот на запишување не е важно...а тие 50 ден ти се за административна такса...порано се купуваше таксена марка и се лепеше на пријавата меѓутоа таа повеќе не постои и затоа се уплаќаат тие 50 ден
СЕ ПРИНТААТ СИТЕ НАВЕДЕНИ ДЕЛОВИ ОСВЕН ПОСЛЕДНОТО И КОГА КЕ ГИ ИСПРИНТАТЕ ИМАТЕ ДА ПОПОЛНИТЕ ДАТА И ПОТПИС СЕ ПОПОЛНУВА МИСЛАМ ДЕКА ДАТАТА НА ПРИЈАВУВАЊЕТО А УПЛАТУВАЊЕ НА ЖИРО СМЕТКА МОЖЕ ДА СЕ ИЗВРШИ И НА ДЕН НА ПРИЈАВУВАЊЕТО..