Полагање матура и уписи за на факултет

Дискусија во 'Образование' започната од anastasija19, 20 јануари 2010.

  1. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    Немате потреба да ваѓате нови изводи, државјанства, ич не му ја мислете за тоа.

    Целта на дознака нема врска како ти е напишана, важно е да се однесува на тоа што уплаќаш :)


    А за тоа со универзитетскиот лист не се сеќавам како беше, ама ни даваа таму исто да пополниме унив. лист, ист како што го пополнувавме на iknow..
     
  2. problems94

    problems94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    15
    Сликички треба да однесеме на денот кога се запишуваме или после тоа кога тргнеме на факс од кога не примат??? ве молам да ми каже некој , пошто моите не се готови.. :?:
     
  3. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    5.228
    Пол:
    Женски
    сликите не се за сега..тие се откако ќе ве примат кога ќе има запишување..ова сега е само пријавување на кандидати
     
  4. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Да не знае некој кога ќе бидат резултатите од поправната матура...
     
  5. sie

    sie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    5
    Ве молам за ваше мислење дојде денот за упис а јас уште се двоумам дали економски прилеп или администрација битола helppp :/
     
  6. blue.eyed

    blue.eyed Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    3
    При пријавувањето за запишување на Економски факултет – Скопје, УКИМ, кандидатите ги доставуваат следните документи:

    Пријава за запишување со уплатa од 50,00 денари административна такса (во книжарницата на факултетот)
    Печатен интерен лист од iKnow системот
    Оригинални свидетелства од сите класови/години
    Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
    Извод од матична книга на родените (оригинал – независно колку е стар)
    Доказ за државјанство на РМ (Уверение или решение оригинал независно колку е старо)
    Потврда за уплата на 300 денари на жиро сметката на факултетот
    (за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата)
    Назив на примачот: Буџет на РМ – Економски факултет-Скопје
    Банка на примачот: НБРМ
    Сметка: 100000000063095
    Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10
    Приходна шифра: 723013
    Програма: 41


    дали освен тие,треба да се достават и изјавата за неподигање на документи,и изјавата за согласност за користење на л.податоци шо се појавуваат за печатење после поплнување на електронската пријава.пошо ова горе е на стр на економски истакнато а овие документи не се наведени ?
     
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Сликички дури кога ќе те примат. Сега не ти треба тоа. :)
     
  8. Serpentina

    Serpentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    137
    ЛЕЛЕЕ СЛИКИ НЕ ТРЕБА !!!!!
    ЈАСНО ВИ НАВЕДЕ blue eyed ШТО ТРЕБА ПОГОРЕ
    само не знам за жиро сметката , од кај да знам која е на мојот факултет :)
     
  9. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    18.275
    ^ На крајот на пријавата, мислам другарка ми ми рече дека излегувало.
     
  10. LexyCw

    LexyCw Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    7
    Кога ќе ја пополните електронската пријава има генерирај уплатница, потоа ти се даунлоадира како треба да биде пополнета уплатница за факултетот што си го одбрала.
     
  11. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    Едно прашање...на универзитетскиот лист на втората страница пишува резултати од проверка на знаењата и умеењата, а мојов тип на студии не е таков..Дали и кај вас е таков за тие што се без проврка?! Малку ме зачуди :geek:
     
  12. LexyCw

    LexyCw Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    7
    Така е кај сите. Најверојатно тој лист ќе го пополнува комисијата која ги разгледува твоите документи.
     
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Тropical вториот лист е за комисијата од факултетот. :) Го пишува тоа најгоре во загради со мали букви. :)
     
  14. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Нека каже некој од лани што се запишуваа : Ви направија проблем за нов извод и ново државјанство ? Па пишува без разлика колку се стари ... Не би требало да бараат нови по правило.
     
  15. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    ^
    Денес нас не ни бараа. Една моја сокласничка достави дури извод од 1994 :) .
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    236
    Си купив пријавен лист. Веројатно е тој што треба да го поднесеме на денот на уписот.
    Мене на крајот на електронската пријава не ми излегува документ универзитетски пријавен лист. Не знам што не е во ред. А, треба да го испринтам и да го пополнам. На крајот ми пишуваше вашата ел. пријава е успешно испратена. Не знам зошто го нема.
    Јас барав универзитетски пријавен лист ама ми дадоа еден друг документ, а вие сте напишале овде дека е ист како електронската пријава само треба да се пополни рачно. Што значи овој пријавен лист е нешто друго.
    Некој ако може нека ми го прати како документ тој универзитетски пријавен лист за да го испринтам.

    Еве го пријавниот лист што ми го дадоа. Другите страни му се празни.
     

    Прикачени фајлови:

  17. Brsak

    Brsak Активен член

    Се зачлени на:
    10 август 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Погрешни се и кај некој друг поените од успех + матура од испринтаниов пријавен лист?
     
  18. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Да!
    На пријавата од Универзитетот Климент Охридски ти се случи ова, така?
     
  19. Brsak

    Brsak Активен член

    Се зачлени на:
    10 август 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Да, комплетно се измешани. Наместо 36 поени од матура, имам 2.
     
  20. thecountess

    thecountess Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    2
    Да, ја го испечатив прееска, со таа разлика што е пополнет со информациите што се внесени во електронската пријава, а и да, има повеќе потточки.. 13 се... Нешто ќе треба да допишам со пенкало ама се ваљда нема да има потреба да купувам чим е истиов.