Полагање матура и уписи за на факултет

Дискусија во 'Образование' започната од anastasija19, 20 јануари 2010.

  1. Hottie

    Hottie Активен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    18
    А ова најдоле што пишува прилози - свидетелство број__, извод од матична книга број___ дрзавјанство .. ние ли треба да ги пополниме и кои броеви точно треба да се напишат ?
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  2. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Исто и јас добив доста помалку поени од колку што реално имам, веројатно имаат некоја грешка во формулата. Им испратив порака (која подолу ја поставив во спојлер) на факултетот на кој планирам да се запишам, пред прилично долго време, но за жал не добив никаков одговор.
    Сакав и да им се јавам, но брат ми веќе ми ја испрати пријавата и баталив.
    Инаку исто и опцијата за во случај да не те примат на одбраниот, избор на втора опција не му функционира, иако не му дадов голема важност на тоа.
    Дефинитивно сајтот не му е во ред.
    Ама сеуште не ми е јасно зошто јас сеуште не добив никаков одговор на пораката.
    Здраво.
    Имам едно прашање во врска со пресметувањето на поените на електронската пријава, односно сакав да прашам дали има промена оваа година во формулата за пресметување на поените од државната матура, или евентуално грешка во формулата на сајтот за електронско пријавување на УКЛО, бидејќи на пријавата добив видно помалку поени, особено од положената државна матура, во споредба поените добиени при сметањето со калкулаторите на ФИНКИ, сајтот fakulteti.mk и моите рачни пресметки според формулите
    -за екстерните предмети: Оценката од екстерниот предмет + (перцентилен ранг од прв предмет/100 * 5)
    -за интерните предмет: Оценката од интерниот предмет * 1,6
    -за проектната задача: Оценката од проектна задача * 0,8.
    И доколку се работи за грешка во формулата, дали би настанала промена во поените откако ќе ги предадеме документите во факултетот.
    Ве молам за што е можно побрз одговор.
    Поздрав,
    ХХХХ
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.313
    Допаѓања:
    81.892
    Пол:
    Женски
    Не прават проблем, само е битно документите да ви бидат оригинали, а не копии заверени кај нотар.
    Јас носев извод од 1993, а колку што се сеќавам, не правеа проблем ниту во Скопје, ниту во Штип. :)
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Девојки денес се запишав и ме има во преелиминарните резултати.Под 20сум што значи преголеми се шансите за да ме примат!
    Мој совет,не паничете,смирено.
    ЗА УПЛАКАЊЕ!
    На една уплатница треба 300ден.на друга 50ден.
    ШТО ТРЕБА ДА СЕ ВНЕСИ НА УПЛАТНИЦАТА?
    Во пошта пишува,има истакнато пример од уплатница и на факултетот има ист таков пример од уплатница!
    Ке ви дадат еден лист за штиклирање што факс.сакате.Треба со броеви да пишете 1,2,3.Односно на пр.сакам да студирам медицина општа-таму пишувам бр.1.Доколку не ме примат на тој факс.кој факс.сакам да студирам под бр.2.Таму пазете,пошто денес во Ректорат горе се качував од страв дека сум згрешила..
    Документи си има по конкурсите
    Денес јас приложив(и останатите)-Извод,државјанство,свидетелства од сите 4 год. дипломата и двете уплатници(на едно уплатено 300ден. на друго 50ден.)

    Ви посакувам среќа! :)
     
    На Izaabella и danniela5 им се допаѓа ова.
  5. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    236
    Прашав многу луѓе што ќе се запишуваат на економски и кај нив го нема тоа универзитетски пријавен лист. Изгледа за џабе кренав паника. До факултетот е веројатно. :?: :?:
     
  6. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    универзитетски пријавен лист e ваљда пријавата што ја купуваш од факс. Иначе што друго би било? xD
     
  7. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    236
    Јас побарав во книжара универзитетски пријавен лист и ми го дадоа ова. Тоа е веројатно. :?:
     

    Прикачени фајлови:

    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Испринтај си ги и тие и стави си ги во папка. Што те кошта плус три листа да испринташ. Не за џабе ги ставиле таму, сигурно требаат за нешто. Ако не за четврток, тогаш сигурно ќе требаат за од кога ќе дознаеш дали си примена.

    Јас си испринтав се, ставив во папка. Подобро да ги имам отколку да се растрчувам ако требаат. :D
     
  9. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Да, да. Тој е :)
     
    На Angelceto му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LexyCw

    LexyCw Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    7
    А да не универзитетски пријавен лист и пријава што се купува од книжара се различни нешта?
     
  11. blue.eyed

    blue.eyed Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    3
    всушност ,таму на денот на уписите се земаат изјави за пополнување.е тоа се тие шо ние веќе ги имаме испринтано.така да ни останува само да ги предадеме документите,имаме се комплет. :)
     
  12. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Подобро самa да ги испринташ отколку да се изначекаш за да ги земеш од таму :D Иначе од колку саат почнува да не знаеш? :)
     
  13. RainDrop

    RainDrop Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    20
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Точно е LexyCw, РАЗЛИЧНИ СЕ. Убаво си сфатила.

    Луѓе незнам колку пати да ви напишам, копирам, препратам...

    http://www.ukim.edu.mk/ Еве на почетната страница на УКИМ пишува сопштение, значи одма на почетната, прочитајте УБАВО и ќе сфатите дека се различни.

    На деновите на уписите, потребно е да ги доставите, до студентската служба на факултетот, потребните документи специфицирани во Конкурсот заедно со „Универзитетскиот пријавен лист“, кој ќе можете да го испечатите при комплетно завршување на електронската пријава на iKnow-системот. Овој пријавен лист се разликува од универзитетската пријава за запишување - „Пријавен лист“, која исто така сте обврзани да ја доставите при запишувањето, а која претставува печатен образец и се набавува во скриптарниците лоцирани на повеќе факултети на УКИМ и во други книжарници во градот.
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Не, само за една година. Само не беа лани 240 стипендии, помалку ми се чини беа.
     
  16. RainDrop

    RainDrop Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    20
    10 беа сигурно, првите 10 на секој факултет
     
  17. top-of-the-world

    top-of-the-world Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    9
    Што треба да се печати сега? Изјавата за малцинство не треба. Другите сите?
     
  18. Minion.M

    Minion.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    61
    Девојки се изгубив сеа малку..
    Тие што ќе се запишуваат на филозофски само интерен пријавен лист ќе носите или и тие дополнителни пријави што ги купиле некои феминки од книжара?!?!?

    ПОМОШ!!
     
  19. Stella.21

    Stella.21 Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    2
    Јас навистина се извинувам што прашањево не ми е за оваа тема но сепак сега е една од по актуелните теми на форумов поврзнана за образование ии се надевам ќе ми помогнете.. Оваа недела полагам математика на економски факултет и ми треба помош за 2 дефиници кои што неможам да ги најдам : 1.Функција на добивка и 2.Еластичност на понудата. Доколку некој знае ве молам нека ги напише, Ви благодарм однапред :*
     
  20. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    1.361
    http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82_(%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0)

    ај види тука,можеби ќе успееш според напишаното да напишеш дефиниција.Детално е објаснето ;)