Daydream ти благодарам и знам дека се трудиш да ни објасниш за овие пријавиве, ама не е можно кај 15 души на крајот на електронската пријава да го нема Универзитетскиот пријавен лист. Да го немаше само кај мене ќе си мислев дека е грешка, ама така е кај сите што ќе се запишуваат на економски. Тие можеби се два различни листови, ама може не треба универзитетски пријавен лист за овој факултет. Не знам веќе што да правам и што да мислам. Имам сега едно прашање. Кај испринтанаа изјава за кофинансирање кај датум и учебна година е 2012/2013 што значи за лани. Да го шкртнам тоа со пенкало и да го сменам или? Само таа изјава кај мене има застарен датум.
Луѓе значи за економски стои 1.Пријава за запишување со уплатa од 50,00 денари административна такса (во книжарницата на факултетот) 2.Печатен интерен лист од iKnow системот 3.Оригинални свидетелства од сите класови/години 4.Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование) 5.Извод од матична книга на родените (оригинал – независно колку е стар) 6.Доказ за државјанство на РМ (Уверение или решение оригинал независно колку е старо) 7.Потврда за уплата на 300 денари на жиро сметката на факултетот (за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата) И аманте веќе не ја тупете, те универзитетска пријава те интерна пријава од Iknow. И да, на никој на крајот од пријавата (за економски) го нема универзитетскиот пријавен лист бидејќи еве горе ви стои што се треба.
итно ми е Направив грешка при запишување на интерен предмет матура притиснав испрати кога приметив дека е згрепено поправив и пак стиснав испрати. дали може така или треба од ново да се регистрирам со друг е маил?
АКо знае некој да ми каже со сигурност дали ова е тој документ што е за студентски за жирантите што се носи? Го свалив од нет, го испечатив но незнам дали е тој. Ако е тој тој документ, дали тие треба да го пополнат, и да однесат да им се удри печат на работа или дали може едниот пензионер да биде?? Ве молам за одг..
RainDrop мислам дека ќе ти се важи втората пријава, таа каде си напишала правилно. Проблемс тој е документот за жирантите, и јас го испечатив денес. Знам дека жирантите треба да се потпишаат и едниот може да биде пензионер, се става печат од пензиски фонд.
Фала ти. А јас го испечатив и пријавниот лист. Дали би можела тој да го искористам или мора друг да купам? И исто така ако знаеш да ми кажеш од пријавниот лист на потточка 10. Точен назив на завршената школа , што треба да напишам? Дали името на училиштето ,па од каков вид е па кое подрачје? Пример: Името на училиштето, гимназиско образование од природно математичко подрачје. ?
Еве ги сите конкурси за упис за студиската 2013/2014. http://www.fakulteti.mk/upisi/2013-2014/konkursi.aspx Конкретно за Климент Охридски http://www.uklo.edu.mk/files/attachment ... 132014.pdf
А дечки гледам на УГД има резултати, за Кирил и Методиј како ќе е , јас имам прочитано дека на 21 ќе има резултати од успех во средно, а дури на 26-ти конечни?
Имаш право тогаш е. Нека не ве мрзи да го отворите конкурсот и да видите што и како, не е за џабе тоа поставено... Утре академски граѓани сакате да станете.
Ајде добро, сфатив како оди работата за пријавување, ама јас имам еден поголем проблем, како и обично во се' останато . Се премислив во врска со изборот на факултет а веќе извадив електронска пријава и не ми дава да се пријавам на другиот, ЕМБГ е веќе регистриран. Решение за мене нема?
Епа не си видела убаво и тоа воопшто. Тоа се ранг листи на пријавените кандидати, не се никакви конечни резултати. Ти пишува дека се обновуваат резултатите постојано зашто нели уште се во тек уписите. Кога ќе бидат конечни, ќе си пишува дека тоа е тоа.
Добро де на тоа и мислев. Сепак не се запишувам на УГД за да ги пратам ранг листите. На фејсбук ми испадна од факултети.мк и затоа напишав тука.
не ,треба само името на училиштето.на вториот лист шо е за печатење одма после интерниот,ги има наведено сите училишта во мк.за таа цел,во квадратчето на интерниот лист одма до линијата каде треба да пополниш име на училиште, треба да стаиш шифра односно го ставаш бројчето под кое се наоѓа твоето училиште.се надевам дека ме разбра.
Направив така уште вчера, еве и сабајлево повторив со новиот, ама не сака. Кај матичниот број ми се појавува едно црвено иксче дека е еднаш веќе регистриран и не може Тоа е.
незнам зошто ти е така, и јас прво се пријавив на еден па се премислив, кога сакав да сменам за другиот не ми направи никаков проблем
Значи како некоја гуска сум. Дај нека ми објасни некој како е тоа електронското пријавување ? Барем линкче дадете ми и до кога важи ?