Со лански датуми е кај сите. Иначе на изјавата за кофинансирање кај што пишува "на студиската програма по _____" Тука смерот се пишува или ?? Една другарка напишала "додипломски", а јас смерот го напишав. Знае некој што е точно?
И јас на тоа место го напишав смерот. Најдолу на пријавата каде што треба да се напише бројот на сведителствата мала е линијата и многу ми зафаќа. Вие ги напишавте броевите на сведителства и извод?
Јас само тоа го оставив. Ќе видам утре од некој. Не ми се ризикува да си го изгубам редот за таква грешка
За на универзитетот св Климет Охридски нов ли извод треба да се ваде или може тој од средно да се искористе
Изгледа дека нема грешка, туку дека повторно ја сменија формулата (или пак си е истата од лани, но различна на различни универзитети). Да расчистиме, не ми вратија ништо на пораката, што според мене е крајно неодговорно, но ја најдов точната формула на втората страница од пријавниот лист, испишана со ситни буквички во една од табелите, а подоцна пребарав и забележав дека и УГД ја користат истата формула (скролни до 8ма страна). Како и да е, иако не ми се допаѓа оваа формула, сепак е иста за сите кандидати пријавени на твојот смер, и во случај да е смената годинава, не треба ни толку да те загрижува и доколку си блиску со поените на последните примени лани.
Me too. Инаку едно прашање каде се проверува колку студенти примаат на факултетиве гледам на Филозофски на страната нема сабајле забораив да прашам...
Дечки да прашам нешто па ако може некој да ми помогне .. Дечко ми се мислеше помеѓу два факултета и за да не испушти прв уписен рок се запиша на едниот од тие два. Од како веќе ги поднел денеска документите почнало да му станува јасно дека подобро би му било на другиот факултет. Прашањето ми е има ли некоја шанса да се префрли? Дали кога ќе треба да се запишува на 29 да ги подигне документите или да чека после прв семестар за да се префрли? Знае ли некој дали има некаква опција да се префрли на друг факултет без да изгуби година?
http://www.fzf.ukim.edu.mk/index.php/mk ... 6/1636-2-6 Еве тука ќе си видиш колку студенти примаат на Филозофски. Првиот линк. Spoiler Може и колешки ќе бидеме.
Да не знаете кога ќе може да се видат резултати дали сме примени ? На Гоце Делчев уште првиот ден ги поставија ( јасно од тие што се пријавија ) , на другиве од вечерва ќе се поставуваат или зависи до факултетот ?
^ На врата тие дечките (УКИМ-економски) рекоа од понеделник натака да очекуваме првични резултати. И тие не знаеа да потврдат со сигурност кој ден.