Јас на Филозофски конкурирав и на сите поединечно кажуваа дека на 21 август се резултатите од средно, а на 26 август ќе бидат конечни резултати. За другите факултети точно не знам ама мислам дека ова важи за цел универзитет односно за УКИМ.
Луѓее бее резултатии штоо излегоа излегоа , но мене ме нема ни во примените ни во одбиени .. Да не знаете во што е работатта ?
^ На УГД ли конкурираше? Ич не се секирај, ако те нема ни таму ни таму, до системот е. Постојано ги обновуваат ранг-листите и резултатите им се каша попара понекогаш, ништо чудно и сајтот да падне. Проверувај почесто, друго не знам што да ти кажам, тоа е.
Зависи од тоа што ќе одбереш како изборен односно втор модул. Со оваа насока си професор по мак јазик и книжевност, но доколку како втор модул избереш некој друг јазик (некој од старословенските) можеш да бидеш преведувач и сл.
^ Не треба да имаш дипломирано на Македонски ЈАЗИК и книжевност за да бидеш професор по македонски јазик и книжевност? Вака мислам дека по правило можеш само книжевност да предаваш... Ај некој од таа катедра нека не‘ просветли...
На УКЛО имало ослободување од партиципација за прворангираните. Се мисли прворангиран од секој смер или како ? На пример на ТФБ прворангираниот и од Машински и од Сообраќај и сите смерови со ред се ослободени од плаќање партиципација ? Може да сподели искуство и некој што бил запишан таму и претходниве години. Ако имате најдено нешто од нет , пуштете те ми го да го прочитам. Фала .
Женски сега ги видов ранг листите и ми имаат згешено во поените и тоа цели 5 поени што ме прават многу места подолу.. на кој начин може да реагирам и дали ке го поправат тоа?
Може веднаш да иде на факултетот каде се пријавил и да си ги земе документите, нема потреба да чека втоор уписен рок. Ама за да му ги дадат треба да плати 500 денари изгледа, барем така беше пред две години на УКИМ .
^ Од понеделник натака. На страната каде што ја пополнивме електронската пријава има опција за приговор. Пробај преку тоа.
Не можам да го редактирам претходното мислење, па затоа пишувам едно по друго. Има прелиминарни (барем за мојов факултет), откако ќе се најавиш на upisi.ukim.mk со зелено пишува, листата не можам да ја отворам