Ако мислиш на тоа со црвени букви значи дека ако недај боже сега не те примат на првиов уписен рок, кога ќе треба да се ппријавуваш за на втор уписен рок неможеш преку овој профил, туку мораш да си отвориш нов, со нов маил, а другите податоци можат да ти бидат исти ( што е нормално).
Не, не, мислев на ова: Согласно позитивната законска регулатива, пријавата мора да биде пополнета на македонски јазик и неговото кирилско писмо. Ќе ми ја признаат ли пријавата? Електронската ми е на кирилица, ракописно имам само на таа што ја купив од книжара, ама се друго ми е кирилица.
WarriorAngel и мене истово ми го јавува. Не се замарај, ова ништо не значи. Се додека не излезат првите ранг листи јас решив да не верувам во ништо. Најубаво е така. За џабе само ќе се потресувам кога ништо од нашите претпоставки не се точни. Само црно на бело е веродостојно за мене.
Јас се си мислам дека заборавив да напишам за која учебна година конкурирам во пријавата. Кај ја видов пријавава кај се запустев. Ќе влијае нешто ако не сум напишала?
Не се потресувајте и не си правете филмови...дали напишав дали не да не забораив нешто....аман колку податоци имаат за нас...сите наши подадени документи ги ставаат во папки ако нешто фали ќе проверат од останатите документи...дај не си ставајте црни мисли не си отежнувајте...ќе има резултати ќе видиме...ајмо свртете на уживанција Ви посакувам среќа на сите
Море идни академски граќанки, ќе ве карам. Кирилско писмо или кирилица може да биде напишано со печатни или ракописни букви. Значи, се‘ дури сте пишувале на кирилица (ваљда нема некој будала што пополнувал пријави на латиница), нема врска дал сте пополнувале со печатни или ракописни букви
Луѓе, луѓе.. изладете, полека. Кирилица, латиница, ракописно или печатно, дата ли година ли, смирете се. Пријавуваме на триста начини, затоа и има комисија, ќе поправи кај сме згрешиле. Нели ви ги гледаа документите на шалтер? Ако има грешка ќе ве вратеа, тие што имаа грешки ги враќаа, бар јас колку што приметив. Полека, don't panic, ако не не примат има место на филолошки, македонски ќе студираме.
Баш на вести даваа дека само 18 луѓе (ако добро запамтив) конкурирале за тој смер, па веројатноста да најдеш некој од тие тука е мала
Па да не те лажам, ама едно 80% од пријавените конкуриравме за финансиски менаџмент, е сега дали ке бидиме на тој смер ке видиме
Оваа изјавата за неподигање документи најмалку три месеци што ја потпишувавме... Ако не бидам примена на пример на факултетот што го запишав, ама ако ме сместат во резервната насока што ја избрав во е-пријавата, изјавата ќе важи? Не требаше ништо додатно да изберам, ама ај, ете избрзав.
Белја. Е и што им текна ова, зошто да не можеш да ги подигнеш? Колку да зафркнат човек. А дали при упис примаат копии заверени кај нотар? Знам на приватните дека примаат, ама на државниве не сум сигурна. Некои велат дека мора да бидат оригинал, ама јас колку што се сеќавам никаде не сретнав да беше тоа нагласено
Нагласено е на државните. Мора да се оргинал документите. Во секој конкурс за упис од државните пишува. А ова зошто да не ги подигнеш, изгледа за да не конкурираш на 2 факултети или можеби да не конкурираш во странство за упис Што знам, мое мислење.
И јас мислам дека е во врска со тоа, да не запишеш друг факултет, ама па нели се правеа некои кампањи студирај два факултети, другиот вонредно, сега па не може, те ограничуваат. Добро, јас и онака се си мислам дека ќе ме примат таму каде што се запишав во прв план, ама пак нешто ме јаде и си прашувам цело време .