Ако на вториот уписен рок има некој со повеќе поени од тебе местото ти е загарантирано, си платила рата веќе.
Маца, ако те има на прелиминарна листа и на официјалната за примени кандидати - немаш мака. Дури и ако во втор и трет уписен рок на тој факултет се појават кандидати со поголеми бодови дури и од првиот на листа пријавен во прв уписен рок, ако кандидатот си уплатил рата и се запишал - тоа е тоа, тој веќе си го има местото и не може друг да му го земе.
Ви благодарам, ми дадовте утеха до негде, се надевам дека ќе влезам во државна квота, а негде на половина сум на прелиминарната за влез во државна.
Ауу од 7 сум станата да видам прелиминарна листа од Филозофски, и сеуште нема, нели рекоа на 21?!? :/
На страната на машински факултет има објавено листа за успех од средно образование, на која има само вкупен број на поени само со бројот на електронската пријава, без имиња и презимиња ништо, тоа ли се прелиминарните резултати, и кога ќе се конечните се знае ли ?
Ако има некој да ми одговори. BOM002 беше шифрата за Безбедност, одбрана и мир. За на Филозофски зборам. Не можам убаво да се сетам. Зошто листава Филозофски вака ја направиле? Сите факултети со сите кандидати на едно место.
^^ Јас мислам дека ова не се тие прелиминарни резултати, туку листа од сите што конкурирале на факултетот и сите се по азбучен ред со поените. А ако треба сами да си ги броиме и гледаме колку има на нашиот смер, па и поените да ги подредуваме, тогаш јас воопшто нема да гледам зошто не се малку
Јас на прелиминарни реден број 60 сум на фармацевтски факултет, а примаат 70 во државна квота. Дали тоа значи дека сум во државна?
^^^ Јас веќе ги преброив, направив математики и мислам дека дефинитивно ќе бидам примена. Не можев веќе да бидам во неизвесност. Па ќе видиме на конечните резултати. Како и да е, со среќа на сите.
А да прашам, другарка ми кога ја пополнувала електронската пријава кликнала дека не се согласува за приватна квота. А сега ако не ја примат во државна сака во приватна. Како може да си ја исправи грешката ??
Мислам дека треба да се јави до факултетот да ги извести дека било грешка, во спротивно ако не ја примаат во државна квота, нема ни да ја земат во предвид за приватна.
А како да се јави? Да им пише на маил нешто да ги извести и да ги замоли , или како? Пошо од друг град е,не од ск.
Нека се обиде да им се јави ако е од друг град, или ако има некој близок да отиде до шалтерот за студентски прашања. Знам еден другар исто така згреши, му се јавија нему од факултетот, ама на Гоце Делчев е тој во Штип, за да го прашаат.. нека се јави на факултетот нека си праша
Во ред, фала ти. А доколку фати услов мислам до добри резултати од прва година, може во втора да иде државна или не ? така имам слушнато..