^ А да не е доцна за тоа? Денес би требало преелиминарни листи за сите факултети да излезат. И сега излегува како, еј, видов дека нема да ме примат во државна, и сега пу-пу не важи... И не може да премина од приватна во државна, барем колку што знам...
Нека се јави сепак, таму ќе и кажат кои и се опциите, на другар ми му јавија неколку дена пред да излезат резултатите...
а дали некој знае кога ќе се конечните резултати и некој има ли видено на стоматолошки фак. резултати ?
Се јави, но неможело. Ако не ја примат и ако сака може пат во Штип лаборант да се пише,ако има толку желба.
сакам да прашам нешто. Еве јас се запишав на финки, па нели имаме можност да наведеме повеке смерови, јас како прв го ставив ики, втор кни, па мт па сакам да прашам доколку не ме примат на првиот (на ики) дали автоматски аплицирам за вториот (за кни) или ке треба пак да се запишувам на вториот уписен рок?
Автоматски се аплицира, ама ќе бидеш рангирана под сите на коои примарен избор им е вториот смер. Пример, ако ти имаш 85 поени и не те примат на ИКИ, а некој аплицирал за КНИ со 80 поени, тогаш на КНИ прво ќе биде рангиран тој што има 80 поени, па после ти.
Јас аплицирав на ФИНКИ и имав 96,977 поени , а сега на листата ми покажува 93 запирка нешто . Во редот конфинансирање ми пишува ДА и дали тоа значи дека сум примена во приватната квота или треба да почекам да испадне преелиминарната листа? И таа одприлика кога ќе излезе?
Тоа ДА ти значи дека ако не влезеш во државна квота, ќе те имаат во предвид за приватна. Мислам дека имаш добри поени, нема место за грижи. Конечна листа ќе има на 26.
^ Ако сметаш дека ти се погрешно пресметани поените пријави технички проблем. Замисли да не те примат во држава квота за тие 3 поени?
фалла А денес таква листа со преелиминарни можно ли е да излезе оти како што гледам по другиве факултети има кои се во приватна а кои се во државна квота? За да знам дали да поднесувам приговор..
Да прашам има некој овде кандидат што има помалку бодови на ова листиве од факултетиве? Јас имав 92 бода, а сега на листава имам 87 како е можно тоа не знам.. Ќе може некој да ми објасни? -.-
Поради тоа што има мала заинтересираност на мојов смер, не пријавувам технички проблем, а да знам дека ќе ме стават во приватна одма би пријавила. А за одбиваат бодови, поради несоодветно избрани предмети. Јас кога дома си ги пресметував имав 92, на електронската ми излезе дека имам 90. Ок тоа, но сега 87?
Има прелименарни (зборов е врв! ) резултати за Филозофски, ама не ми ги отвара. Вие си видовте што сте на истиов факс?
А што е со намалувањево на поени од филолошки факултет? На пример 60 поени за оцени до средно и 35 поени од приемниот и детево има 58,978 поени вкупно? Мене цели 10 поени ми скратиле. Инаку нема шанси да е поради несоодветни предмети пошто мене сите ми беа соодветни. Нема смисла. Поента има на ова?