Да, оваа година е зголемен бројот на студенти во државна квота на финансиски менаџмент, за разлика од лани јас кога се запишував, бевме само 100 во државна. Честитки за сестра ти, со лесно нека и оди студирањето.
Догодина планирам да се запишам на архитектонски факултет. Не ми се јадни некои работи па ако сака некој нека ми објасни. Колку поени треба да имаш минимум за да влезеш со приватна квота? Што отприлика има на приемниот испит (тешко е)? Дали може да ме примаат на факултетов ако средно сите 4 год ми се поминати со 4ка? Има шанси или..?
најверојатно за да ги мотивираат студентите да се запишат на факултет во родните градови , а не сите во Скопје, а во другите градови да се отпушта добар кадар на професори и да пропаѓаат факултетите.
Зависи како ке поминеш на приемниот испит, тој најмногу влијае според мене, но исто така битни се и оценките од средно. како што знам оваа година било доста тешко за флење во државна а и во приватна квото. Познавам девојче кое со одличен успех сите 4 години (со сите петкиа) и матурата мислам дека и беа сите петки влезе во приватна квота, а едни мои школски кои имаа многу добар успех воопшто не влегоа. сега незнам можеби да не се покажале добро на приемниот. Но сепак има влиание и и успехот. А приемниот им беше цртање, треба да знаеш добро да црташ
До кога треба да се уплатат пари на факултетот, одма кога започнува студиската програма или можеш да платиш додека не одиш на испит или колоквиум или слични такви активности? Дали има предвиден рок за да се уплатат парите? и што ако не се уплати.
Tреба да има известување на сајтот на факултетот, проверете си или пишете мејл до студентската служба и ќе ви кажат.
На денот кога ќе се запишува година, а вие сте прва значи крај на август сигурно знаете кои два дена и мора тогаш.
Да, мораат да ви ги дадат, мислам дека се оди на факултетот и лично вие морате да си ги подигнете. Јави се на факултетот, прашај си за сигурно иако имаш време до втор уписен рок, но земи си ги назад документите на време.
Нема врска кога уплаќаш бидејќи потпишуваш изјава ( нели оние кои ги симнувавме од последната страница на електронската пријава ) дека доколку си примен на факултетот , документите нема да ги подигнеш најмалку 3 месеци.