Како можи да си ги земам документите , ако платам ќе ми ги дадат ? Ќе студирам надвор од МК и ми требаат, непланирано излезе ова.
Сите вие што сте примени во прв уписен рок кон крајот на месецов треба да се запишете. Притоа ви се отвора досие, а истовремено запишувате прв семестар. За да може тоа да се направи треба да однесете уплатници како потврда дека сте платиле (една половина од партиципацијата и други трошоци зависи од факултетот), пријави, индекс и слики. Значи, доколку не ги обавиш тое работи во тие 2 дена ќе се смета дека не си запишан на факултет и ќе треба да си ги подигнеш документите. Јас колку што знам вака оди тоа со документите, ама сепак најсигурно прашај си на факултетот кај што си конкурирала.
Утре резултатите од уписот. Не ми се верува дека ќе бидам примена во I круг психологија, а за II круг дали ќе има е знак прашање годинава.
Документите за во студенски треба да се поднесуваат во Кузман или во студенскиот што имаш аплицирано?
Како се пресметуваше успех од дипломата од средно? Што пишуваше таму за постигнат успех? Поени или средна оценка? Не се моментално во мене документите, а ми треба итно?
Како се пресметуваше успех од дипломата од средно? Што пишуваше таму за постигнат успех? Поени или средна оценка? Не се моментално во мене документите, а ми треба итно.
Прво ќе пресметаш успех од свидетелствата, се собираат сите оцени и се делат со бројот на предмети ( оцени ), а потоа за успех од маатура ( диплома ) се собираат сите оцени, и збирот се дели со бројот на оцени, односно со 5. Па ќе ги собереш просечниот успех од свидетелствата и од матурата и ќе поделиш со 2. Притоа конечниот број што ќе се добие не треба да биде поголем од 5.
Не е баш за тука прашањево, ама да не отворам нова тема за џабе. Дали може некој да ми пушти линк од „ Запишете се на еден од техничките факултети “ ? Без разлика за кој технички. Ме интересираше нешто. Баш побарав на јутуб, на гугл, не можам да најдам. Благодарам однапред.
Праша некој поназад ама ја глупо ќе се испонашам пак и ќе прашам При запишувањето, примените кандидати поднесуваат: 1. индекс, студентска легитимација и пријавни листови Сите овие три се земаат од книжара? И колку се на број тие пријавни листови?
^ Зависи на кој Универзитет си запишана, различни се датумите за запишување на кандидатите кои конкурирале во прв уписен рок. Најсигурно ти е да си видиш на станата на Универзитетот или евентуално факултетот, таму секако ќе имате објавено информации околу уписите.
Ги имаат објавено резултатите овие од факултетот Кирил и Методиј online? Ако да, дајте ми линк да видам бидејки не можам никако да се пријавам преку Iknow системот, а се коректно пополнувам во тие двете празни полиња. На факултети.мк нема никакви резултати... Има ли некаде да видам дали сум примена, и каде?
Луѓе јас имам прашање за сите што сте запишани општа медицина сега на угд штип. Дали ако наместе хемија сте земале физика да полагате дали ви крателе поенчиња??? ФАЛА ОДНАПРЕД!
Ај да не бидам досадна, ама некој нека каже што точно треба да се носи на денот на запишување, поточно на 29ти и 30ти..И до кога треба да се уплатат пари, поконкретно на филолошки? Ај ве молам.