Не кратат, затоа што и физика спаѓа во предметите кои се земаат во предвид при бодувањето и ова важи за сите Медицински факултети во државава.
Ме интересира, кога излегува онаа листа со првите 10мина од факултетот кои УКИМ ги ослободува од партиципација? Зашто како што сметам во првите 10 сум.
СИГУРНА ЛИ СИ? Бидејки прочитав дека на угд штип во листата на интерни и екстерни предмети за општа медицина треба да земеш само биологија и хемија доколку си гимназија. Јас сум гимназија но ете за идната година повеќе сакам да земам физика за матура отколку хемија, бидејки физика сум одела на државни натпревари цели 3 години средно и нема потреба од дополнителни спремања. Во скопје пишува дека можеш да земеш физика а во штип не таму во листата за универзитетот пишува за општа медицина само биологија и хемија.. Јас би земала физика. Ако некој има земено физика на медицина у штип нека пиша дали кратат поени
Луѓе евентуално од факултет до факултет е различно, сигурно на страните ќе има објавено што треба да се носи и кога треба да се носи.Индекс и легитимацијата се бесплатниги даваат од факс, а другите документи ќе ги има наведено, секогаш ги има, стрпете се малку и ќе бидете известени.
Ајде и јас да се пофалам дека сум примена во државна квота Негооо.. сакав да прашам дали некој знае што се е потребно за на филозофски за упис? На страната на филозофски не гледам дека пишува нешто
Во конкурсот за запишување пишува дека лицата што се примени на факултет со кофинансирање мора во рок од 24 часа да достават изјава дека се согласуваат со кофинансирањето ..слушнал некој нешто за ова или?
На 21.08 беа прелиминарните резултати а денес требаше да бидат конечните резултати, ама не бев во можност да одам до факултет и сега се најавувам електронски и ми пиши за предходните резултати Spoiler 1. Рангирани сте на прелиминарна ранг листа I уписен рок 2013 на студиската програма Дисперзирана студиска програма за нутриционизам во Битола, во тип Државна квота на место 20 Е сега конечните резултати ги нема, дали сеуште не се објавени ама чим на првите ме примија би требало и денес на конечните да бидам на листата на примени нели? И повторно да сум во државна квота.
На медицинскиот факултет има конечен список, но зошто сеуште нема ништо на iknow системот, мислам на порака, која веќе кај многумина стигнала
Изјавата за кофинансирање каде можеме да ја најдеме? Се продава, се дава од самиот факултет или ние треба да ја испечатеме?
Каква е таа изјава за кофинансирање? За кој факултет е ова? Јас прв пат вакво нешто читам. Никаде не го пишува ова. Знам дека на електронската пријава се изјаснувавме дали сакаме или не сакаме да бидеме запишани со кофинансирање доколку не ги исполнуваме условите за во државна квота, ама ова сега е нешто ново изгледа. Ај ако некој знае точно и ако може нека пише.
Договорот за кофинансирање, би требало да го имате на страната на факултетот,а и мислам ( ама не сум сигурна) дека треба сами да го испринтате. Туку по втор пат ќе прашам, овие 240 ‘‘стипендии‘‘ од УКИМ што ги доделува, список знае некој кога ќе излезе? Каде да го барам? Да не испадне уплатив, ама ослободена сум.
^Познавам такви случаи, лани уплатија и запишаа семестар и после испадна стипендии треба да имаат, па оставаа трансакциски сметки за да им ги вратат парите од факс. Најдобро ти е денот на запишувањето таму да си прашаш. Инаку тие 240 се за цел универзитет, а по факултет идат по 10 за најдобро рангираните (од сите студиски програми на тој факултет) ако не се лажам, така да лесно е да видиш дали си меѓу првите 10, само од твојот факултет ќе видиш колку имаат повеќе поени од тебе.