Диора и јас сум одбиена на првиот факултет, не се секирај не си единствена. Ние не можеме ништо да предвидиме, разгледај си убаво каде мислиш дека ќе имаш највеќе можности. Пробај во друг град каде нема толку конкуренција, па после ќе се преместиш. Мое мислење е дека сега би требало да те примат на филозофија, поените ти се солидни, да се надеваме дека нема да се пријават многу на втор уписен рок. Како ќе останеш без факултет? Па и догодина ќе има уписи, немој да се грижиш, се ќе се среди.
Девојки за вториов уписен треба пак да се пријавуваме на iKnow? И зошто неможе да се направи нов профил??
Сигурна сум дека конкуренцијата во некој друг град е каде каде помала за разлика од Скопје, мегутоа јас немам средства за да се преселам, така да од старт отпаѓа таа солуција. А што викаш за до година..Точно е, да, можам, но никогаш не можеш да предвидиш што ќе се случи дотогаш. Најпаметно е со ред да се фати. Е сега, ако стварно не може да сме живи и здрави, не? Патем, ти посакувам среќа за на вториот факултет.
епа не знам, деновиве отиди на факултет и прашај си што треба да направиш за вториот уписен рок, така ти е најдобро
знаете како да се логирате на стариот, отворете го меилот и нели во инбокс имате порака од уким за iknow отворете ја пораката и кликнете на линкот за регистрација и пробајте така да се логирате инаку не знам дали треба да се пријавиш електронски за втор уписен рок нека пише некој друг што се упишува за втор јас не сум не знам
Женски, стварно ли се битни сликиве мали што треба, зошто имам од матура, ама требало и една помала 2x3 cm некоја, а таква немам и ќе ми одземе време да одам по студија сега за едно сликиче тупаво.
можеш да пробаш да ја исечиш само главата ххх така јас направив за мојата студентска легитимација пошо мора да е мала сликата нема да ја собере иначе на легитимацијата,а за индексот каква сакаш можеш да залепиш иако просторот за слика и на индексот е помал од матурските слики
Ја засеков, ама ваљда нема да ме вратат заради сликичка?! Зошто факултетот не е баш блиску до центар...
И јас ќе ја засечам. Голема работа.. им е гајле нив дали помалце ти се гледа главата, битно ликот да се глеа покрај толку пари што им даваме уште за слика да ме вратат па ќе ги утепам одма
Абе луѓе на Економски вие што сте....нели плаќаме 100 евра тие што сме на државна за прва рата...и плус 3 илјади и 300 за упис на семестар...епа овие 100 евра за што се...што пишавте кај тоа цел на дознака?
Јас напишав запартиципација. А, и мислам дека тоа нема некоја улога. И да прашам кај таа уплатницата за ИКСА кај назив на примачот треба УКИМ или факултетот? Јас пишав Буџет на РМ - УКИМ. Јас се запишувам во петок.Тогаш е мојот смер.
А ова уплата од 750ден. за информативни, културни, спортски активности не е задолжително, така? (за на економски прашувам)
Јас ја уплатив. Мислам дека таа мора да се плати. Таа е нешто за ректоратот. Не ја платив таа од 200 ден. за студентски парламент затоа што пишуваше факултативно.