Аман веќе, од куп уплатници ќе си пукнам. Што не оди се на една сметка, па после нека си ги распределат парите, ќе им пополнувам цел ден уплатници Што ме чека утре.
Остај уплатниците туку и парите од кај ги копаат незнам толку пари За книжен фонд за спортски настани за незнам што уште воздухот да ни го наплатат треба Ко божем во државна квота сум а само денес дадов 10 500
Губам волја за факултет. Spoiler Џабе ти е и знаење кога на крај сите ќе земат дипломи. Демек сите паметни се, ахм, да.
Не ми е јасно како во Штип имаме 12 уплатници , а во Скопје само 4 и да нормално, ние плативме дупло повеќе.
Па да де. А што си мислевте вие? 100 евра и толку? Факултетот колку што е скап толку ние не сме. Spoiler Немој некој стварно да си помисли,така е зборот
Јас платив 8900 државна квота. Плус сум во првите 10, така да парите за партиципација ќе ми ги вратат Другарка ми на економски скоро 12-13 илјади мислам дека платила..
На секој факултет е различно. Ама секако сметајте си дека освен тие 100 или 200 евра ќе платите плус 2000 како ништо. И удрете тука провизии тракатанци и ете ви ги парите кај одат. Ама и на факултетите ја претеруваат, само измислуваат нешто. Ама тоа е, не можеме ние ништо против тоа. Битно да тргне годинава, со среќа на сите.
Во Италија партиципацијата за учениците со добар просек (9ки 10ки) изнесува 0 денари. Добро, таму становите и патувањето ни е нас скапо, но нашите факултети да наплакаат повеке од нивните, е тоа е за смеење до солзи... Во Англија е многу поскапо, особено на приватен, таму и со просек и се пак плакаш едно 20 000 евра.. Но со тамошна диплома нема шанси да не најдеш работа со која нема да си навистина богат.. Ама затоа нели не се расфрлаат таму дипломите како тука Со срека на сите
Дечки ако се запишеш на втор уписен рок на пример вчера на УГД. И те има на листата сега шо е истакната. Кога ќе можеш да извадиш потврда за редовен студент пошо е потребна за студентски?? Ве молам за итен одговор кој знае.
Јас сум на Економски во државна квота и платив 10300. Џабе зборат дека е 100 евра, кога има триста дополнителни трошоци.
Ве известуваме дека обрасците за запишување семестар не Ви се потпишани и студентската легитимација Ви е згрешена. Купете си студентска легитимација и обратете се во студентската служба на факултетот. ова ми го пратија ова од факултетот.што треба да направам треба ли повторно да уплаќам во банка? ако знаете нешто ве молам кажете ми.
Од утре започнува II уписен рок. На сите незапишани им посакувам среќа, вклучувајки се и себе си! Патем ако некој знае нека ме упати околу тоа дали треба електронската пријава повторно да се направи, како и копирање на изводот од матично и државјанството? Треба се од почеток како првата пријава ли?
феминкии помош имам проблем со запешување (електронско) на предметите. Значи семестарот ми покажува дека ми е запишан но нема предмети а не можам да ги внесам :/ :/ Има некој кој знае како да го решам тоа