Да треба да направиш нова електронска пријава од нов профил исто како и првиот пат. А изводот и државјанството можеш да ги носиш истите што си ги носела при првиот уписен рок Со среќа и на тебе
А што ќе ти се предмети уште од сега? Семестарот ти е запишан и готово. После кога ќе почнеш со годината ќе знаеш што, како, зашто...
во iknow системот се внесени сите мои податоци, но кај запишани семестри немам никакви податоци. а колку што знам на 29ти пријавивме семестар, па тука би требало да пишува нешто или?
Знам дека сега се зборува за уписите... ама јас сакам да прашам нешто во врска со матурата. Колку години треба да се учи одреден предмет за да може да се земе како интерен на матура? Конкретно, за гимназија. Сум учела информатика во прва задолжително, во втора изборен. Дали ќе можам да полагам информатика, или мора да учам уште една година, било трета било четврта? И, во втора сум учела социологија како задолжителен, за понатаму сум избрала општествено подрачје А, каде има социологија само во трета. Ќе можам да полагам социологија, или мора да учам и во четврта за да полагам?
За да земиш интерен предмет преба да го имаш учено две години со по два наставни часа неделно и филозофија учена една година ама со по 3 часа.Инфрматика мојш да го полагаш а и социологија ако во трета година имавте 2 часа неделно.Ете за социологија нека потврди некој што бил на тоа подрачје а за другото сум сигурна дека е така
Ги има предметите и сега,кај што се тие местата за предметот белите квадрати кликни на нив и треба да се појави листа избери го предметот и со стрелките префрли го во другиот квадрат и така за секој предмет. Ајде и јас да прашам јас треба да го внесам датумот на уплата на семестар во табот ПЛАЌАЊЕ само што неможам да го најдам па ако знае некој каде е нека каже.Фала
Spoiler Јас полагав така информатика. А другарка полагаше социологија. Што значи можеш. Инаку, на Iknow треба сами да внесеме и семестар и предмети до 5ти Септември. Така кај нас кажаа. Само што јас имам проблем со предметите, дел не се под тоа име и не знам што ќе правам
Jaс колку што знам вториот уписен рок е на 3ти и 4ти значи вторник и среда,а утре е 2ри јас и така мислам вториот ден да одам па да не утнам А за пријавата треба нова да се направи
Луѓе, вие што сте на Филозофски, ви го отвара линкот од мејлот кој го испратил факултетот со цел да го активираме своето корисничко име во online системот на факултетот? Мене јок.
И мене не ми го отвараше. Може три дена се обидував, јас па мислев дека до мојот компјутер е нешто. Биди упорна и ќе ти го отвори.
И уште нешто да прашам, најверојатно за сите податоци кои се поврзани со самиот почеток, саат, просторија и сл. ќе бидеме известени преку мејл исто така? Фала ти иначе
И јас размислував пред некој ден за ова и се обидував да се сетам дали нешто ни спомнаа околу тоа на денот на уписите. Ама колку што се сеќавам ми рекоа само дека индексот треба да дојдам да си го земам на 16ти. Така што сигурно ќе бидеме известени или на мејл или на нивната страна ќе има соопштение.
Девојки да не знаете на УГД оние кои се запишаа на вториот уписен рок кога ќе треба да упатат за прв семестар?
За вториот уписес рок запишувањето на примените кандидати е на 12 септември, така да тогаш се носат сите потребни документи за запишување и уплатници.
Луѓе имам околу 80 бода.. Што мислите, ќе ме примат на филозофски во II круг? Плус, примаат само 11 члена. Патем некој нека пише кога резултатите?
Колешки а?! Има нов дополнителен конкурс, после уписите на тие што беа примени од првиот уписен рок. http://ukim.edu.mk/dokumenti_m/158_Konk ... 3_2014.pdf Еве погледни, има некаде и во државна квота. Јас искрено се надевам дека ќе ме примат. Кога го давав документите во студентски прашања, тетката ми кажа дека на 10ти се прелиминарните, на 12ти конечни резултати на примени студенти и на 13ти уписи. Со среќа.
Значи фактички ние резултатите ќе ги дознаеме 3 дена пред стартот на годината? Епа супер, имам уште 10 дена да си ја лупам главата од ѕид..