da prasam za elektronskoto prijavuvanje..vo zapiseni semestri mi pisuva "ne se pronajdeni zapisi"..moze li nekoj da mi pomogne sto da pravam
5 Кај сите што се имаат регистрирано за првите уписи е така, затоа што секое корисничко име е актуелно само за еден уписен рок. По завршувањето на некој уписен рок, корисничките имиња на кандидатите кои не се рангирале во тој уписен рок се бришат, и за повторно конкурирање во друг уписен рок, потребна е повторна регистрација (дури и со исто корисничко име). А јас да прашам има ли некој на ПМФ, ако не на Физика, барем на Географија, математика, хемија.. на било што, не познавам никој лугеее! Ај да си најдам некоја колешка. Ако има нека се јаве на рецепција
Да но јас бев рангирана во прв уписен рок и се запишав веќе на факултет, зошто да неможам да влезам? прашував да не има некој со сличен проблем?
И јас не можам, затоа што секое корисничко име е актуелно само за еден уписен рок. А за секој нареден уписен рок потребно е повторно да се регистрира, се разбира ако има потреба, затоа што сите претходни кориснички имиња се бришат.
женски ај која ќе може да ми напише било каква молба ми треба за утре по македонски јазик незнам јас да пишувам такви работи...фала однапред
Абе и мене несакаше земи отвори го линкот нека поседи едно десет минути и ќе ти се уклучи. Мене така мислам дека на Пиинк мислењето не е точно. Незнам пробај пак ама пак мислам дека ќе треба да почекаш или иди на факс прашај
За тие што веќе сте запишани на факултет и не ви го отвара iKnow системот бидете упорни и ќе ви отвори. Инаку се надевам дека прво си го проверивте мејлот, зашто таму од факултет ви испраќаат нова лозинка за iKnow системот. Значи таа лозинка што вие самите си ја ставивте за уписите не важи повеќе. Сега имате нов акаунт, со истото кориснично име ама друга лозинка. Така што тие што веќе си ја знаете новата лозинка бидете упорни и ќе ви отвори, за тие што се обидувале да отворат со старата лозинка нема да ви отвори зашто тој акаунт, пак ќе кажам, веќе не постои, затоа отворете си на мејлот и сигурно веќе ви испратиле од факултетот податоци.
Јас успеав да влезам со новата лозинка. И сега кај сума ми пишува 6560, а кај платено 6150 и ми пишува должи 410 ден. Ова е на економски факултет. Нели требаше да се плати 100 евра според курсот на денот на кој се уплаќа, а не според запишани кредити? Или јас нешто имам згрешено? И дали треба нешто да променам сега на овој профил? Треба да пријавувам семестар електронски зашто ваму се е пополнето? Ај некој нека ми објасни.
И мене така лани ми пишуваше ама не е ништо страшно. На i-know, а воедно и на економски плаќањето се пресметува по кредити, односно 3,33 евра=205ден. за еден кредит во државна или 6,66 евра=410 ден. за приватна квота. Цената од 100 евра или 6150 е цена за 30 кредита (што се смета за оптимален број на кредити во еден семестар) а бидејќи имаш запишано 32 кредита (32*205=6560) ти излегува дека должиш 410 денари. Но нема потреба да се грижиш, кога ќе уплаќаш за втор семестар на сумата што ќе треба да ја платиш ќе треба да ги додадеш тие 410 денари, затоа што на Економски должен не можеш да му останеш. Во врска со електронското пријавување семестар мислам дека вие што сте прва година не треба да се пријавувате, едноставно нема поента затоа што вие веќе имате запишано семестар. Ние пред да ги доставиме сите тие работи потребни за запишување семестар треба електронски да се пријавиме. Еве го линкот за пријавувањето, на кој што студентите од прва година не се споменати: http://www.eccf.ukim.edu.mk/Articles/News/167
Па дека не беше нагласено дека треба да се плаќа според кредити си платив само 100 евра. Така направија и сите други што ги прашав. А, за тоа дека ќе морам да доплатам, не ни очекував дека ќе ми ги простат. Тие гледаат само што повеќе да земат.
Да те сфаќам истото се случи и лани, сите си плативме по 6150 или 12300 и кога дојде време за втор семестар дури имавме и потсетување за во случај да заборавиме да доплатиме. Прво викаат бруцошите плаќаат фиксно по 100 евра, по кредити се почнувало од втор семестар а после излегува дека должиш. Еџ што се тие.
Феминки примена сум и се запишав на фармација на УКИМ, но уште ми нема стигнато никаков мејл со никакво известување, кога пробувам да се логирам или да променам лозинка ми се појавува дека email адресата не постои во системот. Дали некој има сличен проблем?? Според мене мејловите треба да се стигнати до сега...
Jас им пријавив неправилности и ми одговорија вака 09/05/2013 8:17 am Почитувани, Секое корисничко име е актуелно само за еден уписен рок. По завршувањето на некој уписен рок, корисничките имиња на кандидатите од тој уписен рок се бришат, профилот веќе не Ви е потребен. Како студент ќе добиете кориснички профил на iKnow системот за студенти. Поздрав
Iknow и страната на upisi мене ми ги отвора без никаков проблем. Нема врска дека едно корисничко име е активно првиот рок, зашто примена сум, рангирана и запишана па можам и двете да ги отворам. На меил мора да ви има стигнато порака со линк за активирање на Iknow профилот. Првиот пат споро ми отвараше, но после се беше во ред. Бидете упорни Касјushka - па и не знам баш колку е изводливо. Ако си примена државна квота, на другиот факултет се сомневам дека ќе бидеш исто во државна примена.
Овде ми се гледаше дека е најсоодветно да го поставам прашањето од каде да купам индекс. од студенски ми рекоа сама да си купам бидејки се префрлам од еден на друг смер.
Ај некој кој се запишал архитектура и го примале или пак некој кој веќе студира на архитектонскиот факултет нека пише овде.. Не ми се јасни некои работи, сакам да ми одговори.