на филозофски колку што знам во првиот семестар имаме и изборни предмети, знае ли некој кога треба да ги избереме нив???
Се ќе ни биде објаснето првиот ден. И предметите ќе ги бираме после првиот ден, ми кажаа дека и прирачникот ќе ни биде од помош за избор на предмети, така да не се брзајте.
можеш да се префрлиш од втора година, но ќе бидеш во приватна квота со 400 евра. Другарка сакаше да се префрла, но деканот и рекол така.
Од колку часот почнуваат со работа факултетите ? Ѕвонев упорно од 9 до 15 часот, не можам да ги добијам.
^ И јас ѕвонев на централа ама ништо, па си најдов локал од студентската служба и упорно ѕвонејќи ги добив. Ѕвони oколу 12.
Има ли некакви информации или соопштенија во врска со тоа од колку часот и точно каде во кој амфитеатар треба да се оди на 16 септември?
А лани или прелани имаше нешто на 15 одеа во Борис Трајковски салата. Оваа година ќе биде ли пак така? Иако не ми се верува, да прашам некој да не знае. ^На денот на запишувањата ми рекоа дека ќе добиеме информации за саатот и местото на мејл, барем за Филозофски така знам.
Има некој на форумов што студира на факултет во Битола ? Мене ми треба за Технички, ама ако некој студира и на друг факултет во Битола би му била благодарна ако ми одговори... Во колку часот треба да сме во факултет ? Кога отидовте вие кога бевте бруцош ? Упорно ѕвонев на телефонот што го најдов во контакти и цело време ми се вклучува секретарката . Spoiler п.с . Зафркната работа е да си бруцош
Ја разгледувам студиската програма и не ми е јасно за бројот на часови. За секој предмет пишува 4+2 (во неделата) што му иде тоа во превод? И како се сметаат часовите? Еден час трае 45 минути или колку? Моментално тоа ми е најголем проблем, што е можно помалку време да поминувам на факултет
Најверојатно таму ќе дознаеме. За филолошки на пример, минатите години првиот ден не знаеле ни во колку ќе им бидат дадени индексите, на самиот ден кога отишле таму чекале по два саати .
Тоа 4+2 значи 4 часа предавања (тие ги држи професорот) и 2 часа вежби (кои начјесто ги држат асистенти и демонстратори). Еден академски час трае 45 минути, бар кај нас на Економски е така.
Известување за бруцошите што прашуваа каде и во колку часот понеделник да бидат на факултет ! Денеска се објавени листите за распоред за зимски семестар на огласна табла ! Проверете си на страната на факултетот
Ај тие што се на Филолошки,нека кажат каде да го најдам овој распоред пошто навистина незнам каде да го најдам. Незнам што да правам кога ќе отидам во понеделник.
Кај нас нема никакво известување ниту огласна табла. во врска со тоа што го прашав претходно, дали вежбите задолжително се одржуваат секоја недела по секој предмет? И сакав друго да прашам. Кој е условот да земеш две години во една, изводливо е? Знам дека прва година не може, ама наредната да ги земам втора и трета?
Вежбите, како и предавањата се одржуваат секоја недела. Е сега, вежбите не почнуваат во истата недела како и предавањата, туку најчесто две недели покасно. Инаку вежбите се доста корисен дел, така да се препорачува да се оди. Конкретно на на економски не се задолжителни и не се води евиденција за присуство ама од нив може доста да се научи. А за тоа дека постои земање на 2 години во 1 прв пат слушам. Според Болоња студентот во еден семестар може да има максимум 35 кредити, во краен случај 40. Обично збирот на кредитите на сите предмети во еден семестар на факултетите изнесува 30, тоа е оптималниот случај. Кога би земале предмети од две години збирот за еден семестар би изнесувал 60, што е теоретски и практично невозможно.
Утре треба да се запишам ама не знам како.. Што треба да однесам на факултетот? Документите нели си се таму? Уплатници ли? Не сфаќам, ај некој да ми објасни се детално како оди...
Женски кај глеате кај и кога треба да се иде на факс? Малку помош? На нет нема или па ја неможам да најдам ако знае некоја нека ми прати за филозофски :У