http://www.fakulteti.mk/upisi/2013-2014 ... s2013.aspx види овде дали има, ако не, треба да има поставено резултати на страната од факултетот
Јас кога се запишував (годинава на првиот уписен рок) требаше да носам 5 уплатници (зависи на кој факс си, секаде е различен е бројот на уплатници) од кои едната е за плаќање на прва рата од партиципацијата втората за осигурување, потоа за оштети и опрема за вежбите, административна такса и уште една уплатница од 750 денари за која немам појма за што беше (само колку да се дадат парите), потоа три фотографии (2 со димензии 3,5 x 4,5 и една со димензии 2 x 3 за студентска легитимација), образец за запишување семестар и статистички образец нив ги купуваш од книжара, доколку студираш во Скопје можеш да ги најдеш во студентски збор.
Еве конечно и за филолошки Ве покануваме на првиот академски час што ќе се одржи на 16.09.2013 (понеделник) во големиот амфитеатар (А3). по овој распоред: - 9:00 до 9:30 - сите групи освен англиски јазик и книжевност и преведување и толкување - 10:00 до 10:30 - англиски јазик и книжевност и преведување и толкување
Не можам ни јас да најдам или па нема уште. iKnow системот не ми го отвара како што треба, на страната на Филозофски нема ништо, а и на мејлот исто така. Така што ве замолувам ако знае точно некој за Филозофски нека ни пише информации од колку, каде, како, кои групи итн.
Една моја друграка што се запиша на филозофија беше денес на факултет и ми кажа дека биле од 12:00 саат, само не сум сигурна во која просторија. Спомна дека она е во една, тие што се на психологија се во друга... Изгледа таму имало истакнато.
Да ви кажам на сите што сте запишани на Филозофскиот факултет дека во понеделник сме од 12 часот сите. Си прашав на мејл и така ми одговорија. Во која просторија кој смер не знам зошто тоа не ми пишале, само дека сме од 12 часот. Така што сигурно ќе си знаеме таму кога ќе отидеме.
Ако сеуште немате никакво известување на веб страната или iknow, проверете си го мејлот Така е кај мене, сабајле ми пратиле мејл со време и просторија за првиот академски час.
Прво индексот се зема или? Стварно не сфаќам и се тотално неорганизирани, другите факултети се знае бре од толку и толку саат, која просторија, место, содржина на прв час, ги информираат по мејл, со формирање групи на фејсбук, само нашиов факс ништо.. а, се утепав од чекање цел ден. Инаку фала ти, баш ме спаси од дополнителни секирации.
Јас колку што знам првиот ден секој смер ќе си биде во посебен амфитеатар, заедно со професорите што ќе ни предаваат на првиот семестар и се делат индексите. Отприлика еден час и толку, знаеш запознавање, ова, она, зборење конкретно за институтот и после секој по дома. Ама не знам зошто уште нема информации за поточно каде ќе биде секој смер. Знаеме само од 12, а во понеделник ќе треба да лутаме натака, навака. Паника од светски размери ќе биде.
Може некој да ми даде информација од колку саат сме на 16ти тие што сме на Правен и каде да видам која група сум? Истакнат е распоредот за предавања, ама за групите го нема..
Случајно некоја да не знае во колку е првиот академски час на Технолошко-технички факултет- нутриционизам во Битола, значи за во главниот факс во Велес и дисперзираниот во Кичево има објавено а за во Битола нема, проверив и во iknow и на e-mail нема ништо. Еве денес сме Сабора утре Недела не ми се верува дека некој ќе седни да не извести да работи во неработен ден и Понеделник треба да одиме а од каде да знаеме во колку сатот и во која просторија, не знаат никој од мои познаници кои исто се запишани на тој факултет
Бог да чува и да брани еј, везе немам што ќе се прави, јас како што сум изгубена можно е и на погрешно место со погрешни луѓе да отидам (Недај Боже). Мислам чарето е да си фатам пат натака и до 11ипол да бидам таму па да се распрашам каде, што, зошто, па во 12 фино лепо да си влезам кај што треба, зошто јас не би била јас ако не се избрукам уште од прв ден! Ужас, многу непрофесинонално од нивна страна.
^ Значи од 12 сме ние на филозофски? Една другарка па се распрашала и и кажале дека сме од 9ипол е ај сега... јас немам никаков мејл добиено, ништо буквално.
Некои информации повеќе за академскиот на Филозофски? Или само дека е од 12, како што имаше пишано Daydream погоре во еден пост?
Ааааааааааааааааа дали е ова можно само на мојот факултет нема напишано прв академски час кога ќе се одржи, и сега што да правам кога да одам и плус им пишав емаил на тие за студенски прашања и не ми одговорија, нема ни на интернет страната ниту пак на огласната табла на факултет. Бооо како е можно да се толку многу неодговорни ств неможам да ги сватам и кога ќе не известат нас, ние последни ќе почниме со фак
Изгледа сепак сме од 12. еве една другарка што ми прати. УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ С К О П Ј Е С О О П Ш Т Е Н И Е ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИТЕ ОД I (ПРВА) ГОДИНА НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ЗА УЧЕБНАТА 2013/2014 ГОДИНА Се известуваат студентите запишани во I (прва) година на учебната 2013/2014 година дека новата учебна година ќе започне на 16.09.2013 година (понеделник), во 12.00 часот. Новите студенти ќе бидат примени од раководителите и другите наставници и соработници на институтите. На оваа прва средба новите студенти ќе бидат запознаени со студиските програми и ќе им бидат врачени индексите. Потоа координаторите ќе ги запознаат студентите со распоредот на часовите, правата и обврските кои произлегуваат од студирањето, системот на функционирање и администрирање на ЕКТС и термините за консултации. Приемот на студентите ќе се изврши во просториите: 1. Институт за социјална работа и социјална политика – во слушалната на Институтот за социјална работа и социјалан политика од 12.00 часот; 2. Институт за дефектологија – во Амфитеатар IV од 12.00 часот; 3. Институт за безбедност, одбрана и мир – во Голем амфитеатар од 10.00 часот; 4. Институт за психологија – во Амфитеатар II од 12.00 часот; 5. Институт за историја и историја со архивистика – во Библиотека за историја од 12.00 часот; 6. Институт за филозофија – во Предавална 8 од 12.00 часот; 7. Институт за историја на уметност и археологија – во Предавална 2 од 12.00 часот; 8. Институт за педагогија – во Електронска училница од 12.00 часот; 9. Институт за социологија – во Предавална 15 од 12.00 часот; 10. Институт за класични студии – во Предавална 4 од 12.00 часот; Доколку не можат да присуствуваат на првата средба, вонредните студенти ќе можат да ги добијат индексите во Библиотеките на соодветните институти. 10.09.2013 година ОД ДЕКАНАТОТ С к о п ј е НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ