Само да те поправам да не се информира некој погрешно. Кај третата точка за Институтот за Безбедност, одбрана и мир треба да стои од 12.00 часот, а не 10.00.
Добро бре а дали ќе ни кажат нас на нутриционизам во Битола од колку сме и дали воопшто ќе почнеме утре? Неорганизирана работа....
Јас само сакам да ви посакам успешен почеток на сите удни студенти. Навреме положени испити и колоквиуми и што помалку нервози.
Јас нема да можам да присуствувам на првиот академски час. Дали уште утре почнуваат предавањата и дали ќе објават распоред на сајтот?
Кој знае како да ги запишам предметите на iknow нека ми пише ЛП или тука нека пише. Ни рекоа денес да ги внесеме, а не знам како зошто не ми дава да стиснам таму.
Зошто ништо не објавуваат на сајтот? Што да правам јас сега кога никого не познавам таму и навистина не бев во можност да дојдам?
И сега немам ни распоред, не знам ни кога, што, како... пак ќе се избламирам некако Треба да си го ажурираат сајтот, а не да читам распореди од 2011.
А луѓе, третиот уписен рок кога е? Зашто на вести кажаа дека уште 10.000 места на државно ниво се слободни, а на сајтовите ништо не наоѓам Не дека ми треба мене, ама од љубопитност прашувам.
Треба да запишеме зимски семестар до 20ти овој месец и ние бруцошите????? Бидејќи нема многу време одговорете ми побрзо ве молам, зошто на факултетов ништо не дознавам. Знам дека плаќавме некои 300 денари на почетокот ама дали беа за ова не знам. И да се цитирам сама и за ова ако сака некој да ми помогне .
Ајдееее... Прво идење вчера на Стоматолошки зимање индекси и влагање у едно морничаво место , 100 страни анатомија ни предадоа..ужаас
Ова важи за оние што се на факултет барем втора година Дали би продале учебници кои што сте ги купиле на ново претходната година и по која цена ( на половина или сепак нешто поскапо би барале ) ? Сте купиле учебник на старо и која цена сте платиле за него ( мислам на пола од она колку што чини на ново , ако не ве молам објаснете ) ? Секое искуство е добредојдено. БЛАГОДАРАМ
Дали ќе може некој што е на Филозофски да објасни точно како оди редоследот со запишување на зимскиот семестар ама за тие што се прва година односно бруцоши. Што друго треба да направиме освен што треба на iKnow системот да го запишеме и внесеме? Колку како треба да се уплати, што и дали треба нешто да се земе од книжарата на факултет, каде, што, треба да се однесе... Ве молам ако знае некој од голема помош би ми било.
Вака, не знам дали и кај вас е така, но кај мене пред да се најавиш на iKnow системов треба да отвориш меил и таму има известување за корисничкото име..така некако беше, треба да го отвориш тој линк а без тоа не можам да се најавам, пошо ми пишува дека корисничкото име не постои..Иначе пораките пред некој ден ги избришав, а за тоа ич не ми текна..Ај помош..ми треба за изборниве предмети да се најавам,...
^ Мене на mail уште пред да почнеме со факултет ми пратија нова лозинка за да се најавам на iKnow системот, а не корисничко име, претпоставувам дека си згрешила. Нема што да се замараш, доколку си ја заборавила лозинката смени ја и готово. Еве го линкот.https://www.iknow.ukim.edu.mk/Account/L ... sHome.aspx Spoiler Мислам дека добро те сфатив и дека добро објаснив.
Не, мислев на линкот што ни го пратија одма кога ќе се најавиш на системот, но јас пред некој ден ги избришав пораките од меил и сега го немам линкот. Е сега не знам што да правам..?
Луѓе ај малку помош во врска со изборниве предмети што треба да ги одбереме на Филозофски. Како треба да иде запишувањето на истите во iknow системот? Ич не разбирам, главава ме заболе, а краен рок е до утре.