^Ги префрлуваш од лева на десна страна прво редовните, а после каде што пишува Изборни од факултетот избери го Филозофски и избери ги 2 предмета што ги сакаш. После стисни Запиши и тоа е. Сега за запишување семестар некој нека ми помогне
А распоред некаде објавиле за да знам кој предмет и дали сум во можност да го слушам за да го изберам? Снајдете се сами.
Ок ова што е задолжителни, ватафак? Коа јас имам 6 предмети овој семестар, зошто ми дава и други? Да не треба и тоа да бирам?
Дали знаете дали можам да се префрлам од филозофски на педагошки факултет? Дали е можно воопшто ,и ако е како оди таа процедура? Ви благодарам однапред
Ќе идеш на педагошки и ќе прашаш најпрво на струдентски прашања, па ќе ти кажат најверојатно да идеш кај продекан за настава или секретар или таму некаде.. Зависи сега до факултетот, ако немаат многу студенти, ќе ти кажат како иде тоа, најверојатно да поднесеш барање или молба, па ако се одобре, ќе биде, а ако си имаат тие некоја поважна работа ќе ти речат поминати се уписните рокови колешке ( А не си им колешка ). Сепак прашај си, затоа што гледам дека на ФИНКИ доста студенти се имаат така преместено и им се признаваат одредени положени предмети.
Пипл може ли да ме просветлите мене и мојата идна колешка Squirrel ПОСТОИ ЛИ ПРИРАЧНИК ЗА МАТУРА МАТЕМАТИКА НАПРЕДНО НИВО ве моолам скапав прашувајќи веќе
Feminium , колку што знам ДЕЛ од прирачниците за напредно и за основно ниво се поклопуваат. Минатата година велеа дека овие што се на напредно ги имале прирачниците за основно ниво и ПЛУС уште некоја тема(затоа што и тие од основно и тие од напредно , 90% од темите за материјалот им е ист, само овие од напредно имаат потешки задачи од тие теми) . Од каде ги најдоа материјалите за темите што ги немаат овие од основно ниво, не знам. Од моја генерација никој не зеде напредно. Онака , кога ја прашаа професорката што е разликата, таа им го рече горенаведеното Помош со англискиот ми треба ! Правам семинарска. Може некој да ми каже што се пишува на првата страна . Конкретно,како би напишала на англиски : Семинарска работа по предметот Англиски на тема? Spoiler (seminar paper of subject English , theme )
Понеделник полагам колоквиум. Треба нешто да се уплати ( уплатници, жиро сметки .. ) или се оди на полагање само со индекс, па после нешто се уплаќа ? Ве молам кажете ми .
Не, не се укпаќа ништо сега, за додатните сесии се плаќа доколку не положиш во редовните. Сега ти треба само испитна тетратка од скриптара и индекс
нешто се зборува дека ќе сме полагале македонски и математика И англиски +2 интерни +екстерно во декември...................и така
јок бре цуцо лошо си слушнала OBAA година полагаме екстерно: 1.македоски 2.изборен(математика/ странски јазик) 3.изборен(сите учени предмети од 2 часа неделно 2 или3 години*не сум сигурна за ова или 3 часа неделно 1годиниа) интерно 1.изборен предмет(сите учени предмети од 2 часа неделно 2 или3 години*не сум сигурна за ова или 3 часа неделно 1годиниа) ЗА НАРЕДНАТА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА МАТЕМАТИКА,НЕ ЗА ОВАА
Всушност, наместо да полагаме два екстерни и два интерни предмети, ние ќе полагаме три екстерни и еден интерен. Плус нели проектна задача. Така што за третиот екстерен остануваат истите правила како за интерниот. Ама јас колку што сум информирана, оваа одлука сè уште не е сигурна. Мислам дека е само предлог кој министерот треба да го одобри.
има ли некој/а што полагал/а интерно германски јазик?? сакав да прашам како е отприлика...што има? дали е тешко? исл...
сеуште не знам....ама некако повеќе сум за англиски сите викаат за математика дека било многу тешко и 90% од учениците паѓале....... ама и ни кажуваа дека не може два јазика да избереме.....
Па баш поради последново те прашав дали ќе земаш математика за втор екстерен. И јас колку што знам не смее да се земе уште еден јазик, ако за екстерно не избереш математика.