Матурски испит Можеби е малку рано ама ми треба совет од вас Сакам да ссе запишам на Правен факултет и ми кажаа дека при запишувањето главна улога играат интерните предмети кои што ќе се одберат за матура. Дали знае некој кои предмети се по важни за на правен факултет бидејќи неекои луѓе со кои сум се консултирала ми рекоа дека и нема толку голема улога кои предмети се избрани , но ако знае некој ве молам да ми каже зашто ќе треба до утре да пријавам Фала однапред.
Еве тука можеш да видиш кои интерни предмети ти се потребни. А за тоа дали е вистина дека тие играат голема улога при уписот или не, не знам да ти кажам. http://www.fakulteti.mk/Documents/Upisi ... 3-2014.pdf
Оваа година сум и јас матурантка, одлична ученичка сум, али англискиот ми е проблем, воошто не ми оди. И не знам дали да полагам англиски, речиси ништо не знам, и сигурна сум дека нема да положам. Што се однесува до математиката, само први 2 години имав, и веке и тоа што сум го знаела сум го заборавила. И не знам што да изберам, математика или англиски. Од двете зла кое да го изберам ?? И има ли шанси доколку навистина не положам англиски/математика со завршна матура да се запишам на факултет ?
^мислам дека со завршна матура не можеш да се запишеш на факултет....а можеби и може ако има слободни места и после третиот уписен рок..стварно не знам за сигурно а дали англиски јазик или математика....одбери си според тоа што го бара факултетот каде сакаш да се запишеш..
Инаку има измени во концепцијата на државната матура, можете подетално да прочитате на www.matura.gov.mk во делот Државна Матура
Математика на матура е екстремно тешко. Прашај кого сакаш. На нас тие професори што беа најпријателски настроени не советуваа да земеме англиски колку и да не ни иде. Во секој случај подобро ќе поминеш од математика. Имав другар/ки што знаеа ептен мате. ама извадија 3ки едвај. Твој е изборот ама мој совет ти е англиски да земеш.
Сакам да прашам дали кога полагаш странски јазик пр. англиски/француски има граматика? Ѕирнав на интернет некои примери за матура за странски јазик и само текстови изнапишани и ти да одговориш на неколку прашања и да напишеш писмо.. граматика не видов.
Пишува дека ќе имаме три екстерни и еден интерен предмет + проектна задача. Првиот екстерен си е нели македонски, вториот екстерен странски јазик/математика и за третиот екстерен си бираш од следниве предмети странски јазик/математика (не може да се повторува со вториот екстерен)/биологија/хемија/физика/историја/филозофија. За интерниот испит и проектната задача останува исто. За англиски конкретно и јас од тоа што гледав од минатите години нема цела задача каде што треба да ставиш некој глагол во некое време, ама ти за да го напишеш тој состав или писмо, што и да е, треба да знаеш граматика за да ти биде граматички точно. А имаше и задача мислам, кадешто треба да избереш кој збор најдобро се вклопува во реченицата...
Абе луѓе ако изберам екстерно:македонски,математика напредно ниво можам ли третиот екстерен да го изберам математика основно ниво
а јас да прашам...може ли да се избере бизнис и претприемништво како трет екстерен?? некаде ја гледав листата ама сега не можам да ја најдам......
Ја има листата со предмети кои може да се изберат на страната на државна матура, а колку што се сеќавам бизнис и претприемништво не е меѓу нив затоа што само една година се учи. Нас ни рекоа дека не може. Мора јазик да избереш или нешто друго од наведените. Не може да ти се повторува еден ист предмет и не може два јазика да се изберат за екстерните.
ЛЕлее ова е ставрно апла сега планирам да одма на пмф математика и треба да учам јазики или уште полошо биологија,хемија,историја...или нешто од тие мислам ставрно е
и официјално 3 екстерни на пријавите за матура...е сега не ми е јасно, како ќе избереме според факултетот кога листите на факултетите се однесуваат на 2 екстерни, а ќе бидат 3.........конкретно за економски немаше ограничувања до сега, ама кој знае можеби ќе има промени....
Ако не полагаш колоквиуми во јануарскиот термин, имаш право да го започнеш вториот семестар нормално?
Па можеш да ги слушаш предавањата,а за полагање мислам дека не може ако се поврзани предмети со првиот семестар,а ако се нови тогаш можеш
што избравте за трет екстерен предмет?? мене прв и втор ќе ми бидат македонски и англиски, а за трет не знам што да изберам....
Ај ве молам некој нека ми одговори ...Дали е тешко математика да полагаш за матура (основно ниво)? Оти англиски сум тапа, а математика ми оди али средно ...