Планирам да се запишам на Технолошко металуршки факултет во Скопје, смер Дизајн и инженеринг на облека. Кои предмети треба да ги изберам за државна матура?
Јас немам бирано математика за матура ама знам доста се имат пожалено бидејки дават задачи кои не се учени во материјалот. Сепак ако те бива избери. А англиски е прелесно, барем мене ми беше како квиз. Имаше многу дури и грешки при пишувањето на тестот -_-
Дали е можно да ме примат на ФИНКИ на државна квота доколку не изберам за државна матура математика, а учам во Борис?
let it be... Екстерни:Македонски,математика и биологија. Интерен:Хемија. Само едно не ми е јасно-зарем ни им беа доволни екстерните тестирања на почетокот на второ полугодие,па ни воведоа и трет екстерен за матура ?!! Дискутабилно...
не битно е кај учиш битен е просекот шо го имаш онака,ако просекот од сите 4 год ти е 5,00 можеш и со англиски(под услов да добиеш 5ка) да влезеш конкретно една блиска роднина така влезе е сега на страната на финки има калкулатор кликни таму со несоодветна матура и ќе си видиш сама
Од екстерниве одбрав македонски, англиски и филозофија, а интерен земав биологија, ама некако многу ми е страв за биологија, од причина што годинава го немам предметот За учење, ќе седнам и ќе набубам, ама пак колку ќе се вклопам ради пропуштениот материјал не знам.Некој да не имал слично искуство?
претпоставувам си илиопшта или мат А комбинација не се секирај ја гледав баш скоро книгата од мат Б комбинација кои учат нели био во 4та год и верувај нема ништо ново само една синтеза е од прва до трета, безпаника само повтори си ги од прва до трета книгите и погледни ја испитната програма
Smilly да прашам од што планираш да учиш биологија,дека и ја сум екстерен биологија ме интересира.Има прирачник како што има по македонски за матура?
Нема многу врска кои предмети ќе ги избереш, затоа што и онака нема многу студенти на Технолошко - металуршки, секако ќе те примат. Јас имав одбрано англиски како втор екстерен, а како интерни социологија и хемија и само социологија ми се вреднуваше како помалку бодови бидејќи не одговара со струката. Ако ви даваат прашања по интерниве, би ти препорачала да одбереш хемија, биологија или информатика, а како екстерен комотно можеш англиски, да не се мачиш со математика ако нејќеш (освен ако годинава не ви е задолжителен, не сум во тек со измените).
Јас од екстерните одбрав македонски, англиски и хемија,а интерен биологија.Проектната задача-исто биологија. Сега ме фаќа малку страв,бидејќи учам ПМА-комбинација, и оваа година немам ниту хемија ниту биологија. Се плашам да не не успеам да го совладам материјалот. Може ли некој кој учи хемија оваа година да ми каже како е? Однапред благодарам.
Малце касно видов,извини. Нема прирачник,ќе си учиме од книгите од 1 до 4,е сега не цел материајл -само темите кои се за полагање.Ќе ви каже професорката сигурно. QueenN,оваа година хемија само првата тема е нова(биохемија),другото се е повторување од претходните години.Мислам дека нема да имаш проблем за совладување на материјалот,темата е обилна, но не е тешка.
И јас сум биологија екстерен и многу ми е страв, бидејќи и јас оваа година не учам биологија. Ако знае некој нека даде линк од програмата
За сите оние кои не виделе, темата за есеј годинава ќе биде извлечена од периодот на Хуманизмот и ренесансата.