јас наредна година ќе полагам: екстерни: македонски, англиски, биологија интерен: хирургија и гинекологија со акушерство со нега проектна задача: микробиологија и инфектологија со нега изгледа овие предмети би ги избрала бидејќи цел ми е медицина да продолжам
Брат ми одбра Македонски, Математика(основно) и Бизнис. Интерен: Електронски склопови и уреди. Ме интересира дали постојат прирачници по екстерниве предмети? Јас пред 4 години кога полагав учев од прирачник македонски и се беше од таму... Дали е задржано истото сеуште? Благодарам однапред
Ќе ме докрајчи матурава, дур не пројде.. Македонски, англиски, биологија и стручен.. Се океј ама врска немам биологија што ќе учам? Четири години ми предава професорка што врска си нема.. И ај иди ти научи за неколку месеци се
Да, сеуште има прирачници. Јас лани полагав , од прирачниците учевме Дела од тој период. Може да се падне да ги напишиш карактеристиките на ликовите од различни дела од тој период
А некој што има избрано математика да полага да ми каже како се припремаше сам (значи не на часови) или како планира да се припрема.. сакам да почнам да учам, ама незнам од кај да почнам
земи прирачник за матура и терај по ред, ја одбрав математика само напредно ниво, али скоро исто е, побарај прирачник и следи ги темите
Луѓе помогнете ми, за медицина во Бугарија строго е за примање? 2 год сум мн. добра и 2 год одлична, сега матурата ми остана уште... колку ќе ме зафркнат тие 2 год? Предметите ми се: македонски, англиски, биологија, физика
Екстерни предмети ми се : македонски,англиски и филозофија ! интерен: биологија и проектна биологија планирам да студирам биохемија ! Имам шанси со ваква комбинација на предмети? Се нервирам некои ми велат сум требала за трет екстерен да ставам биологија бидејќи повеќе ќе сум имала шанси на биохемија а овака не се знае ХЕЕЕЕЛЛЛППП
што и да ти велаат веќе е касно... што си заокружила тоа ти е не се менува тоа кога тебе ти текне... Нејсе и онака нема врска посебно на пмф и со историја ќе те примаат ко што нема студенти...
Дали некој од вас знае каде можам да го најдам тој виолетовиот прирачник? Во Просветно дело го нема. И дали знаете кој од двата прирачници (белиот и виолетовиот) е подобар?
Јас учев од виолетовиот и имаше се што се падна, освен мутавата „Небиднина“ од Ацо Шопов Лани мислам некои кажуваа дека го земале од тие антикварниците по кеј што се
Потребен просек за во државна квота Дали некој знае да ми каже колку од прилика би требал да ми биде просекот за да влезам во државна квота на економски факултет во скопје?
Па сигурно секоја година се менува, бидејќи зависи од смерот што го сакаш, а и од тоа каков просек имаат останатите пријавени. Како и да е, побарај резултати од минатите години и види си.
Леле, темава кога ќе ја видам се смеам. Колку паника кревавме тука, и на крај 99,9% од тука запишавме факултет и сега сме студенти. На идните матуранти сакам да им кажам да не се секираат многу, многу. И да не се нервираат. Седнете навреме повторете си го материјалот, смирено, полека, и ќе биде. И запомнете - секогаш, ама секогаш, во секој тест ќе имате по една Небиднина од Ацо Шопов, односно нешто што првпат во животот го гледате, така да, не се себе обвинувајте.
Секоја година е различно и плус зависи од смерот. Оваа година на некои смерови имаше со 50 поени во државна квота. Ама ти сеуште не знаеш колку поени ќе имаш дека не си полагала матура. Од кога ќе се објават резултатите, ќе си пресметаш.