ако може некој да ми напише малко за тема 1.Чајлд Харлод и Евгениј Онегин како типични претставници на романтизмот 2. Значењето на браќата Миладинови во периодот на културната преродба во Македонија
Дали некој знае дане има прирачник по англиски јазик или нешто најосновно што би требало да учам затоа што стварно не знам што да учам. Ви благодарам
Знам дека прашањето не ми е на соодветно место,но незнам каде да го пишам.Сакам да прашам дали некој знае да ми каже,да студираш на Европски правен факултет во странство,дали можеш после да работиш секаде во Европа,пример да се вратам пак во Македонија? Затоа што правен факултет е во прашање нели се учат правила,закони на една земја,не ми е јасно ова а на Европски тогаш ке може ли секаде да работам? Ќе бидам многу благодарна доколку знае некој да ми одговори
Англиски и нема што многу да се учи. Јазикот или го познаваш или не. Граматика нема да има, туку само ќе имаш делчиња од текстови, па да ги подредиш по ред, наслови со делови, па да споиш кој наслов со кој дел одговара, вметнување на дадени реченици во текст и слично. Тука нема што да се учи,единствено треба да обрнеш внимание додека го читаш текстот или деловите. Е сега за делот што е со пишување есеј/писмо, тоа можеш и во учебниците да го најдеш, мислам дека има објаснето. А прирачник само за тоа не верувам баш дека има.
Точно. Во врска со есејот/писмото, најпрво запазете ја формата на пишување. Си има правила што мора да се почитуваат за да ги добиете поените. Би требало на крајот од учебникот да има примери, разгледајте ги тие.
Мене ме интересира за тие што имаат избрано филозофија како трет екстерен тест, дали ви имаат професорите помогнато или кажано нешто во врска со есејот што ќе треба да се пишува? Или дали сте пишувале до сега есеј на часовите.
На оние од мојот клас кои што полагаат филозофија, професорката им помага и тоа како. Од секоја лекција им го кажува она што е најбитно и што би можело да се погоди како прашање на матура, и тие си потцртуваат во учебникот. Пред некое време знам им даде и предлог наслови што би можеле да се паднат како теми за есејното прашање. Но сепак различно е од професор до професор, некои има не се замараат за ништо, нашава е многу добра
Гледам погоре имате коментирано за англиски јазик. Членката беше во право, или го знаеш јазикот-или не го знаеш. Да научите сега пред матура баш и не може, може само да повторите. Во главно англиски повторете си ги времињата, читајте ги текстовите од учебниците и од претходните тестови на државната матура, особено тие со поврзување на пасуси, надополнување, со редење на пасуси под редослед, и убаво читајте го текстот затоа што може многу лесно да се избрза и да се направи грешка. Во врска со писмата, есеите, што и да имате, исто така гледајте ги тие од учебникот и од претходните тестови, и најважно од се`, вежбајте пишување.. Доколку досега сте учеле редовно и сте вежбале проблем нема да имате, јас вечерта пред матура само грубо повторив на саат време и имав 90 и нешто перцентили.
Девојки ме интересира каде може да видам резултати од последниве години од уписите на Медицински факултет?? Ме интересира во главно генерациски каква е конкуренцијата со поени. Би била благодарна ако ми помогнете.
Дали некој може да ми каже дали има излезено конкурси од Универзитетот„Кирил и Методиј“ -на кој факултет по колко студенти примаат и кога се уписните рокови? Благодарам
Еве тука провери, би требало резултатите уште да се пристапни. http://www.fakulteti.mk/upisi/2012-2013 ... s2012.aspx http://www.fakulteti.mk/upisi/2013-2014 ... s2013.aspx Сè уште не се излезени конкурсите.
јас избрав македонски,англиски,математика,социологија дали ви кажуваат нешто професорите?? дополнителни часови....вежбате нешто?? ви кажаа за интерниот прашања или барем насоки некои??? кај нас ништо....тотално се незаинтересирани
Што да кажам за сегшниов начин на запишување на факултет мислам дека не ми се допаѓа ама ич Во наше време имаше полагање на секој факултет , а сега земаш докумменти ги носиш на кој сакаш факултет со набиени петки од средно и запишан си каде сакаш Мисла не може ова не е добро ..
Луѓе што се случува со страната за матура?? Влегувам на matura.gov.mk потоа кликам на државна матура и не сака да ми се отвори страната.. Ај ако ги има некој тестовите по англиски јазик од претходните години нека ми пише лп!