Јас мислам дека е проклитика бидејќи тука имаме проклитика + глагол и плус е декларативна реченица и акцентот е на глаголот
Прати ми твој e-mail по приватна порака и ќе ти пратам. Околку клитиките, мене тоа воопшто не ми е јасно, дали може некој да ми појасни, бидејќи во прирачниците не ми е баш најјасно објаснето.
Наведениот пример Давајќи му го е енклитика. Клитики се: кратките заменски форми, формите на помошниот глагол сум, негацијата не, честиците ќе и би. Енклитики се клитики што стојат по полнозначниот збор. (мајка ми; кажете и; донесете ми ги Проклитики се клитики што стојат пред полнозначниот збор. (ја зел; не вика; не ја сакам Се надевам ви стана појасно
^ Го препишав од друг учебник за средно стручно, изгледа исто пишува. Јас го научив од таму, затоа го напишав
Ве молам, некој што е поупатен да ми одговори на прашањава... Брат ми треба да прави сериозна и итна операција на мозок во петок, а полагањето македонски е во сабота, со тоа НЕ Е ВО МОЖНОСТ да присуствува на истото. Дали постои некоја можност да полага пред август, некоја дупка нешто? И дали тие што полагаат во август матура, потоа фаќаат некој од роковите за упис на факултетите( знам дека првиот не, но вториот дали го фаќаат барем)? Фала ви мнооооогу однапред на одговорите!
Да, вториот уписен рок секако го фаќаат, тоа им е втора шанса да ги фатат овогодинешните уписи на факултет доколку првиот пат не биле во можност да полагаат или паднале.
Оваа година темата за есеј ќе биде од хуманизам и ренесанса. Дали само овие дела спаѓаат во овој правец:Пеколот,Хамлет,Дон Кихот,Канцониер ? Кај нас професорката ни кажа дека само за овие ќе било.Канцониер го нема во испитната програма и најверојатно нема да се падне .И дали ќе учете за пишување молба,извештај,биографија ?
^ Кога ти го прочитав мислењето, првото на кое се сетив е како ни Небиднина од Ацо Шопов ја немаше во наставната програма, ни во било каква програма додека барем во моите четири години средно изучувавме Македонски јазик и литература, а за Ацо Шопов лекцијата ја прескокнавме оти за него ништо немаше да има, па на крај ни ја опрчија толкава песна и не прашуваа што сакал писателот да каже, што е доста релативно и небитно прашање, кога на некои битни песни како Сердарот, кои сме ги обработувале не од прва година, туку од петто одделение, прашуваа колку глаголи и придавки има во реченицата. Сакам само да кажам бидете си спремни за се`, и особено за есеиве не бидете сигурни толку, се` што има во книгата убаво прочитајте си и распоредете си, и од граматика и од литература, и очекувајте неколку прашања за песМи што никаде претходно не сте ги прочитале, како и глупи текстови каде што одговараш прашања како во прво одделение, извадени од Кафе Пауза. Со среќа!
Девојчиња, некој да ми ги прати на меил прашањата од било која година, ќе сака ли? Страната стандард не се отвара, што е исто така многу кул работа моментално.
Имам едно прашање за есејот: слушнав дека не се препорачува да содржи реторски прашања. Дали некој знае колку има вистина во ова?
Ќе може ли некој да ми го одговори прашањето:Оваа година темата за есеј ќе биде од хуманизам и ренесанса. Дали само овие дела спаѓаат во овој правец:Пеколот,Хамлет,Дон Кихот,Канцониер ? Кај нас професорката ни кажа дека само за овие ќе било.Канцониер го нема во испитната програма и најверојатно нема да се падне .И дали ќе учете за пишување молба,извештај,биографија ?
Tи имаат една страна поназад одговорено. И според тоа што нас ни го кажа професорката, есејот би требало да биде преплетување на две дела, едната комбинација е Пеколот и Канционерот, а другата Хамлет и Дон Кихот. Инаку пишување молба, извештај, биографија нема Него да замолам и јас, нормално страната за матура никако не ја отвара.Некој да не ги има клучевите за тестовите од матура, доколку сака да ми ги прати?
Есеј за Хуманизам и Ренесанса без Пеколот не може, а мој совет е за секое од овие дела да си подготвиме по некое делче. Јас утрово саат и пол потрошив на есејот, со триста маки сум ги споила Пеколот, Дон Кихот, Хамлет и некоја реченица за Канцониерот. Иако со од еден период, заедно сите четири не ги бива! Се надевам дека ќе ни дадат шанса да ги поврземе Лаура и Беатриче, а на Дон Кихот и Хамлет не им е тука местото! Молба, жалба, такви работи - ПОДГОТВЕТЕ СЕ! Годинава сигурно ќе има, а по моја претпоставка ќе е или молба, или CV!
Добро луѓе зошто ширите лажни дезинформации Пишување на извештаи, молби, биографии, писма е исклучено од тестот уште од 2011 година.Значи има пишување на само еден текст-есеј каде што се бира на двете дадени теми, каде што едната е слободна а другата е од дадениот правец.
За есејот од хуманизам и ренесанса ќе може ли ние да си избереме за кои ликови од 2 дела да пишуваме или ќе наведат на пример за Беатриче и Лаура ?
Дали некој го има насловот на есејот по македонки јазик што е за државна матура??...оти сите деца кажуваат дека учениците од корчагин и јосип броз тито ги наоѓале секоја година насловите и тестовите Иначе нашата професорка ни кажа дека есејот што ќе биди од хуманизам и ренесанса ке треба ние самите да избериме автори и дела и од делата ликови со кои ке правиме споредба меѓу нив,а воедно да ја користиме и националната литература...поздрав