Ајт јас да си прашам -овие прилози, предлози, честици како ги учевте? Премногу се едит-може некој да ми објасни за предлошки предмет? Не можам баш да разберам од прирачников...
и Декамерон спаѓа во ренесанса...ние го работевме во 2ра година ама го нема во испитната пргорама aj ќе пробам......директен предмет нели бараме со прашањето КОГО или ШТО, индиректен со- НА КОГО или НА ШТО за предлошки исто како за индиректен само наместо предлогот НА со било кој друг предлог...пр. ВО, ОД, ДО.... на пр. Тој веруваше во неговата сестра. тој-подмет веруваше-прирок во неговата сестра-предмет...... предлогот е ВО....значи прашањето е ВО КОГО веруваше? -во неговата сестра
Дечки, сите што сакате да ви пратам неколку тестови од минатите години, пишете ми мејл во приватна порака. Воедно, ако ја отварате страната, отварајте ја рано наутро или доцна навечер, тогаш не е толку оптоварен системот и ќе ви се отвори. Јас лично не ги учам дефинициите, туку да знам кое каде припаѓа.
По македонски есејот за Хуманизам и ренесанса ќе биде да се пишува помеѓу Пеколот и Канционерот, а другата Хамлет и Дон Кихот, или по твоја желба ти за кој сакаш да пишуваш?
Можам да ви ги пратам тестовите за матура од сите претходни години и од август и од јуни...а ќе ми ја каже ли некој темата за есејот
Значи во Хуманизам и Ренесанса се: Божествена комедија, Канцониерот, Дон Кихот и Хамлет. Никој не може да каже кои дела ќе бидат опфатени. Што му ја знаеш, може и Бокачо да го вметнат. Не бидете олку специфични па да чекате се на готово. Доволно е што го знаеме периодот колку да подготвиме нешто за секое дело.
Не се дезинформации. Годинава сум 99% сигурна дека ќе има пишување на извештаи, молби итн. Е сега ти ако сметаш дека нема да има...
Може ли да прашам од дека си толку сигурна? нешто си разбрала од сигурни извори,или ти самата мислиш така ?
Не се дезинформации. Годинава сум 99% сигурна дека ќе има пишување на извештаи, молби итн. Е сега ти ако сметаш дека нема да има...[/quote] Може ли да прашам од дека си толку сигурна? нешто си разбрала од сигурни извори,или ти самата мислиш така ?[/quote] Не ми е јасно вака коа тврдите ова ќе има она ќе има може се да има или да нема, колку сте научиле сте научиле,додуша не видов во ниеден досегашен тест да има такво нешто за пишување бидејќи македонскиот јазик има многу поважни структури на кои треба да се даде акцент за да се оцени знаењето на ученикот
Kako mozi da se pisi molba,zelba ili nesto sli4no ko toa bese do pred 2-3 godini...i sega e ukinato...sega ima samo za pisenje esej nisto drugo..i ve molam aj ne gi plasejte idnite maturanti ova e mn apsurdno od vasa strana...sramota..ili ako znaesh i gi imas najdeno testovite kazi za da znaat site ..
Точно, македонскиот јазик има многу поважни структури кои треба да се акцентираат при оценувањето на знаењето на матурантите, НО жалам што ќе ве разочарам, на тестот се што е релевантно очекувајте да биде преполовено и небитно. Доколку ги разгледате темелно тестовите од изминатите години ќе видите дека сум во право. И не се потпирајте на сто посто сигурности дека ќе има или ќе нема ова или она. Писма, молби, жалби, тие се отфрлени. Есејот ви треба, ви носи поени, и тоа добри поени, гледајте добро подгответе си рецензија за тие што ви ги потенцирале како поважни литературни дела, или пак едноставно, одберете ја слободната тема за која верувам ќе има шпекулации демек носела помалку поени, што не е воопшто точно. И внимавајте, и добро повторете, верувајте дека матурата може многу поени да даде, но и многу поени да одземе, затоа, без паника, смирено, повторете си, и ќе биде, не е ич страшно.
Абе луѓе, да сакав да се зафркавам со вас, ќе ви речев дека треба да изброиме колку дрва на светот има. Ако сметате дека нема да има молби и такви работи - не учете. Не ве натерав. Јас од сигурен извор се обидов дискретно да пренесам, но и тоа не било за секого. Одма да не напраѓало.
Ги има ли некој тестовите од матура од претходните години и ако може да ми ги прати (со се клулчеви) Инаку ја планирам да си учам СЕ, не сакам после „изненаџења“.
Да кажеше уште од почетокот дека знаеш од сигурен извор, верувам дека немаше никој да те „нападне“, вака изгледа ти како да нагаѓаш што ќе има, а што нема да има. Во секој случај, благодарни сме ти на информацијата што ја сподели со нас. Кој сака ќе си учи и за тоа, кој не сака ништо.