Одете по книгата за матура и испитната програма ставена на страната за матура. Во испитната програма ги нема Канциноерот ниту пак Декамерон, така да од хуманизам и ренесанса остануваат само Пеколот, Хамлет и Дон Кихот. Според мене најмногу внимание обрнете на воведната песна од Пеколот и Хамлет.
И сега годинава ќе има пак пишување на молба, жалба, извештај итн. итн., или? Затоа што никој не ни беше кажал такво нешто, и самите професори по македонски мислат дека тоа нема да го има, и сега сум во недоумица, каде учев се друго, можам и тоа да го поминам, ама да не ми се собираат џабе непотребни информации ако не е ова точно...
Најубаво прочитај си за секој случај, оти кај нас со овој никаков образовен систем се е можно.Доколку дадат за пишување молба,извештај,жалба и сл тоа ќе носи 13 бода што е 1 оцена плус или 1 оцена минус.Според мене не би требало да има бидејќи е укинато од 2011 мислам.
Според мене нема да има пишување на молба, жалба, приговор бидејќи веќе имаме тема за есеј, а двете да ги пишуваме мислам дека нема смисла :/
Бидејќи сега го пишував есејот (нели за хуманизам и ренесанса) и дојдов до една дилема. Името на авторот на Дон Кохот е Мигел де Сервантес или Мигуел де Сервантес. Во литературата го сретнав и така и така, на интернет ги има и двете, едното во заграда и сега незнам како да го пишувам. Некоја од вас знае како е за сигурно? И ќе го сметаат ли за грешка ако тоа што ќе го напишам сметаат дека не е точното?
Кај нас се пишува Мигел Де Сервантес ,а на шпански се пишува Miguel de Cervantes.Шо значи дека за точно ке ти го сметат првото.
Насловот на есејот дали ви е познат помош ??? како треба да изгледа? секаква помош бии ми била добредојдена...
Неофицијално, темите за пишување есеј се следниве: - Човекот како центар во хуманизмот и ренесансата. - Влијанието на уметноста врз животот на човекот. Ги добив овие информации од македонист, се надевам дека конечниот избор ќе е овој. Со среќа!
^ ова ми е многу чудно :? Не ме сфаќај погрешно, едноставно не ми се верува туку-така да ги кажат темите Дај боже да е вака како што викаш...
Па со оглед на фактот дека скоро секоја година пред почетокот на тортурите наречени матура по македонски, се дознаваат темите, не ми е мене толку чудно. Обрнете внимание најповеќе на овие теми, што да кажам друго, ќе ми биде многу мило доколку тие и се паднат дефинитивно. Инаку, во темата од хуманизам и ренесанса, гледајте во темата да бидатат опфатени сите три дела од тој период - што ги има во прирачникот.
Како ќе ги поврзете сите три дела? Хамлет и Дон Кихот, ајде ќе се најдат некои поврзаности, ама Пеколот никако не можам да го спојам со овие две дела... Ве молам за помош!
Јас мислам дека ќе ви дадат или за Пеколот и Канцониерот,идеализираната жена или споредба помеѓу Хамлет и Дон Кихот,бидејќи ми нема логика сите на еден куп да бидат. Можно е и некоја општа тема,како оние што ги пиша анабела. Додека за другиот дел од матурата,не се трудете да ги барате прашањата,вечерта пред ние да полагаме имаше милион информации,а она што полагавме врска немаше со тоа Така да,не скокајте ништо,научете и некои поневажни песни и дела,бидејќи секако едно се паѓа Со среќа на сите
Нас професоркава ни рече божем нема врска како ќе се поврзат, туку да се напомне дека сите дела на некој начин извршиле преродба. Исто така не советуваше да го одбегнеме Канцониерот зашто не е во испитна програма. Инаку Корчагинци што ги знам велат дека CV ќе имало, така им рекле. Божем сигурно. Ама да не ширам дезинформации.
Дали некој ја има програмата за матура за биологија (екстерен) и хемија (интерен)? Не ја извадив, а страната е соборена. Фала однапред
Девојки, сега седнав да го пишувам есејот по македонски и сакав да ве прашам дали се бројат и сврзниците и кратките заменски форми во текстот ? Не знам бидејќи во школо никогаш не сме пишувале есеј со ограничен број зборови .