Мене ме интересира како да ги поврзам Дон Кихот и Хамлет, преку кои признаци? За неостварната и платонска љубов и идеализирањето на жената кај Канционерот и Пеколот пак ми е логично, има како да ги спојам, ама овие две и не баш Некако највеќе страв за есејов ме фаќа.
Јас мислам дека најубаво може да се спојат Хамлет и Пеколот,а за Канционерот колку што знам не ни е во испитна програма... Инаку и мене највеќе страв ме фаќа за есејов моментално немам никаква инспирација да напишам нешто.
A зошто не идете на опција слободна тема, за уметноста? Мене лично тоа ми се чини ептен лесно, и ќе имате можност да си искажете еден куп свои размислувања, ставови, ептен е супер за пишување. Јас најверојатно и тоа ќе пишувам, за првава треба апла тупење мозок, а тој дел ќе го надополнам со граматика уште еднаш. п,с Дечки, не можам да ви вратам на пораките, после секој обид за враќање - ми пишува Еrror, веќе месец уназад. Ај ем соу сори. Инаку, полагањето дефинитивно останува да биде на листови, електронскиот дел ни годинава нема да биде остварен.
Случајно да не знаете што треба да се пиши во вед,главен дел на темата „Човекот како центар во хуманизмот и ренесансата“-Фала многу за темата што ни ја кажавте...а воедно да не ги имате тестовите по македонски за сабота ..па и нив да ги видиме дали е тешко лесно xax
Кај Хамлет и Дон Кихот преовладува мотивот на лудоста.Хамлет се прави дека е луд за да дојде до својата цел т.е да го открие убиецот на татко му.Додека Дон Кихот си е природно луд
И двајцата се бореле против неправдата, но поради различна причина. Хамлет тоа го правел од себичност, т.е. да си ја зачува сопствената и честа на семејството, додека Дон Кихот имал искрена желба да им помогне на луѓето, без разлика на тоа што не успевал во тоа.
јас си напишав есеј Хамлет и Дон Кихот..затоа што пак си имаат логика, во спротивно ако го ставев Пеколот...ќе требаше лик да опишам..а таму нема ликови, освен во почетокот самиот Данте е опишан ..и после само круговите се опишани...па тоа некако ми нема логика...и плус Данте е претставник на предренесансата...додека на хуманизмот и ренесансата се Мигуел Серватес, Вилијам Шекспир..и др.
Темава во образование никогаш немала толку посетители Иначе сакав да кажам... испаднале некои муабети дека можело да има нешто и за ромео и јулија. А тоа не е во испитната програма... Што мислите, можат да не изненадат со вакво нешто???
Не, тоа сигурно не е точно, сега само се шират лажни информации и така. И плус тоа не е во испитната програма
Само сакав да прашам...дали откако ќе почнеме со полагањето во 10 часот, дали ќе бидат достапни тестовите на страната од матура ? Бидејќи така добив информации, ама незнам дали е сигурно
Тестовите од годинава? Апсолутно не, бесмислено е да бидат ставени во истиот момент - затоа што можат да бидат искористени за разни цели, што нормално не е поентата.
Данте Алигери со сигурност творел во период на хуманизам а не во предренесанса , така како претставник е наведен во прирачниците, а за ренесанса се Мигел Сервантест,Вилијам Шекспир и сл. Така да споредба може да се прави и со Пеколот
Дечки, официјално е објавено дека есејот ке биде за хуманизам и ренесанса ( карактеристики) со наведени два лика.Значи ке треба да се споредуваат два лика. -80% има шанси да се паднат Хамлет и Дон Кихот.
Ова ги добив информациите од една другарка, брат и пред некоја година полагаше, и ми кажа дека тестовите биле достапни одма по почнувањето на полагање
Данте Алигиери е предренесансен писател,роден е во Фиренца,Италија. -> Вака започнува најавата за Данте во прирачникот за матура од Ленка Панчевска. Така да,во Пеколот па нема и некој ликови кои би користеле за споредба за да се извлечат ренесансни и хуманистички белези
Ок јас имам прирачник од Билјана,а додатно на тоа во клучевите од тестовите Данте е класифициран во хуманизам . Инаку за есејот мн работи може да се вметнат кои би дале одличен текст сигурно нема цело време само на ликовите да се задржиш
Данте Алигиери е претставник на хуманизмот, а ренесансата е продолжение на хуманизмот така да дали ќе кажете дека е предренесансен писател или писател на хуманизмот исто ви се фаќа...
Во училиштата кај професорите. Денес бевме на подготвителна и професорката ни ја пренесе информацијата дека со два наведени лика треба да се прави споредба за да се доловат елементите и белезите на хуманизмот и ренесансата
Нас ни е слободно дозволено да пишуваме и за Пеколот како литературно дело од хуманизмот Ни рекоја во воведен дел појава и карактеристики на хуманизам и ренесанса, главен дел два лика од две дела и завршен дел споредба со македонската литература.