Човекот како центар на хуманизмот и ренесансата...Оваја тема 95% би требало да биде..е сеа мора ли да се даде во заклучокот споредба со македонската литература??..
Од каде си толку сигурна дека баш овој ќе биде насловот? Инаку за тестовите, нас ни кажаа дека оваа година ќе се полагаат два тестови..едниот црвен, каде ќе се наоѓаат прашањата на заокружување ,а другиот син. Прво го добиваме црвениот тест и заокружуваме т.е боиме на листот наменет за тоа и потоа овој тест се прегледува компјутерски. Откако ќе го предадеш тестот, се запишува час кога е предаден, па ти го даваат синиот тест кој ќе содржи прашања на надополнување,плус есејот. Инаку, дали знаете како се определува со кои ученици ќе бидеш во иста училница? До секое дете има број 4,5,15, па мислев дали ќе бидам во иста училница со оние кои го имаат мојот број или не ?
Јас сум малку збунета во врска со Пеколот, затоа што обработува тема на задгробен живот (нели Пекол, Чистилиште и Рај), ама всушност идејата во книгата е да се прикаже состојбата на човечките души по смртта со што му се укажува на човекот да изврши сопствена преродба. Фактички, Пеколот тука има алегориско значење, или грешка сум?
ЌЕ САКА ЛИ НЕКОЈ НА КОЈ ШТО МУ ЈА ОТВАРА СТРАНАТА www.matura.gov.mk ДА ГИ СИМНЕ СИТЕ ТЕСТОВИ ПО МАКЕДОНСКИ И ДА ГИ СТАВИ ОВДЕ???
Не знам како ги определуваат, ама броевите (барем кај мене во школо) означуваат во која училница полагаш. Сите со тој број полагате во иста училна.
Имам едно прашање за есејот по македонски, дали може да се пишува преку Хамлет и Дон Кихот (и двете се претставници на ренесансата) или мора преку Пеколот и Хамлет (претставници и на хуманизмот и на ренесансата) ?
Кога јас полагав лани, кај нас на огласна табла си пишуваше број на училници и под него листа на ученици кои полагаат во истата, подредени по ред со броеви 1,2,3,4, па се до не знам, 15, во неколку училници така. Си влегуваш, си покажуваш пасош или лична карта и си седнуваш на бројчето под кое си запишан на огласната табла, во соодветната училница. Не му се секирајте ич за ова, ќе има професори и тие што ќе надгледуваат на вратите, па нема да промашите. Само не заборавајте да си земете документ за идентификација (пасош или лична карта), бидејќи без тоа нема да ви дозволат да полагате, лани кај нас забораваа па трчаа дома, па имаше плачки. И внимателно читајте ги упатствата кои ви се дадени за решавање на тестот.
Aко есејот е општата тема за хуманизам и ренесанса,тогаш сама си одбираш преку кои ликови(дела) сакаш да ги претставиш признаците.Важно е барем преку најмалку два лика да биде, а можеш и да ги вметнеш и сите три ако сакаш
Не знам зошто го мешате пеколот кога програмата што е дадена убаво си вика Воведната песна од „Божествената комедија„ а не и пеколот. На ова ќе се надоврзам и за оние што прашуваа претходно дали можеле за “Канционерот“ да пишуваат. Не е пожелно, не ризикувајте, може да изгубите поени затоа што го НЕМА во испитната програма, независно ако е дел од тој правец. Исто како што „Гилгамеш„ не треба да го знаете цел, туку само 6та и 22та песна, затоа што тоа е наложено во испитната програма, водете се според неа. Ако прашуваш за есејот, ти се бараат Данте Алигиери, Вилијам Шекспир, и Мигуел де Сервантес. Не знам дали има и кои се македонски претстваници, и пак ќе кажам, не ризикувајте
Само мене ли ми се измеша се што учев? Ќе може ли некоја да ми објасни за слободен и врзан стих? Бидејќи тие воопшто не можам да ги разликувам...
Ако прашуваш за есејот, ти се бараат Данте Алигиери, Вилијам Шекспир, и Мигуел де Сервантес. Не знам дали има и кои се македонски претстваници, и пак ќе кажам, не ризикувајте[/quote] Да се корегирам, македонски автори од хуманизмот и ренесансата НЕМА.
Како може воа да биде кога убаво пишува дека кје биде од Хуманизам и ренесанса, и кога веќе си пишала дека е таа барем разјасни од каде, како, а не секој втор кажува која тема ќе биде!