Како одговоривте на прашањето за стилската фигура во песничката од Миладинов? Каков е односот на чичко горио кон ќерките?
Леле исто и кај нас. Блазе си ви на тие што сте препишувале. Кај нас таа што беше ако погледнеш настрана ќе те опомени пред да кажеш нешто ..... Мизерија
Инаку за сега знам дека имам минус 6 поени и тоа 1 заради погрешно боење 1 не решив а др сум ги згрешила, Како и да е сигурно имам уште грешки ама сега не е ни важно . Битно ја поминав , на нашиве факултети секако ќе не примаат А на тоа прашање што беше збирна множина од планини што пишавте ?
Планиње е точниот одговор. А на прашањето за односот на Раскољников кон неговото семејство како е точно? владее јаз?
Најкатастрофална матура до сега! Точка. Бесмилени прашања имаше ненормално многу, мислам планиње, сериознооо?!? Ни гугл не го вади како поим! Од граматика делот имам едвај едно точно прашање, ми идеше да ги искинам листовите на лице место. Се разочарав затоа што прилично бев сигурна во себе, се додека не видов какво ѓубре од прашања ни сервирале. Не сум воопшто задоволна, и мислам дека треба да се спроведе некоја иницијатива од професорите за намалување на бодовната скала, за некој бод подоле да оди, затоа што вака резултатите во глобала би биле права катастрофа! own:
Разочарана сум и јас дефинитивно. Учам редовно и не е да седнам ден пред матура да го учам прирачникот и пак беа тешки некои прашања. Чисто информативно, кај кодификација, Мисирков или Конески го ставивте? Исто за обредите и тажаленките, Маса или Велика?
Ve molam koj saka da mi prati odgovorite po bilo koj predmet...od III godina mat.B...ke mu bidam prezadovolen fala odnapred...pozdraav do site i neka ni bide so pomin i so lesno toa eksternoto testiranje.. D
За кодификација прашањето е Крсте Петков Мисирков, а за обредите е Маса, јас го заокружив Лазо Ночески и грешка ми е
Moже експлоататорска, користољубива власт (кај „Македонска крвава свадба“) ? Ликот кој се развива континуирано или како и да беше? Исто и прашањето за темата кај Горио, сите три ги напишавте или?
Исто и јас, крајно разочарана од тестот. Толку бев сигурна во моето знаење, знаев дури и најситни детали и учев константно цела недела. И од учебници и од прирачникот. Имаше толку глупави прашања, двосмислени и сега имаше по 4 можни одговори (проверете од досегашните матури, имаше само по 3 можни одговори). Извадоците беа ставени како за украс, само 1-2 прашања можеше да се одговорат преку извадокот. За кодификација на јазикот и јас мислам дека е Блаже Конески. Правописот според него треба да биде фонетски. Збирната множина планиње. А оние именките кои завршуваа на -ние беа глаголски именки така ? Јас ова го пронајдов во учебникот и многу беше зезнато, бидејќи најчесто глаголските именки се образуваат со -ње, но многу ретко се образувале и со наставката -ние. И уште ме интересира како напишавте за ликот во развој во Македонска крвава свадба? И она последното прашање со Миладинов многу беше неконкретно, 2 или 3 одговори беа можни.