Ликот во развој го лупнав Дуко, зашто од чиста блокада не ми текна како се викаше Спасе!!! А милион пати мислам дека ја имам прочитано драмава, ама и ме влечеше Дуко некако. Во секој случај или него или Цвета ќе ја одберев, многу други Цвета ја напишаа. Миладинов национален идентитет го ставив. Види прирачникот на интернет од Билјана, делот што е значењето на Зборникот.
Ухх па јас поминав не толку задоволна колку што вложив труд.Не знаете колку ми е криво!!! Сите послаби ученици ке истават исто колку и јас само ради што се препишуваше.Имам грешки многу најчесто на тие бесмислените прашања од горе. Да не знае некој како оди птценувањето, ми кажуваа дека имало врска колку поени имал првиот? Ајде неколку информации од посикусните помина полагањето да видиме сега како ќе оди ? Се секирам многу
Незнам навистина, ова е бесмислено Mногу работи кои СИГУРНО ги имаше во претходните години беа изоставени (правилно пишување на зборовите, хипокористици-чувствен однос, архаизми, турцизми, синоними, хомоними, антоними, зависносложени, независносложени реченици со сврзниците, образување на времиња...) Најглупава матура дефинитивно... Ги жалам генерациите кои доаѓаат
Јас 4 години учев македонски ама стварно УЧЕВ со сите букви наместо, во секое значење на зборов, сега повторив, одговорив некои од прашањата за екстерно(им се извинувам на тие што им ветив да им ги пратам по меил одговорите неможам да си го отворам меилот), и така сигурна во себе и во образовниов систем отидов да полагам матура. Ама тоа што ми го дадоа е се освен прашања вредни да стојат во матурскиот испит!! Побогу па се знае збирна множина се прави од именки од машки род(лист-лисје...) и како ви звучи планинје!! немакедонски нели... Каков бил односот меѓу Расколеников и семејството негово, ималоли јаз, да имало јаз, тие имале друга слика за него но имале мноогу силна семејна врска, сестра му била спремна да се мажи за да го издржува него во град, мајка му му дала се што има...тоа е врска во која има јаз?? Иии да Блаже Конески во 45та ја напишал кодификацијта на мак јазик ама ПРВ прв научно аргументиран, теориски солидно поставен и практично разработен проект за кодификација на македонскиот јазик е ЗА МАКЕДОНТЦКИТЕ РАБОТИ на КРСТЕ- потврдено од википедија. Да се вратам на матурава значи премноогу небитни работи на сметка на најбитните,премногу ситницикои ни случајно после 5-10 години нема да ми паднат на памет... Да ви се плукнам на дипломите македонисти кои сте ја составувале матурава, да ќе извадам 4 може и 5 ама и онака не ми е битна оценкава за на ПМФ проблемот е што моето 4 годишно учење оди во вода, вие ни приближно не ќе го процените моето знаење или незнаење со овој тест
Да, кај Мисирков практичното се гледа во тоа што „За македонцките работи“ го има напишано на јазик каков што сметал дека треба да биде литературниот, ама ај, други Конески го напишаа и секогаш ми иде да се убијам кога инстинктите не си ги слушам, најголема грешка која ја правам скоро на секој испит (а ги имам многу полагано). Темата во Горио? Три се проклети, а главната не е наведено која е, едино ако не се водиме по насловот...ама Ежен е може да се каже главна преокупација, па кој да им ги чита мислите сега... А кога ќе помислам дека преходните матури со по 3 грешки максимум ги имам пројдено...
Исто и јас сум крајно изреволтирана, на толку учење... една глупава матура да ме зезне па да не можам во државна квота да си се примам... Немам мотивација да ги учам останатите прeдмети.. Се' уште не знам кои ми се точни одговори кои не, веќе заборавив што сум одговарала. Подобро приемни на факултет да се полагаа, барем ќе учев нешто што ќе ми требаше за во иднина.. ...
“Првичните резултати од екстерниот дел од државната матура ќе бидат објавени околу 13-14 јули, а конечните резултати околу 24-25 јули.“
Потполно си во право за матурава наша. И јас прво помислив на планиње ама мислам дека тоа во лит. јазик не се употребува и пишав планини. Знам дека не е точно бидејќи тоа е обична множина ама бидна веќе . Инаку отпосле си мислам можеби одговорот е нема , дека намерно го ставиле ...
Претпоставив дека ќе имате вакви реакции, и лани ние реагиравме исто, но мој совет е - заборавете. Што сте напишале, напишале, што сте згрешиле сте згрешиле, надевајте се сега на добри перцентили и гледајте си ги другите предмети, да си ги повторите, иако и таму не треба да очекувате многу, конкретно за Англиски јазик, имате еден куп текстови за читање и подредување по пасуси. Македонски ако сте ги одговориле прашањата со глупите текстови како за прво одделение, сигурна сум дека ќе имате некои добри перцентили. Бидна што бидна, само да знаете вистинските стресови допрва ќе ве чекаат на факултет, и ова ќе го заборавите, смешно ќе ви биде, дури и ќе ви фали, верувајте.
Сакам да прашам: Дали ако на прашањата на надополнување имаме згрешено, па пречкртано, па напишано точниот одговор, дали точниот одговор ќе се важи ако сме имале чкртаница претходно?
1. Првиот научно аргументиран, теоретски и практично разработен текст за кодификација на македонскиот јазик го предложил? 2. Во реченицата: Тој, сигурно, веќе пристигнал во градот: модален збор е ? 3. Науката која ги проучува сопствените имиња се вика? 4. Определи ги предлошкиот предмет во реченицата: Со малата крошна мајката му подаде шумска јагода на дедето. 5. Првите македонски писатели своите книги ги пишувале на ........ јазик. 6. 3боровите решение и соопштение припаѓаат на видот......... именки. 7. Повратните глаголите се разликуваат од другите глаголи по тоа што во себе вклучуваат...... форма. 8. 3а каков правопис се залага Крсте Петков Мисирков во своето дело „ 3а македонцките работи“? 9. Каква гласовна промена се случува при изведба на множинската форма од именката Орел? 10. Во зборот прелетавме морфемата лета се нарекува ..... морфема. 11. Образувај збирна множина од именката Планина. 12. Како гласи долгата заменска форма за директен предмет за трето лице множина? 13. „ Змијата“ во извадокот А, претставува симбол за? 14. Целото драмско дејство во драмата Мак. крвава свадба се темели на конфликтот помеѓу... 15. Кој е гласноговорник на новите, на револуционерните заложби ? 16. Низ целата драма единствен лик во развој е ликот на 17. Како се вика театарската група која ја основал војдан Чернодрински која се смета за основоположник на мак. театар 18. Во која година првпат е изведена драмата „ Македонска крвава свадба“ 19. Од што е изловена љубовта на ќерките кон таткото, според приказната во романот Чичко Горио 20. Чичко Горио се обвинува себеци за односот на ќерките, затоа што не се : 21. На крајот од романот, Горио сознава дека неговиот татковски однос кон ќерките бил само: 22. Балзак е писател кој е претставник на литературниот правец 23. Во кој век создавал писателот Балак? 24. Според темата, каков вид роман е делото Чичко Горио. 25. Која е главната тема на романот Чичко Горио
По колку бода носеа тие текстовите за сонот,и тај тексто за вештини и знаења.Рачунам јас и максимално ми излават се на се вкупно 75 бода од сите прашања,текстови,и есејо.
Зависи, секоја година различно...колку што знам лани од 85 нагоре беше за 5ка..е сеа ств нз по колку носат...Иначе есејот носеше 20 поени ??
13 поени беше есејот а што напишавте кај извадокот од "Утешение грешним" ??? што симболизира челикот, или како и да беше прашањето???
Не се сметаа поени, туку перцентили се сметаат. Сега друга работа што сакам да кажам е за прашањата.Навистина ви беа бесмислени, ама стварно бесмислени.Доста е бесмислено како се вика науката за имињата, Балзак на кој период е претставник, на кој јазик првите МАКЕДОНСКИ ПИСАТЕЛИ ги пишувале своите книги, што е гласовната промена во множинската форма на орел ( е ова е веќе смешно), она за челикот итн. Дури и смешно беше што Македонска крвава свадба ви ја дадоа, да дадете одговори за неа и ликовите во драмата,да напишете дека Дуко ја носи во себе ревоулцијата и дека конфликтот е помеѓу двете страни, од една страна нашиот поробен народ, од друга страна окупаторот со својата надмоќ.Тоа е тоа, најтешката матура до сега. Луѓе не знаете што ве чека. Не знаете што е да седиш буден со ноќи , да подготвуваш испит 15 дена- месец, два , сите одговори на заокружување да бидат точни, ама еден најточен, да те бутнат за поен, да не ти дадад оценка плус за 0,2.Што да ви кажам.По една година навратете се тука и прочитајте си го постот колку тешка ви била матурата и споредете со тоа што тогаш ќе го имате.