jas napisav: temata e 1.dramata na cicko Gorio. 2. moralnoto propaganje na Ezen de Rastinjak 3. Pansionot na gospoga Vorter
И јас мислев тоа да го пишам, но бидејќи беше потенцирано ГЛАВНАТА тема, се фокусирав на животот на Горио.
2. Чувството на револт заради кое Раскољников го сторил злосторството е засновано врз? а. тешка економска состојба б. незрелост и неодговорноста в. неговата духовна дефрадација г. желбата за освета kako odgovorivte?
Ги ставив во спојлер да не издолжувам. Вака одговорив: 1. Г 2. А 3. Б 4. А 5. В 6. Б 7. Б 8. В 9. Б 10. Б 11. Б 12. Б 13. Б 14. В
4. Определи ги предлошкиот предмет во реченицата: Со малата крошна мајката му подаде шумска јагода на дедето. 4. Точниот одговор е „со малата крошна“. „На детето“ одговара на прашањето „кому му?“ и тоа е индиректен предмет. “Со што?“ е прашањето за предлошки предмет во случајов. Јас сепак би рекол на детето бидејќи Предлошкиот предмет е многу сличен со додатоците на прирокот за околности. Во примерот: Ќе одам на роденден кај него.- може да прашаме: каде? - кај него, па во тој случај имаме додаток за место. Бараме со прашањето на кого--на детето..и македонист го провере ова прашање и рече дека е точно..а да ве прашам кога ќе ни казаж резултати оти кој ќе чека до 15-16 јули тоа е многу..
Добро, било што било ,неможеме да ги корегираме одговорите кои сме ги запишале, нели, а сите имаме аргументи зошто така сме одговориле, ако не е така немало така да одговориме, единствено што ни останува е да ги чекаме одговорите на матура.гов.мк и да видиме “кој е во право“ Но сега за АНГЛИСКИ како од што ќе учите??
Aко македонски беше толку бесмислено и некоректно, се чудам англиски што ќе правиме... Сепак, сигурно ќе има некои зборови кои прв пат ќе ги слушам (иако добро го познавам јазикот), па сигурна сум дека англиски ќе бидат многу послаби тестовите. Мене ме буни, во најпрвата вежба за Чичко Горио што беше од синиот тест, сите прашања со дополнување беа по 1 бод или имаше некои и по 2? Мислам дека таму ќе е многу субјективно оценувањето и дека таму повеќе поени можат да се изгубат... Јас мислев дека по еден поен сите прашања носат, но ете некои велеле дека и по 2 поени имало таму?
Абе се е тоа до среќата. Учев една недела од сабајле до сабајле што се вика, ненормално. Тој ден бев 0 саати спиена, со 4 кафиња, растресена цела ЗА НА КРАЈ ПРАШАЊАТА ДА БИДАТ ШТО САКАЛ ДА КАЖЕ АВТОРОТ! Раскољников зошто ја убил бабата, некои заокружија ради економската положба, ја отидов ради освета пошто нели, го чул муабетот помеѓу двајцава. Ама и он немал пари.... На Војдан Чернодрински глупата група.. што ја скокнав коа учев, мислев нема да се падне. Другиве прашања не ги коментирам, ќе скренам. Есејот ајде де, беше океј на место, бар тоа сум сигурна дека ми е таман Другово грешка.. Цел живот имам 5ка македонски, во основно ми беше класната професорка по македонски и се убивавме од учење! Сума сумарум 1. Матурава немаше врска со прирачникот, БАР СО МОЈОТ НЕМАШЕ 2. Сите ја испозаебавме квалитетно 3. Најлошите ученици си препишаа така да скоро сите ќе имаме исти оцени, петкаши или тројкаши не е битно 4. Ова не беше тестот кој треба да го пресуди нашето знаење за македонски јазик. Прашање : имам 5-6 грешни од оние по 1 бод. Шта би било кад би било ? И да.. ВИЕ ШТО СТЕ НА ФАКС НЕ СЕ ЖАЛЕТЕ ЌЕ ВЕ МОЛАМ. АКО ОВА ГО ПАДНЕМЕ, НЕМА ЗА НАС ФАКС
17. Како се вика театарската група која ја основал војдан Чернодрински која се смета за основоположник на мак. театар? Скрб и утеха
Не би се сложила. Еве јас сум апсолвент, па стресот кој го доживеаев кога полагав матура, нај најискрено никогаш го немам доживеано на факултет, нити ќе го доживеам пак. Толку учење, толку замор, толку неизвесност... Јас стварно сочувствувам со децава кои сега полагаат, само едно не ми е јасно... Ве читам сте пишале учев цела недела константно... Мили мои, тоа апсолутно не е многу време. НО јас ја спремав мојата матура месец ипол, бев првенец со награди за есеи и поеми, правопис и граматика скоро секогаш без грешка, пофалници, македонски ми беше еден од омилените предмети, нема лектира која не ми била убаво прочитана и на крај имав 3ка. Толку ме скрши тој резултат што буквално се каев што пропуштив најмалце 30 покани за искачање и журкање и се тресев над книга. Сега имам испити и писмени и усмени, имам колоквиуми, не викам дека не е стрес, ама имаш втора шанса, па и повеќе. Имаш прилика да отидеш во најкраен случај кај професорот да замолиш да полагаш, јас би рекла дека 80% имаат разбирање дека во животот се дешаваат и глупости и дека не секогаш некој паѓа испит заради мрза. А овде, ни знаеш во чии раце иде твојот тест, втора шанса имаш да, ама скоро 100% губиш можност за запишување во државна квота на одбраниот факултет. И на крај, се е за џабе. Тие што се неписмени ќе си останат, а знаењето преку матура никој не може да го процени. Она што под итно мора да се врати се приемни испити на факултетите. Ем ќе се намали гужвата и нема да бидат 90% високо образовани, а 60% плус магистри, ем да речеме реално ќе се запишат ученици кои имаат желба и труд да го завршат избраниот факултет. Јас само ќе ви кажам издржете дечки, после матура ништо не е толку стресно, ЈАС ВИ ВЕТУВАМ.
Секоја матура си има своја потешка и полесна страна, исто и оваа, но сакам да го искажам мојот револт за нешто што се провлекува со години низ матурата. Мои блиски ми кажувале (братучеди од мали населени места во Македонија) дека кај нив се препишувало без контрола! Тоа е така секоја година, не велам и на секое место, но е многу поразлично од она што се случува кај нас во Скопје. Кај мене лично чуваа професори што беа каде-каде поригорозни и не можевме да препишеме ништо. Она што најмногу ме иритира е што по таа основа се зголемува бодовната скала и потешко се добива петка, а исто така и тие имаат многу поголеми можности за упис на факултет иако учеле многу помалце од некои други. Стварно не знам како може тоа да се подобри, јас на сите им посакувам успех, но мислам дека секој треба да си го заслужи истиот. Знам дека ништо нема да промени мојава примедба, но сакав само да си го кажам тоа што е реално и ме мачи!
Нема да коментирам за двосмислените прашања, но сум тотално разочарана.. . најмногу од тестаторите. Нормално дека никој не сака да има строги тестатори, но ова беше претерано. Цело време викаа по мене, кажи ова кажи она, ме знаат одлична ученичка и ајдееее.. НО, Отидов до WC на 2минути и кога се вратив во учиницата тестаторката ги читаше моите одговори на послабите ученици. Со кое право?!?! Како смее така да направи...јас ако сакам да кажам на некој ќе кажам, а не вака... и што кога јас учев и со денови не спиев? А некои не се замараа и си излегуваа секоја вечер.. и на крај исти оцени.. Едноставно не е фер....