Ај нека пише некој што знае, англиски освен формално и неформално писмо друго што точно треба да се извежба што друго има за пишување на матура ?
ЗНАЧИ УБАВО СИ ПИШУВА ВО ИСПИТНАТА ПРОГРАМА ДЕКА ТРЕБА И ТОПКА И СФЕРА. Кога веќе е популарна и читана од секој, поубаво би било да се поставуваат веродостојни информации.
Англиски и нема што да се учи, а мене најмногу ме загрижуваат вежбите со подредување параграфи, вметнување зборчиња во текст. Многу се двосмислени Ако македонски беа толку комплицирани, се чудам англиски... Јас знам дека ќе има формално/неформално писмо до 100 зборови, а и есеј до 180 зборови. Се надевам нема да е некоја глупава тема, па да се блокирам и да немам идеја што да напишам. И не е фер дека ни се полагањата на разлика од само 2 дена. Барем сите да се полагаа понеделник и вторник, а не вака многу е набрзо. Јас имам филозофија екстерен, за есејот мислам дека некако ќе се снајдам ќе напишам нешто, но многу голем е материјал и ПРЕМНОГУ се мешаат делата на сите филозофи. А во примерите имаше дека ќе има таква вежба со наведени 5 филозофи (пример) и 10 дела, со поврзување. Тоа мислам дека ќе е прилично тешко. Неколку вежби ќе се со заокружување, а ќе има и со дополнување. За есејот ќе има веројатно некакви насоки, да дадеш сопствено мислење и да поврзиш со идеологијата на филозофот (ако има извадок од книга некоја и да го пиши филозофот). Единствено кај есејот незнам како ќе бодираат, но и ме буни тоа што пишува аргументација од филозофска литература, а и користење на филозофски поими. Има некој сознанија конкретно за ова ?
Околу филозофските поими мислам дека ќе бидат дадени неколку поими кои ќе треба да ги вметнеш, односно да ги споменеш, а веројатно и анализираш во есејот. Сега не знам дали ќе треба сите да се споменат или доволно е само неколку. На пример може да ти дадат поими како на пример: психоанализа, сублимација, его, либидо, инстинкт на задоволство, принципи Ерос и Танатос и слично ако треба да се зборува за Фројд да речеме. А околу бодирањето на есејот мислам дека пишува во испитната програма за филозофија. Јас искрено се надевам дека нема да дадат некоја ептен тешка тема за есејот по филозофија. И дека ќе има доволно насоки за тоа како да се пишува есејот.
Луѓе знае ли некој дали списоците ќе бидат сменети или ќе бидат исти како на Македонски? Во нашата генерација нема никој да полага втор екстерен Математика па дали е можно да не ги менуваат по што некои викат ќе ги сменат минимално, други велат дека нема?
Списоци има нови за секој предмет што се полага..и кај нас има само двајца што полагаат хемија и се ставени двата во иста просторија..значи списоците се стигнати уште од минатата недела..поздрав
Ве молам сите што имате некои информации за делот пишѕвање англиски јазик ве молам да ги споделите.Можеби имало претходно некој пост со теми, а да сум го пропуштила нека коментира
Значи на матурата англиски има два дела за пишување. Воедно секој дел носи по 25 поени. Едното писмо ќе биде формално или неформално писмо а другото ќе биде есеј . Кај формалното или неформалното писмо фондот на зборови изнесува од 80-100,додека пак кај есејот околу 180 .
Дали некој ги има тестовите по англиски јазик симнато од страната за матура заедно со клучевите, да ги извежбам, се енрвирам не ги симнав навреме и сеа страната не е достапна..ве молам ако некој ги има да ми ги прати во приватна порака или нека ги прикачи тука како му одговара..однапред благодарам
тоа не се знае,се дознава на денот на матурата само ако го знаеш јазикот доволномснабдена си со доволно потребен вокабулар ќе се снајдеш секако не бери галје ..