Да не има некој да ми прати материјал по предметот бизнис , утре полагам па да повторам нешто , а не ги земав книгите од школо ... и да не знае нешто некој по детално како ќе биде за тие што полагаат бизнис ??
Со среќа денес . Се надевам не сте како мене ,предозирана од кофеин и цела непроспиена ноќ како што треба.
Да не има некој програма за македонски што треба да се учи за матурски испит? Од што се состои испитот и дали по македонски се пишува есеј? Ако е да, на која тема, има ли некои предложено?
Очигледно е дека не си полагала со редовните ученици.Вака испитната програма http://www.matura.gov.mk/data_files/sta ... matura.pdf тука ти пишува се што ти е опфатено и од кои теми ке има на тестовите. Инаку есеј, да ке има обавезно од 300-500 зборови.Па за овие што полагаат јуни темата беше извлечена од хуманизам и ренесанса ( конкретно падна ,,Човекот центар во литературните дела на хуманизмот и ренесансата"). Е сега не очекувај дека ке ти падне истата тема според мене, а инаку хуманзимот и ренесансата останува како тема од која ќе биде извлечена темата за есеј.
Ти благодарам за одговорот. Јас одамна го завршив средното, но прашував за друг. Во мое време имаше полагање матура, ама јас нели како одлична, па бев ослободена од истото и врска немам што и како полагале. А сега конкретно ме интересираше за полагање матурски испит а не државен испит што ќе треба за упис на факултет. Од што се состои испитот по македонски и ако има некој прашања по интерна медицина и педијатрија со нега, ќе му бидам благодарна ако ми ги копира тука или да му дадам скајп да ми ги испрати.
Некој да не ја има зачувано програмата за биологија како интерен предмет? ЛП ако ја имате, страната за матура повторно не работи и не можам да ја видам Благодарам однапред.
Срцка џабе што и да ти кажеме. Кога се работи за завршен испит зависи од професорот, кај секого е различно.
Инаку девојки како поминавте денес бизнис? Мене ми беше многу лесно Изгледа дека прва год е екстерен па затоа полесно. Имаше и некои прашања што се повторуваа ако приметивте Само што не ни дадоа дигитрончиња , па и моб ни ги земаа на почеток па морав 10 мин да изгубам за 18 % од 53.04 Како и да е супер поминавме , сигурно ќе паднат многу 5ки
Феминки како си пројдовте биологија... ја добро како се надевав супер излезе на крај како го решивте 11 прашање со крвни групи ?
Зошто нерешени ?? Лесни беа. Мислам постапката беше лесна ама и задачите особено последната цена на чинење 20 ден , маржа 4 ден , ДДВ 4,3 (така мислам дека ми испадна ) и продажна цена 28,нешто Дебакл ... само таа пред неа ме мачеше со тоа децималите 10 мин пресметував 53,04х1,18 Мизерија .... Се мислев со 2те запирки што да правам и на крај само си ги измножив и ми испадна 95472 и логично ми беше запирката да е после 9
Па ние никој немавме учено задачи, професорите не се замараа што ни предаваа и никогаш не ни ни предавале таква тема. А сам никој не земал да ја помине таа тема, сите мрзливи. Ај другото беше лесно ако нишо друго
никако си поминав имам многу грешки и една прашања не напишав тоа кај плавиот тест. ми беше многу тешко ..