“Првичните резултати од екстерниот дел од државната матура ќе бидат објавени околу 13-14 јули, а конечните резултати околу 24-25 јули.“
Девојки, дали знае некоја како иде трансферот од еден на друг факс?? Во мојов случај ќе се запишам на Правен, а исто аплицирам и за стипендија на приватен, па ако ја добијам, да се префрлам на другиов. Ќе следат плус трошоци, компликации и сл. ?
Девојки,има ли некој сознанија дали постои опција со нотарски заверени документи да може да се аплицира на 3 факултети во Скопје,не само на еден?
Да не знаете дали изводот од матична книга на родени треба да не е постар од шест месеци или нема врска колку е стар?
^ Тоа зависи од факултетот на кој сакаш да аплицираш. Ќе биде наведено кога ќе објават кои документи ќе ти бидат потребни.
значи вака, на листот што ни го дадоа за црвениот тест убаво ни беше даден пример како треба , а требаше да се избои целото кругче убаво до линијата истото ни го кажаа и тестаторите , не знам што толку се буните. исто така ни рекоа дека нема да ни бидат признаени кругчиња кои не се убаво избоени, туку се само обележани
Аплицирањето се врши единствено со оригинални документи, а ти ако решиш нотарски да ги заверуваш, тие понатаму може да ти послужат ако ги изгубиш оригиналните (што не е ретка појава), за да ги поттикнеш да ти ги најдат или да ти направат нови. И јас сакав да направам аплицирање во неколку универзитети во ист уписен рок, ама ништо.
Da se nadovrzam so prasanje: Dali trebase da se boi i crvenata granicna linija, ili samo ptrostorot vnatre bez nea..?
што сте се потресле толку кој како обоил... не ќе се сите уметници, вие гледајте да сте го погодиле точниот одговор, та за друго... крукчето требаше да се обои до црвената линија, и неа да се обоеше не е страшно, само НЕ надвор од неа... што сте направиле, сте направиле, уживајте во летото сега
Сакав да пишам во темата за сообраќаен факултет, ама мислам дека тука имам поголеми шанси да добијам одговор. Средно завршив транспорт и шпедиција, и сакам да продолжам на Техничкиот факултет во Битола, на сообраќаен отсек. Меѓутоа, ме буни тоа што на страната на факултетот нема никакви подетални информации како што има на конкурсите на другите факултети. Ве молам, ако има некој сознание дали допрва ќе има информации, или пак било каква информација во врска со смерови и слично е добредојдена. Благодарам однапред.
Од тоа што е за информации има колку што гледам има три смерови во сообраќаен отсек Сообраќајно-транспортно инженерство,Сообраќајно-транспортна телематика и Сообраќајно-транспортни системи и технологии.Сите имаат по 10 студенти за во редовна квота и 5 за приватно.Толку имам јас се надевам нешто имаш полза од тоа.
“Првичните резултати од екстерниот дел од државната матура ќе бидат објавени околу 13-14 јули, а конечните резултати околу 24-25 јули.“ Spoiler Не знам веќе по кој пат го објавувам истиов одговор. Да вратеше една страна назад ќе го најдеше податоков. И тоа прв