А и првите резултати што ќе бидат на 13-14 јули,дали ќе можат да се видат на страницата кај што пиши резултати на матура.гов.мк???
При упис на факултет дали се добива некој поен повеќе доколку имаш диплома за ученик на генерација?Професорите ми велеа дека се добиваат повеќе поени но од претходните генерации ми велеа дека не е точно.
1. од кога почнува електронското пријавување??? Spoiler јас пробав да ја отворам страната ама не ми ја отвара..... 2. кој планира да се запише на економски??
Задолжително електронско пријавување на www.upisi.ukim.edu.mk за новите студенти од 25.06.2014 до 15.08.2014 г. до 14:00.
А што ако не се пријавиме електронски во дадениот рок? Плус за некои факултети вели дека пријавувањето ќе се одвива по завршувањето на матурите, а еве матурите завршија и уште не може. Или ова важи само за ПМФ?
Не се добиваат поени, јас бев минатата година ученик на генерацијата и ништо. Затоа што по сите основи можат да се добијат најмногу 100 поени, 60 - од средно успех и 40 од матура, а не се земени предвид поени од дипломи од натпревари и слично.. барем не на нашите факултети. Меѓутоа може да ти се најде за стипендија, за упис на некој факултет во странство и така нешто.
Лани колку што се сеќавам електронското пријавување почна непосредно по објавувањето на резултатите од матурата, и заврши на денот на поднесувањето на документи на самите факултети, и ако не се лажам вака освен на ФЗФ беше и на Правен и Економски, бидејќи имам другарки кои запишуваа таму и знам во ист ден електронски пријавувавме, и поднесувавме документи. А доколку не се пријави до дадениот рок, после тоа мислам дека системот ја трга опцијата за пријавување и тоа е тоа. Сепак, лани колку што памтам и на ФЗФ имаше комјутери на лице место пред да поднесеш документи да можеш да пријавиш, доколку си немал прилика.
А какви се тие првични резултати од матурата кои треба да испаднат денес или утре? Не разбирам дали ќе бидат точни или не?
Ајде веќе кога ке бидат резултатите,ме нервираат. Цело лето ми помина со глупости за матура .. па и за запишување на факултет
Тоа се всушност резулатите, со оцена и перцентили за секој предмет, но ако некој не е задоволен и смета дека има напишано за поголема оцена / перцентили, може да поднесе приговор. По разгледувањето на приговорите, без разлика дали ќе биде некој прифатен или одбиен излегуваат конечните резулати. Ова важи само за оние кои ќе поднесат приговор, а другите секако ќе ги имаат истите резулати како и првичните.
Е многу одолговлекуваат со резултативе...лани ова време беа излезени И знае некој каде поточно ќе бидат објавени пошто лани имало многу технички проблеми со страната на интернет кај што ги објавуваат ..
Прелиминарните резултати од државата матура ке бидат објавени на 15 јули-вторник.Информацијата е од сигурен извор.
Лани беа излезени резултатите на 7 јули...а ова година претераа..оти не видовме асолно лето,распуст и така натака.....