Тогаш ќе бидат конечните резултати, а сега прелиминарните. Иако тоа ти е исто, на конечните резултати има измени во оценките само кај оние кои поднеле приговор и им го прифатиле приговорот и им ја смениле оценката.
Ќе умрам, никаква организираност, пукнавме од неизвесност до бесконечност. Проклети да сте. Па што уште чекате.
Сеуште не може да се одбере град и училиште, така што нема уште.Meне ми пренесоа после 12 дека ќе имало. Резултати реално гледано требаше многу порано да има, ама како се во државата, така и ова. Едит:Мене уште не ми отвара, ама ми отвори другарка.Горе долу задоволна сум две 5 и 4ка, посебно од мак. не очекував 4.
Резултати има ама какви :/ Ептен сум разочарана, значи тоа што очекував 2ка имам 4 а тоа што ми беше за 5ка ми е 3ка еј Ај сеа некој убаво да ми објасне шо како оди за приговор и вреди ли да се поднесе ве мооолам
На страната на Државна Матура имаш Формулари за приговори. Таму имаш и упатство како да го поднесеш приговорот. Според мене, барем од тоа што ми го имаат кажувано - ретко на кого му прифаќаат приговор, иако вреди да се обидеш ако не ти е тешко да дадеш 1000 денари.
Оти не можам да видаммммм ??? Не сака да отворе.. град и училиште пак така не можам да одберам... е нервираммммм
Ги отвара сите, прво внесете ги сите податоци освен Град и Средно Училиште и кликнете Најави. После ќе ви даде опција да одберете само Град и пак ќе кликнете Најави. Е, дури од трет пат ќе ви даде опција и за Средно Училиште и фактички само од трета успева.
Исто и кај мене, живци кинам 15мин. и повеќе wear Едит: Ми отвори конечно, ај кажете ми само со колку перцентили е 5ка македонски ?
Кај мене до пред малку отвараше многу брзо, сега малку поспоро отвора. Јас проверив за едно пет-шест души без проблем.
По што падна бе душо? Јас очекував лоши резлутати, дека ќе паднам, нооо кога отворив ќе паднев во несвест две 5ки и една 4ка.
Ај стварно нека каже некој. јас имам 89.66 перцентили и имам 4. Од колку почнува петка? И англиски кој добил петка нека ги пише перцентилите.
На 11 август се полага мајчин јазик и литература, на 13 август странски јазик, на 14 август математика, естетика и филозофија, а на 16 август се полага биологија, хемија, физика, историја и бизнис.