http://join.finki.ukim.mk/CalculatorNew.aspx Eве тука пресметај си ги, само што треба да си ги знаеш сите оценки по редослед од прва до четврта. И јас имам македонски 4 со 89,66 (не знам како може така,ама добро), а англиски имам петка со 97,86 перцентили. Инаку во врска со перцентелите, веројатно за секоја оценка ги пресметуваат перцентелите посебно. Затоа варираат оценките и перцентелите. Има едно девојче од моја генерација има 5 германски со 20 и нешто перцентели што е апсурдно. Така што перцентелите се пресметуваат според тој што има најмногу, односно тој што е најдобар. Перцентелите покажуваат од колку проценти од матурантите со таа оценка си подобар.
Тотално сум незадоволна од матурава.. Како може 4 години да имам 5 по македонски, да одам по надпревари и на матура да добијам 3, а англиски што не знам ни за 2 на матура да добијам 5. Не ми се верува ова што се дешава, кој знае како ги прегледуваат тестовите.
Како да поднесам приговор? И дали се плаќа нешто ако сакаш да поднесеш приговор? Физика полагаше некој? Ако да, што оцена има?
Makedonski imam 4 so 91.94 percentili petkata izgleda zapocnuva od 95. Angliski imam 5 so 99.94, a hemija 5 so 86.20 ...Ne znam sto da kazam, razocarana sum mnogu, 4 godini skroz odlicna,za na krajot da mi se sluci ova. [izvinete za latinicata,od opravdani pricini pisuvam so nea.]
Ме интересира како поминавте математика? Јас сум тотално разочарана. Од 4години средно, сите 4ки и 5ки писмени, матура 2ка. Значи и јас не бев задоволна од напишаното, ама не очекував толку слаби резултати. Од цела гимназија само една 4ка и сите други 2ки и 3ки. Не ми се верува...
англиски паднав „Следната испитна сесија е во август, или поточно на 11 август се полага мајчин јазик и литература, на 13 август се полага странски јазик, на 14 август се полага математика, естетика и филозофија, додека на 16 август се полага биологија, хемија, физика, историја и бизнис“ доколку некој падна како мене еф тука се напишани датумите за август.....
Дали во калкулаторот ги пишувате и оценките од екстерното тестирање ? Нели и тие влегуваа во просекот.
До задутре (17.07.2014) до 15 часот (мислам дека е до 15, не сум сигурна). На тој линкот што го пратив пред некое време (од ФИНКИ), не се бараат екстерните, само оценките од предметите.
Ова не е можо биологија јас имам 4-ка со 84,15 перцентили,а едно друго дете од мојот клас доби исто така 4-ка со 56,68 перцентили..ова не е можно...ај кажејте вие што полагавте биологија што оценка имавте и со колку парцентили.. ина4е математика имам 5-ка со 97.06 перцентили а македонски 4-ка