Оди во училиштето кадешто си учела, ќе те информираат како оди процедурата. Ако го прифатат приговорот, ги враќаат парите.
никој од форумов не може со сигурност да ти каже дали ќе направиш добар избор ако поднесеш приговор. тие од министерство, знаеме више, лудички се малце.. ама има и различни прегледувачи, некои прогледуваат низ прсти некои не.. дали си сигурна дека другарка ти не си напишала и нешто по свое? без да препише од тебе? во секој случај уште еднаш убаво види си ги резултатите. и бизнис сме учеле, ризикот ти носи 50:50, или добиваш или губиш, а 1000 ден. башка и не се малку, сеа е период на одмори, уписи... ако ти се фрлаат за да ти се расчисти сомнежот, ок... ама ако и онака не ти мења ништо и имаш висок просек и поени за државна квота, ќути си трај си терај си.. Со среќа во секој случај
Не можам да ги видам резултатите од матурата.. Пишува дека податоците не се пронајдени.. Му се јавив на класниот и ми вика не знаел ништо.. Да не знае некоја што е работава, слични искуства, совет?
Девојки еве и јас да ви го пренесам моето искуство со матурата. Приговорите кои ги поднесоа моите соученици, со над 90 перцентили по македонски, беа прифатени сите до еден, и оценките им беа променети. Јас положив со 4ка, но по пресметување на поените видов дека имам доволно за да влезам во државна квота на факултетот кој планирав да се запишам. Е сега, не можете да знаете колку ученици ке се поднесат документи на одреден факултет, но генерално земено, може да увидите кои факултети имаат повеќе кандидати. Пример е економскиот или правниот, и да не ви биде криво што не сте во државна за една бројка после запирката (што неретко се случува). Па така, доколку планирате да се запишете на факултет каде има оргомна конкуренција, воопшто не се мислете за приговорот. Но, доколку на пример, планирате на електро или машински каде влегуваат сите запишани студенти, во државна квота, според мене, нема потреба од поднесување приговор. Со среќа нека ви е.
На едно девојче од клас и се случи истото и откако се јави во ДИЦ и кажаа да оди во школо да си провери.
Jас сум си задоволна од отцените на матурата затоа што знам дека она што си го напишав си е мое знаење а не на бато или дада што ми праќаа пораки по телефон Галје ми е што имаат другите, си учев 4 години си имам просек сега за две четворки немам намера да се нервирам. Имам четворки со по 92 и 86 перцентили македонски и англиски и не ми паѓа на памет да пишувам приговор и да давам 2000 денара за џабе. Имам 95,6 поени па кај и да е треба да влезам помеѓу тие 300 души во државна квота на правен
Многу сум сигурна,она немаше учено пошто е послаба ученичка и апсолутно СЕ препиша од мене,прашање по прашање. Знам дека не се малку пари и баш заради тоа се мислам,ќе размислам до утре како и да е фала ти многу. Највише ми е да не не влезам во државна квота зашто на економски има доста голема конкуренција,ама ќе видиме секој со своја среќа
Јас се мислам дали да поднесам приговор за македонски, имам 89.66 перцентили, ама не знам дали да се обидам, можеби ќе ми смени нешто, можеби не.
И јас се мислев за тоа дали да поднесам приговор, но решив да не поднесувам. Значи премногу е апсурдно сето ова, сите македонски 3ки, математика исто така.. Не знам како проверувале но не е како што мислат повеќето. Тие ваљда не гледаат колку имаш напишано, туку и скоро се да имаш напишано ако има 10 души подобри од тебе па макар и за половина бод ти ќе имаш пониска оценка од нив. КАТАСТРОФА!! нема да поднесам приговор затоа што кога прегледуваат треба да внимаваат (а и сиг сум дека внимавале) и не ми е логично да плаќаш 1000 ден за тоа што они биле слепи таму, бог да се чува. Ајде ќе се тешиме со тоа дека ќе ги вратат парите, но кој гарантира? НИКОЈ!! Не би ни требало да има приговори, а веќе ако има треба да се бесплатни, ебати државата скапана дали ги има некој тиа 1000 ден Замислете поднесувам приговор и на 25ти ја гледам истата оценка. Не ми е целта со ова да ве предомислувам ли нз шо, едноставно сум многу разочарана. Значи физика професорот цел тест ми го реши и на клучот проверив речиси се ми е точно а тие 3ка ми ставиле. Физика не полагаа многу оваа год еве да речиме 10 души од цела држава и сега ако 5-6 од нив имаат 5-6 поени повеќе од мене јас треба 3ка да имам? Катастрофален начин на оценување!! А и да поднесам приговор, може ке ми ја сменат оцената али нема да а сменат оваа држава, не ми е мака за тоа 3ка што имам, туку зошто вака ни прават, зоштооо!!! Извинете, можеби некаде сум вулгарна/арогантна, али ми пукна филмот!!
и ја се нервирам зошто на тебе и на некои други професорите им ги решаваа тестовите а некаде имало групно решавање а некој ке се поти 3-4 саати да решава епа мислам хелооооуууууууу
македонски јазик и литература 4 91,94 англиски јазик 4 83,35 биологија 4 50,85 ЗНАЧИ СЕ НА СЕ АНГЛИСКИ СУМ ЗАДОВОЛНА СО 4КАТА ТОЛКУ И ОЧЕКУВАВ АМА МАКЕДОНСКИ И БИОЛОГИЈА 100000 % СУМ СИГУРНА ДЕКА ТРЕБА ДА ИМАМ 5 ЗАТОА ШТО ПРЕМНОГУ ДОБРО ГИ РЕШИВ ТЕСТОВИТЕ. Колку само прецизно не се прегледувани тестовите тоа е премногу очигледно ама ако алал да им .Ни јас не знам што да правам ни како дали вреди да се поднесе приговор..
За тие што се мислите дали вреди да се поднесе приговор. Да ви кажам дека ВРЕДИ, затоа што голема е веројатноста да ви ги зголемат барем перцентилите, ако не оценката. А доколку ви ги зголемат перцентилите, макар и за еден, парите ќе ви ги вратат. Во спротивно не губите ништо, освен илијада денари, кои вака или така ќе ги потрошите, а доколку планирате да се запишете на некој факултет каде што има голема конкуренција, понекогаш и 0.01 поен е многу важен. Сите знаеме колку се реални оцените од матура и сличните на неа, но кога веќе во голеем дел учествува среќата, потпрете се на неа уште еднаш.
Според формулите за пресметување поени од минатата година имам 96,258 поени. Ќе аплицирам на општа медицина во Скопје.