Може некој да ми каже каде се запишуваат резутативе од матура ? од сигурни извори ? во дипломата за средно образование или каде ?? бидејќи во сведителтво не влегуваат ... инаку имам 94,68 вкупно ? што мислите би се запишала на ФИНКИ или ФЕИТ ?
некој заинтересиран за правен фах в струга ? Воедно...од колку перцентили започнува 4 ...по македонски јазик и литература ?
Ќе може некој точно и со сигурност да ми каже до кога може приговор да се даде и до колку саат дека утре сабајле ќе бидам во македонија па дали имам шанса??
Толку се разочарав и изнервирав вчера кога ги видов резултатие ми се идеше сите да ги испоубијам таму... македонски 3/52,15,англиски 2/ 8,91 и филозофија 4/49,72 ... од ниту еден предмет не сум задоволна посебно англиски ... до детали се препишав(освен е-mail и писмото) од една школска таа има 4 јас 2 ... барем 3 мислев дека ќе имам напишав и писмо и е-mail ..... па каква неправда е оваа незнам ... ова е луда куќа ништо не се знае ни кој јаде ни кој пие ... сакам да поднесам приговор ама гледам дека сите велат не ни ги чепкаат приговорите па за ѓабе ли ќе фрлам пари ... во план бев да се запишам на филозофски-социјална работа и социјална политика ... а сега незнам што ќе правам како ке биде
Некој да не знае од колку поени примаат на пмф- биохемија и физиологија ??? Ако знае нека каже, сакам да знам колку поени имал оној последен на листа
Есејот и e-mail-от ти носат половина од вкупните бодови така да овие две прават голема разлика, а и не е работата само да се напишат, треба есејот да има конструкција, идеја како и целина, да ти биде граматички точно и сл. И ти не можеш да зборуваш за неправда поради како што кажа се си препишала, за разлика од некој друг кој за истата оцена вложил многу труд.
Значи луѓе пукнав и јас верувајте. Оваа не е држава, да и се мочам и на државата и на се. Мене не ме изненадија резлутатите од матура, фактички го добив она што го очекував и мислам дека се реален показетел колку знам. Туку мене ме јаде друго душата, од личностите од минатите години кои аплицирале на медицински факултет, со положена матура по историја, социологија, филозофија и ги гледам влезени во државна. А личности со положена матура физика, хемија и биологија се во приватна, а кој знае дали и таму успеале да влезат. Дали ова е реален показател, колку поени имате и колкаво знаење сте покажале во однос на другите? За мене личноста која аплицира на медицински вреди многу повеќе нејзината положена матура хемија макар и 2 че да има, отколку личноста што се стреми за медицински со историја, филозофија или социолоигја. А гледам дека ги има и годинава таквите. А бе толку сум нервозна што ми иде да ги убијам. Че си го потам газето да повторам цел материјал хемија или биологија од изминативе 4 години што и онака е преобемен, а некој ќе се заебава и ќе си зеде филозофија што се учи една година, и овде фактички не треба да учиш ништо и онака си го учел само во 4та година и се владее добро материјата. И на крај го гледаш во државнааа квота лисецот. Алоооо, ми зовре крвта кога дознав за ова па еве како се стигнува до 95 поени. Никој не те казнува што не си зел соодтветен предмет. Повеќе се исплаќа да полагаш некој несоодветен. Ако те казнат, ќе бидеш казнет само половина поенче, максимум до 1 поен од предмет зависи од перценталните рангови. Апел до идните матуранти, милички земајте да полагате нешто што најмногу ви лежи како предмет, најлесно го учите и колку што е можно подалеку од струката што ќе ја студирате, во глобала да нема никакви допирни точки со истава. Пример ако се одлучите за правен факултет земете си предмети за медицински и обратно, многу повеќе се исплаќа верувајте. И ако е можно земајте да полагате повеќе училишна матура или завршен испит. Пошто резлутативе биле достапни на интернет и памтам дека во државна квота имаше кандидати со положена училишна матура или завршен испит, а кандидат со положена државна матура бидејки има помалку поени бил во приватна. Зарем не гласи правилото кандидат кој аплицира на државните високообразовни установи да биде со државна матура и доколку не бидат пополнети квотите истиот да има предност без разлика на поените од оној кој полагал училишна матура или завршен испит. Пошто не е исто да спремаш 5 предмети за матура и да спремаш 2 предмети со училишна. Еве јас го осеќам ова на своја кожа а го осетиле и многу други, ама не е ни чудно. Ова е македонија. По правило несодветен предмет треба да се вреднува со 0 поени, и кандидати со положена државна матура секогаш треба да бидат пред останатите мили мои. секогаш. така е во повеќето земји во светот. Поздрав
Од колку перцентили започнува 5 по македонски јазик и литература? И дали некоја корисничка знае колку поени минимум се потребни за запишување на ФИНКИ, ФЕИТ?
Петката македононски започнува некаде од 95 перцентели. А за на финки конкуренцијата е голема, по резлутативе што сум ги гледала од минатите години не памтам некој да биде влезен со под 85 поени. Не знам годинава како ќе биде. Може че имаш среќа. Поздрав
oд 95 .. Иначенмноогу сум незадоволна . Јас никогаш не мислев дека ќе добијам 3ка по македоснки. Англиски 4ка и биологија 3ка. Крива сум за биологија дека не учев многу. (само што признавам) И уште нешто да ве прашам, дали некоја ќе се запише на Европски фак.?