Здрави девојки! Денес се пријавив на Филозовски факултет- Специјална едукација и рехабилитација (Дефектологија). Ме интересираше до каде сте вие со изборот на факултет, да не има уште некоја од вас за на овој смер?
Е и мене ме интересира тоа , таму нели пишува можат да се внесуваат броевите 2,3,4 и 5 .. а ја имам 1 на екстерно и како да го внесам ако треба да се внесуваат ?
Ve molam vase mislenje za faklutetot Makedonski jazik i knizevnost i ako moze da mi dadete poveke informacii za toj faklutet sto se uci dali e tesko ?? fala odnapred
^ Најверојатно имале премалку поени од потребното. На Филолошки за странските јазици полагаа приемен испит лани, па најверојатно од тоа е.
Мое мислење е дека не треба да се внесуваат тие оцеки затоа што се како дополнителни, а и мислам дека факултетите немаат начн за пресметување на оценките од екстерно. И годинава се преметуваат поените на начинот на кој што се пресметуваа и лани (а лани тие што завршија немаа екстерно). Плус никаде нема наведено да се стават оценките од екстерно. Не за џабе во свидетелството се издвоени од предметните оценки.
Ама оценките од екстерно се сметаат како 2 дополнителни предмети кои влијаат на општиот успех на ученикот и истите имаат уллога при запишување на факултет. Така да треба и во пријавата нив да ги внесете. Оценките од екстерните и изборните предмети влијаат на успехот и се внесуваат во пријавата, со исклучок на факултативните, тие не се вклучени во општиот успех и нема потреба од нивно пишување при пополнување на пријава.Поззз.
Епа ако треба и тие од екстерно да се внесуваат, кажи ми како да ги внесат единиците тие што добиле единици на екстерно?
Што е толку тешко? Ќе си ги внесеш оценките кои си ги добила, е сега штом единица си добила,ќе си внесеш единица во пријавата. Здравје за понатака. Воедно оценката од екстерно ти е вклучена и во општиот успех, излишно би било да не ја пишуваш во пријавата. Како што знам оценките од екстерно им го зезнаа успехот и на некои полуматуранти при упис. Значи оценките од екстерно вредат исто толку колку и оние задолжителните и се сметаат и при упис во средно, а не пак при упис на факултет. Уште еднаш внеси си ги оценките од екстерно, да не имаш некои проблеми. ова ти еден добронамерен совет. Позз
Зборев за тоа како да се внесат во електронската пријава. Таму немаш опција за внесување на било која друга бројка освен 2,3,4,5. Фала ти за најдобронамерниот совет, како и да е.
Лесно и едноставно. Овие оценки од екстерно ќе си ги вметнеш при останатите. Пример во 4 - та година имаш 12 предмети, ке си ги напишеш оценките шти ги имаш во свидетлество од сите 12 предмети и до нив плус ќе ги додадеш овие од екстерно. Па и да не ги внесеш не е толку опасно мислам, секако им ги носиш свидителствата. Комисијата при факултетот ќе разгледа и ќе види таму се. Ако не пак почекај, уште цел месец имаш до уписите. Може ќе се смени нешто. Зошто волку брзате не ми е јасно. Си отварате дополнителна работа само. Че изменат нешто потоа пак че треба одново да се пријавите. Уште не се ни официјални ниту резлутатите од матура, а штотуку излегоа не пак за екстерниве. Пола македонија од форумот пишува приговори за оценките од матура. Ти си запнала со пријавување толку рано. Почекај малку не губиш ништо, некој сето тоа го има во предвид Позз.
Валери значи не се разбирате. Она прашува ЕДИНИЦИ како да внесат од екстерно во пријавата пошто има можност само за 2,3,4 и 5 да се внесе.
Да да, токму така, не се разбравме како што треба, но јас и реков да почека и воопшто да не се брза, бидејки има уште цел месец до уписи. Ке го рефрешираат електронското пријавување, па ќе стават и опција за единиците од екстерно. И тогаш ќе може убово да се пријави. Електронското пријавување е од лани . Да не се грижи за тоа уште сега да биде пријавена, бидејки секој што сакал, бил запишан на факултет, ниту еден не останал не запишан.
Мене и да ми се брза, не можам да се пријавам бидејќи не си ги знам сите оцени на памет. Така што не прашував за мене за единиците туку само споменав заради тоа што некое од девојчињата погоре спомна дека има единица на екстерно и како да ја внесе, па и на мене не ми беше јасно. Веројатно ќе го сменат системот па ќе може да се внесуваат сите оценки, иако полесно би било само просекот од секоја година да се внесе. Во секој случај фала што се потруди да објасниш
Ovaa za kaj medicinski fakultet 2013/14 nema za konecni rezultati,ima li na nekoe drugo mesto da najdam ?
Не ми е јасно за какви оценки зборувате при електронско пријавување ? Јас се преијавив електронски само со лични податоци, а да внесам оценки никаде не ми се бараше ..... На калкулаторот на финки што е таму го пресметував успехот, а инаку електронски се пријавив на линк кој што беше постиран на страната на пмф . Ако има некаде да треба да се потполни: лични податоци и плус оценки пратете ми линк ..
Не знам ти каде си се пријавувала електронски, можеби ПМФ имаат посебен начин на пријавување, ама ова е страната каде што електронски се пријавуваш. https://www.upisi.ukim.mk/Account/Login ... urnUrl=%2f
Не мила, бива ли волкав баксуз да си? Во конкурсот пишува дека во прв и втор уписен рок на медицина, фармација и стоматологија на студиските програми при угд штип не може да конкурираат кандидати кои имаат под 80 поени. А теби ти треба не цел поен. Каков малер.. Јас за ова се нервирав цело лето бидејки имав слаб успех сите 4 години минував со 4,0 просек, но за матурата добро се стегнав, научив ептенската, ја сработив супер и имам 82 поенчиња. Се надевам во приватна квота да влезам. Ама имам некоја надеж дека ќе ме примаат, и мирна ми е сега главата инаку пукав од плачење и нервози се дур не излезоа резлутативе од матура.