Moже линк од конкурсот за уписи ? на страна на мојот факултет нема ништо (сакам да видам чисто информативно , инаку веќе студирам)
За електронското пријавување, дали ако се пријавиш порано имаш поголема шанса да влезеш на тој факултет или нема врска?
Апсолутно не. Се' зависи од тоа колку бодови имаш. Факултетите ги рангираат студентите исклучиво по тaa основa.
Имам другарка кој сега ќе се пишува таму, скроз одлична сите години и цела матура ја направи со петки. Срце е и многу е надарена за оваа професија и посакувам многу многу многу успех
http://www.fakulteti.mk/Files/konkurs-upisi.pdf Тука можеш да ги најдеш информациите за уписи за сите факултети
Па нели од пред некоја година го укинаа тоа, и нема врска колку се стари. Јас вадев лани, на изводот имам траен печат... Ми важи. И сега не знам дали да вадам нови, бидејќи и на факултети.мк пишува дека изводот и државјанството не мора да се до 6 месеци.
Има ли некој што се пријави електронски на Универзитетот Св.Климент Охридски Битола? Јас неможам да се пријавам, бидејки ми ги дава за избор само Висока медицинска школа и Факултет за безбедност....Дали доколку некоја се пријавила и се случило истото?
Да но пишува дека оценките мора да се впишат по ред како што се во сведителствата... ќе мора да чекаме да ни ги дадат.
Задолжително електронско пријавување на www.upisi.ukim.edu.mk за новите студенти од 25.06.2014 до 15.08.2014 г. до 14:00.