1. НЕ треба да се носат свидетелства од основно, што ќе им се на нив тие свидетелства. Под тоа класови, се мисли на сите четири години во средно. Значи само свидетелствата од прва до четврта ви требаат, плус дипломата за завршено средно образование. 2. Покрај електронската пријава, на лице место се пополнува уште една пријава на која се внесува бројот од електронската пријава што сте го добиле. Веројатно треба да се однесе и ископирана електронската пријава, но можеби и не мора бидејќи сепак се става бројот/кодот што сте го добиле. 3. Во зависност од тоа на кој универзитет ќе се запишувате, а потоа во зависност на кој факултет (дали има приемен испит на тој факултет или не), треба да се уплати одредена сума на пари (уплатниците за тоа се). Така што пред да тргнете да се запишувате, прогуглајте малку на интернет, ако ништо друго отворете ја официјалната страна на универзитетот/факултетот на кој планирате да се упишувате и барајте информации за се што не ви е јасно. Ако не се снајдете, отворете на fakulteti.mk таму барем сигурно после неколку клика ќе најдете информации што ви требаат. Во конкурсите се убаво си пишува, убаво е објаснето колку пари, кои документи, ама кој ги чита....
Ова го најдов за упплатниците: -300 денари на жиро сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата, односно -500 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет -1000 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети Колку разбрав на факултетите на кои нема приемен треба да уплатиме само 300 денари.
ЧЕЕКАЈТЕ, СВЕ ИСПОМЕШАВТЕ. Пријава купуваш од таму, а исто така печатиш од iknow системот на крајот кога испратиш апликација за упис, имаш да симнеш некои документи и да отпечатиш. Е таму се наоѓа напишана уплатница од 300 денари само, интерен лист, универзитетски лист, електронска пријава, документ со кој докажуваш дека нема да ги земеш документите од факултетот во наредните 3 месеци и други кои што се непотребни освен за тие што сте дисперзирани. Значи првиот пат се носат документите : Уверение доказ за државјанство(не постаро од 6 месеци), извод од матичната книга на родените, електронска пријава која ја печатиш, пријава од таму што се зема, диплома за завршено средно образование(тоа е документот со резултатите од матурата), четирите свидетелства од 1-4 година и 300 денари уплатено на сметка на факултетот за поднесување на документи за упис. Тоа е тоа што треба да се напрви прво, на уким на 14 и 15 Август, е кога излезне конечната ранг листа, ќе излезат и сумите кои што треба да се уплатат. Тогаш, на 25 чинам дека беше и 26, носиш уплатници со 3 слики две средни една мала али тоа све накнадно ќе известат
Мене ми кажаа дека за државна или приватна квота се плаќа кога ќе се појде на факултет во период после 15-ти септември ( во следните 2 недели )
Мене ми дадоа светло зелена диплома. Во која ги пишува перцентилите и сите предмети што си ги полагал на матура. Е тоа ти е доказ дека си положил државна матура. А какво е тоа оргинално свидетелство за завршено средно. Па не ми дадоа такво чудо кога ги подигавме дипломите, од каде се подига?
При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи: 1. пријава за запишување 2. електронска пријава 3. оригинални свидетелства од сите класови 4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование) 5. извод од матичната книга на родените 6. доказ за државјанство на РМ (уверение или решение) 7. потврда за уплатa: - 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата
'Во случај да не сум рангиран за државна квота, согласен сум на кофинансирање' ^Ова треба да се (од)штиклира, а дали значи на пример ако не те примат на првиот смер во државна, ако го имаш штиклирано, автоматски те префрлаат на првиот смер на приватна, А ако го немаш штиклирано и не те прифатат на првиот смер државна, автоматски те префрлаат на вториот смер државна? И дали треба да се пополни моминско презиме (ако да, чие?)
како ви стигна лозинка за електронското пријавување,зошто мене ми стигна корисничко име и ми пишува 'кликни овде за да го активираш корисничкото име' и кога ке кликнам ми ја отвара страната за најава,а немам лозинка
Треба да си се регистрираш на страната, не оди најави се туку иди регистрирај се. Јас кога зачленив, отидов регистрирај се и внесов е-маил адреса пасворд све тоа ми стигна на е-маил линк кликнав и ми се активираше акаунт
Тоа значи дека ако не исполнуваш услови за државна квота, дали да те преместат во приватна квота . На кој факултет сакаш да се запишеш ?
Тоа ми е јасно, но нели има на пријавата да си ги подредиш смеровите по ред. Во случај да не се согласувам- ме префрлаат на втор смер државна Во случај да се согласувам - си останувам на првиот избран смер, но со кофинансирање? тоа ми беше прашањето, се надевам дека не е конфузно...
да,се регистрирав и нели на маил ти стига корисничко име и под него има линк за да го активираш корисничкото име,јас кога ке кликнам за да го активирам ме носи на страната за да се најавам
Епа да, веќе си регистрирана..и сега само треба да се најавиш за да можеш да ја пополниш електронската пријава =)