Да ве прашам нешто ако некој случајно знае..бидејќи на почетокот го утнав смерот и отидов на друг,(за среќа се префрлив на смер што исто така е дел од тој факултет каде што сум) е сега,од септември ќе треба 1 семестар да го запишам?а 2 година како?
Значи и од трета и од четврта година треба да се внесат екстерните оценки како последни два предмети, така е??
Не треба средно училиште. Потребно е само да ги пополниш сите полиња што ти се бараат. На страната на http://www.finki.ukim.mk/mk/home ќе најдеш кај Прашањата "Постави прашање" Така е. По редослед како што е во сведителството.
помагајте...треба да ја пријавам сестра ми и сега ме мачи ова што е кај екстерните предмети.... што е тоа перцентилен ранг број 1?????? оваму кај оценките од средно се пишуваат по ред оценките од предметите како што ги пишува во свидетелство??? АЈДЕ ПОМАГАЈТЕ
Женски се испонервирав сега....Планирам да се запишам на Забен техничар и сега пак го отворив конкурсот (по незнам кој пат) и почнав да го читам и забележав дека под некои точки пишува дека за да конкурираш на тригодишните медицински смерови треба да имаш завршено средно медицинско ... а јас завршив гимназија ии сега незнам колку ке биде точно тоа ..Дали да пробам да се запишам или пак да си терам друго решение...Ваше мислење???
Медицински сестри - стручни студии *** Физиотерапевти - стручни студии *** Медицински лаборанти - стручни студии *** Оптометрија и очна оптика - стручни студии *** Забен техничар/протетичар - стручни студии *** Акушерки *** *** Кандидатите кои сакаат да конкурираат на овие студиски програми е потребно да имаат завршено средно стручно образование од областа на медицината. Еве тоа го пишува ии сега незнам што да мислам
Во резултатите од матурскиот испит, покрај оценката имаше и перцентилен ранг (на пример македонски јазик 5 перцентилен ранг 95,80), тоа 95,80 е перцентилниот ранг и треба да го напишеш во полето. Така има за сите три екстерни испити. И да, по ред како што се наредени во сведителството + оценките од екстерното тестирање во трета и четврта (тие одат на крајот)
Јас веќе ја испратив пријавата без да ги внесам оценките од екстерно тестирање, просекот ми е 5,00 и со нив и без нив. Дали би можело да има некаков проблем зашто не ги внесов??
Zdravo devojki. Dali nekoja moze da mi kaze kratko i jasno sto treba da se isprinta od elektronskata prijava, i najkasno do koj rok treba da popolni(ili rokot zavisi od fakultetot za koj aplicirame).
Дали некој знае колку поени миниму м треба за на мед.факултет за логопедија и дали некој од вас ке се запишува на тоа
Ги исконтактирав така што пријавив „проблем“, односно направив нов тикет на страницава. Ќе ти стигне на мејл број на тикетот со кој ќе можеш да го следиш статусот на твоето прашање, ама кога ќе ти одговорат пак ќе ти дојде мејл во кој ќе ти го пишува одговорот. Мене во рок од еден ден ми одговорија на прашањето.
Девојки да ве прашам што би било ако интерниот го штиклирам како соодветен, а не ми е .. многу луѓе истото го правеле и ништо не изгубиле, сепак ми е ризик некако
Ќе имаш 2-3 поени повеќе од заслуженото. Па ако повторно ги пресметуваат поените на факултет само ќе ти ја поправат "грешката" и ќе те рангираат според точниот број на поени. А ако ги рангираат кандидатите според поените од електронската пријава ќе помине тоа незабележано.