Сакаш да кажеш дека таму кандидатите не се пријавуваат по електронски пат туку директно ги доставуваат документите до факултетите на кои конкурирааат?
Изгледа да Страната што ја имаат за „уписи“ е оваа http://upisi.ugd.edu.mk/ ама тоа е само Е-систем за рангирање на кандидати и никаде во потребните документи не се спомнува елктронска пријава.
Во електронскава пријава кога се ќе се заврши со пополнување и се доаѓа до Поднесување и сега таму го пишува следново: Со клик на копчето ПРАТИ, пријава ќе биде пратена на разгледување од комисијата. Проверете ги податоците пред да ја испратите пријавата. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ и има под 1.2.3...13. и скоро под сите тие бројки пишува испечати Јас треба сите тие да ги печатам или одма можам да стиснам на копчето ПРАТИ ???
И јас тоа се прашувам, инаку кај мене беа 5-6 документи мислам, изјава за неподигање на документи во рок од 3 месеци, пример за уплатница, интерен лист, универзитетски лист и уште таму некој
дали некој ги уплати тие 300 ден. за факултет во својот град ??? некаде прочитав дека и така можело па само ќе однесам уплатница без да се малтретирам по Скопје да плаќам
Што се однесува до електронското пријавување, дали е задолжително за УКЛО, поконкретно за Економскиот во Прилеп, бидејќи таква страна има, ама досега слушнав дека само за УКИМ е задолжително, за УКЛО не сум сигурна... Вртев низ последните 22 страни и не најдов ништо за тоа. И уште нешто, што е тоа со стипендија во прва година ако си во првите 10 кои имаат најдобри поени? Тоа го има ли во Економскиот во Прилеп? И ако го има, како да аплицирам и кога?
На УКИМ го има, за другите универзитети не знам како е, не се аплицира туку автоматски се рангираат најдобрите 10 од секој факултет и првата година се ослободени од партиципација. Конкретно на Економски на УКИМпрвите 10 се секогаш со над 99 поени, само децимали се во прашање
Фала за одговорот. На УКИМ видов и сама дека е многу поголема конкуренција отколку на УКЛО, јас имам 98 поени и нешто, па ако има нешто вакво и на УКЛО, супер Некој друг за електронското пријавување да ми одговори? :geek:
Дали некој од вас знае каде може да се купи пријавата за упис и на која жиро сметка (за Филозофски факултет) треба да се уплатат 300 денари?
А што ако имаш 1 во сведителство од екстерно тестирање ? На електронската пријава уште не ми се внесени оценките, а 1 мислам дека неможе да се пишува. Ако има некој друг со овој проблем нека пише И btw...изводот од раѓање... копија, оригинал или не постар од 4 месеци треба да биде? Тенкс однапред
Луѓе. значи, последен пат прашувам доколку некој знае да одговори....... документи за запишување се : Електронска пријава, пријава за запишување, извод, државјанство, 300 денари, свидетелства од 4 години и диплома. Каква е таа електроснка пријава ? Дали е тоа крајниот интерниот лист ? И, кажете ми тие 5 документи кои излегуваат после пријавата откако ја испратиш, а тоа се изјава за неподигање на документите, интерен лист, универзитетски лист, пример за уплатница и нешто таму за дисперзирани ( што не ми треба), е кои од тие требаат ? За што е интерниот а за што е универзитетскиот ??? Помош ве молам
Тие сите документи кои ти излегуваат на крајот треба да ги пополниш, да ги испечатиш и ги доставуваш заедно со другите документи на денот на уписот. Треба сите да ги имаш, освен тој за дисперзни студии (како што велиш и ти)
Дали некој знае што да пишам во Дополнителни документи или прикачи документ и кај оценките што се дали треба да се пишат оценките по број на пример: 10 петки или само 1 петка,бидејќи лево има као бројач нешто,а да имаше и коментар од апликатнтот за што е тоа ?
Еве ја пополнив пријавата и сега гледам празно место. Јас го отштиклирав тоа за кофинансирање, и сега ми пишува: Во случај да не бидам рангиран согласно основниот избор, согласен сум да се запишам во некоја од другите студиски програми, зависно од вкупниот број освоени бодови, според следниот приоритет: # Значи, нема ништо. А кога селектирав за која студиска програма сакам да се запишам, стиснав на Банкарство и финансиски менаџмент, и ми се појави на левата страна од празната листа и го внесов во десната, и потоа селектирав Сметководство, финансии и ревизија, и другата се избриша, значи како да сум селектирала само Сметководство. И сега не ми е јасно, како да ги ставам студиските програми за да ги рангирам, ако кога селектирам било која се појавува само таа, а не се дополнува на претходната што сум ја селектирала? Тоа не ми е јасно воопшто. Не знам дали сум доволно јасна, ама згора на се, селектирано ми е дека се запишувам на Банкарство и финансиски менаџмент (Прилеп), а ако не ме примат на државна, ќе одам на ??? смер, бидејќи немам втора опција. Помош, некој ???????
Дали некој има повратен одговор или нешто друго за тоа што пратил пријава ? Гледам дека ако си пратил пријава можеш уште еднаш да пратиш не е проблем нигде нема дека е пратено а мене ми напиша дека пријавата е испратена до комисијата за разгледување. Треба некаков повратен одговор или ? Ете ова ми го напиша кога ја испратив
Дали можам утре во сабота да извадам државјанство или морам во работен ден, бидејќи не знам утре дали ќе работи. Да не знае некој?