Ја кога се запишував влегуваа и со по 80 и нешто државна. Не беше толку многу јака конкуренцијата на сметководство. На Економски исто се вреднуваат англиски и математика.
На iknow пополнив се, ама во пријавата за завршено средно тоа ми е празно, од проста причина што никаде претходно нема место каде што треба да го пишам тоа. Помош ?
Еве отворив кај мене кај што има Претходно образование ми пишува тип: гимназиско, јазик: македонски и просек: 60,00, е сеа не се сеќавам дали тоа ние сами го пополнувавме или од Студентски прашања потоа
Сега кај мене тука: тип на образование, наставен јазик и тип на матура... И потоа на крај на пријавата тоа останува празно, а вториот лист што е од пријавата е со шифри на општини низ Р.М и бројче на секое средно училиште...Не знам дали тоа рачно би требало потоа да се пополни
А ја мислев за iknow системот ме прашуваш па затоа го отворив мојот и тоа ти го кажав. Не се сеќавам искрено на тие детали.
Ништо рачно не се додава на таа пријава, како ја принташ - така ја даваш. Рачно се пополнуваат листите од универзитетот од книжара што се купуваат.
Девојки ако знаете лани со колку најмалку поени влегле во државна квота на финансиски менаџмент ве молам пишете ми. И да прашам, при собирање на поените од државната матура, на сите три екстерни предмети оценката се собира со перцентилниот поделен со 20? И што е со оценката од интерниот дел? Само се додава на збирот?
Да прашам вака - нели до пред некоја година имаше трчање за индекси , сликички, студентска книшка итн. при упис? Што е со нив годинава? Да не се деси на 14ти да ме изненадат со др. работи освен документите што ги објавија на сајтот.. И во врска со плаќањето на семестар, се прави при упис или при првите предавања во септември?
Прво пријави се на конкурсот, потоа почекај прелиминарна листа, па конечни резултатит, и околу 30 август се уписи ако си примена тогаш ќе си отвориш на страната на факултетот на кој си примена и ќе ти пишува што документи ќе ти требаат за упис на прв семестар , и што и каде и колку да уплатиш, каде да подигнеш индекс и колку сликички да однесеш. А дотогаш ти држам среќа да те примат на факултетот на кој си аплицирала.
Значи веќе се пријавив електронски и не ги внесов оцените од екстерно што ке се деси ако повторно се пријавам со истите податоци?
одново пријави се, и обавезно внеси ги отценките од екстерно, и прати ги...бројот на пријавата ќе ти е ист, ама податоците нови и одново испечати ги документите кои треба да се поднесат при пријаваување.