Интерен пријавен лист. Кога ќе пополниш се електронски, на крај имаш да симнеш неколку изјави, меѓу кои и пријавава.
Сите пријави се купуваат во книжарата на факултетот. Универзитетска е за цел универзитет значи влага во тие статистики, а интерна за факултетот и сите најдетални податоци се наоѓаат во неа
Епа тие пријавите на сите факултети едни те исти се, ако не ги најдеш на книжарата од твојот факултет, отиди во книжара од некој друг ќе ги најдеш А ако мислиш на обична книжара не знам, да не те излажам ама не верувам.
Значи вака. За уписите потребни ни се една уплатница со 50 денари поштенска марка и 300 денари друга уплатница. Е сега да не знае некој која е жиро-сметката на Филозовски факултет "Кирил и Методиј" во Скопје?
Кои други изјави треба да се испринтаат освен интерниот пријавен лист? Дали треба универзитетскиот пријавен лист или тој се зема од книжарата на факултетот?
Електронската пријава е всушност Интерниот пријавен лист којшто се печати на крајот на апликацијата, така?
Леле скренувам од пријавиве, не знам што им требаше ова со електронсково.. Значи, пополнувам електронски до 15 август најкасно, што принтам??? Гледав видеово ама не ми е јасно. И го принтам го пополнувам, па после што? Какви уплатници? Врска немам
Абе девојче пополнуваш онлајн пријава што е за факултетот и нејзе ја принташ, немој ти празна да ја испринташ па рачно да ја пополнуваш.Потоа има од секој факултет што конкретно треба да се носи при упис.Кај нас беше пријавен лист кој се купува во книжара и за него се плаќа 50 денари административна такса и + документи како диплома, свидетелства и сл. Не ми се верува колку сте неснаодливи, а сте стигнале до факултет.
Е ВАКА ! При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи: 1. пријава за запишување(се купува од факултетот) 2. електронска пријава(бројчето на пријавата + испечатената изјава,интерен и универзитетски лист а за тие дисперзираните и листот за дисперзирани студии) 3. оригинални свидетелства од сите класови 4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование) 5. извод од матичната книга на родените 6. доказ за државјанство на РМ (уверение или решение-не постаро од 6 месеци) 7. потврда за уплатa: - 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата, односно - 500 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет - 1000 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети ++++ 50 денари за административна такса, вратете се наназад една членка има објаснето
У реду е не мора да скренеш, прв пат е ова со електронсково на никој не му е јасно, затоа и тука прашувам, олади. Годинава се запишувам на факултет, не секоја година. Се што ми беше збунка е кои листови да ги принтам? И во која банка да одам? Фала како и да е
Во било која банка оди, а испечати ги сите листови ќе ти требаат освен тој за дисперзирани студии доколку не си на дисперзирани студии
Е да бе прв пат откако јас се запишав секогаш е прво електронско.А плус не скренувам јас само ми е чудно како не сте снаодливи, пролистај ја темата ќе најдеш милион пати има кажано, толку убаво е објаснето на страните на факултетите, само што сакате на готово некој по 100 пати да ви повторува, оти не ви се размислува со вашата глава.